Мицкоски: Се срамам од однесувањето на Талат Џафери и отсуството на реакција на Ковачевски

Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на однесувањето и пцовките на Талат Џафери и отсуството на реакции од страна на владата истакна дека се срами што воопшто познава таков човек поради природата на својата работа .

При денешната посета на општина Кисела Вода во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот" претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на однесувањето и пцовките на Талат Џафери и отсуството на реакции од страна на владата истакна дека се срами што воопшто познава таков човек поради природата на својата работа и нагласи дека со своето однесување Талат Џафери ги навредил мајките на вработените во собранието кои се и Македонци и Албанци и Власи, Турци, Срби и не разбира зошто Ковачевски јавно премолчува и нема реакција.

„Па се срамам што го познавам тој човек вака да ви кажам отворено, се срамам што ете така животот ме натерал да го запознам тој човек и навистина не можам да го разберам што е тоа толку што го држи Ковачевски при уши глув при очи слеп да мора јавно да го премолчува, што е тоа што го има заробено а да го трпи овој срам и ова понижување и тој лично но и граѓаните. Бидејќи таму се навредува мајката на вработените кои што можеби се Македонци кои што се Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци не е битно тој така ја навредува мајката. И тоа така помина. Ниту одговорност, ниту некој нешто кажа, ниту пак медиумите тоа вака морам да признам го ставија на едно високо ниво, ако некој човек има проблем со себе, и со својот нервен систем има посебни институции кои што се грижат за тоа, парламентот и вработените таму не се место каде што некој треба својот нервен систем да го лечи. Така што еве ќе завршам како што и почнав се срамам што воопшто познавам такви луѓе во мојот живот поради природата на мојата работа", нагласи Мицкоски.

Чиле воведе вонредна состојба во регионот на народот Мапуче

Администрацијата на чилеанскиот претседател Габриел Бориќ прогласи вонредна состојба во јужните делови на земјата поради ескалацијата на насилството како последица на конфликтот меѓу државата и домородното население Мапуче.

Британските медиуми пренесуваат дека во насилството досега загинаа неколку лица, меѓу кои и активисти на Мапуче, припадници на безбедносните сили и шумари.

Чилеанската министерка за внатрешни работи, Изкиа Сичес, прогласи вонредна состојба во согласност со Уставот на Чиле, кој на армијата ѝ овозможува да ги чува важните правци и патишта во областите од епицентарот на конфликтот.

-Очигледно е дека во последно време имаме зголемен број на акти на насилство на патиштата и бевме сведоци на напади од кукавици, решивме да ги искористиме сите алатки на државата за да ја обезбедиме безбедноста на нашите граѓани, рече Сичес.

Тој додаде дека саботажите и палењата куќи, камиони и машини се зголемени во последните години во областа што важеше за исклучителен туристички регион.

Неколку групи од народот Мапуче бараат да им се врати земјиштето од предците, на кои во моментов работат шумските претпријатија.

Левичарската влада на Бориќ најавува дека ќе одвои околу 470 милиони долари за проекти за јавни работи во оваа област, заедно со претходно најавените планови за унапредување на враќањето на земјиштето и формирање на Министерство за староседелци.

Новата вонредна состојба е поограничена од онаа што ја воведе претходната влада, а самиот Бориќ изјави дека нема намера да ја обнови на начин што го определи неговиот десничарски претходник Себастијан Пинера, кој неколку пати ја продолжуваше вонредната состојба, но во март беше укината.

Некои групио од народот Мапуче поднесоа судски налог за заштита против Пинера, изјавувајќи дека вонредната состојба е произволна и незаконска.

Министерката Сичес рече дека владата побарала обвинителот да ги истражи криминалните организации и активности, како што се трговија со дрога и кражба на дрво во областа./МИА

Рајан:СЗО загрижена од високото ниво на пренос на корона меѓу невакцинираните во Северна Кореја

Рајан потсети дека СЗО во неколку наврати соопшти дека таму каде што има непроверена трансмисија, секогаш постои поголем ризик од нови варијанти.

Официјалниот претставник на Светската здравствена организација Мајк Рајан изјави денеска дека високото ниво на пренос на коронавирус меѓу невакцинираните луѓе, како што е случајот во Северна Кореја, создава поголем ризик од нови варијанти на вирусот.

-Секако дека е загрижувачки доколку земјите не ги искористат средствата што сега се достапни, рече директорот за вонредни ситуации на СЗО, Мајк Рајан, одговарајќи на прашање за епидемијата во Северна Кореја, пренесуваат британските медиуми.

Рајан потсети дека СЗО во неколку наврати соопшти дека таму каде што има непроверена трансмисија, секогаш постои поголем ризик од нови варијанти./МИА

Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд.

Наместа во јужните делови врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина и над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, во четврток и петок со ниски утрински температури, а дневните од сабота ќе бидат во позначителен пораст. Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи се очекува во недела, велат од УХМР.

притисни ентер