Мицкоски : Се е договорено и нема логика тоа што го вели Заев

Доброволно се прошета Мијалков , нема полиција а има камера. наместо во суд , отиде во обвинителството , рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски рече дека и двајцата имале правда , можеби биле заедно. Се што се трудеше Заев да каже дека институциите функционираат , изгледа часописот Економист бил во право дека функционира хибриден режим.

Сите плаќаме прескапа карта за циркусот што ни го сервираат и наша заедничка обврска е да му ставиме крај на овој хибриден режим .

Уште две седмици Грција останува затворена за државјани на трети земји

На граничните премини, на сите, задолжително им се прави рапид тест, вклучително и на возачите на камионите, при позитивен резултат нема да биде дозволен влез.

Одлуката за привременото ограничување на копнените граници и новите дополнителни рестрикции воведени минатата седмица за граничните премини со Македонија и Албанија, како и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, грчката Влада ги продолжи до 22 март 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Од минатиот понеделник, во сила се построги мерки за граничните премини Евзони со Македонија и Какавиа со Албанија, кои работат од 7 до 19 часот, по локално време, наместо до 23 часот, како што беше претходно, а дневно дозволено е во Грција да влезат најмногу 400 лица, додека пак задолжителен е домашен карантин од 14 дена.

На граничните премини, на сите, задолжително им се прави рапид тест, вклучително и на возачите на камионите, при позитивен резултат нема да биде дозволен влез.

Новите построги мерки, односно брзите тестови при влезот и работното време на граничните премини важат и за транспортерите, нешто што беше причина, во петокот камионџиите од Грција и Македонија да одржат протест на Евзони (Богородица).

Министерската одлука за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната" за да се ограничи ширењето на коровирусот веќе е објавена во Службен весник на Грција и утрово стапи во сила.

Првиот член се однесува на копнените граници на Грција, односно на привременото ограничување на сите копнени (патните и железничките) поврзувања од и кон земјата „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19, како и забрана за влез на лица преку наведените поврзувања, освен ако исполнуваат конкретни предуслови".

За странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето, но и доколку добијат негативен резултат од рапид тестот направен на влезот во Грција.

Од останатите гранични премини што се отворени, односно Евзони (Богородица) кон Македонија, Какавија и кон Албанија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со потврда за претходно направен негативен ПЦР тест и со негативен резултат од брзиот тест на самиот граничен премин направен од грчките власти.

Забраната за влез во земјата не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, за товарните камиони, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

Во истата одлука, во посебен член е и привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од било која влезна точка, на било кој начин и со било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на Ковид-19 на грчка територија", објави МИА.

Исклучок, се државјаните на земјите членки на Европската унија и Шенген зоната и жителите на Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Русија и Израел.

Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.

За сите оние за кои е дозволен влез во Грција, освен негативен ПЦР тест, потребно е да го имаат пополнето и специјалниот формулар PLF (Passenger Locator Form), да бидат негативни и на брзиот тест на граница, а при влез од Македонија и Албанија, односно од граничните премини Евзони (Богородица) и Какавиа задолжителен е домашен карантин од 14, наместо седум дена како што беше досега. /МИА.

ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите покажуваат убедлив пораз на Заев,

Анкетите покажуваат убедлив пораз на Заев, народот се спротивставува на хибридниот режим на СДСМ.

Зоран Заев е исплашен човек. Свесен дека владата му виси на конец, како давеник кој се фаќа за сламка дава предлози за широка влада, за спас на неговата политичка кариера, како и спас за најкриминалната влада.

На криминалецот Заев треба да му е јасно дека нема да се спаси од одговорност за сите штети кои и ги направи на Македонија.

Народот се погласно се спротивставува на хибридниот режим на СДСМ, тоа го покажуваат и последните анкети. Зоран Заев ќе доживее убедлив пораз.

Исплашен од нискиот рејтинг, Зоран Заев преку дворски игри заедно со поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да се меша во ВМРО-ДПМНЕ. Никакви иницијативи позади кои се потврди дека стои директно Заев, нема да му ја спасат владата која и така едвај функционира.

Свесен дека секојдневно расте револтот во сопствената партија како наближуваат изборите, Заев се обидува преку лично храбрење и храбрење на неговите најблиски соработници да купи уште некој ден плус за да целосно ја опустошат Македонија.

Треба да му биде јасно на Зоран Заев дека крајот на неговата политичка кариера му се ближи.

Никакви очајнички потези повеќе не му поминуваат, ќе одговара и Зоран Заев и кликата околу него, ќе лежите во затвор.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Над 512 милиони денари се исплатени на 23.524 субјекти

Над 512 милиони денари се исплатени на 23.524 субјекти, грижата за земјоделците и инвестициите во аграрот продолжуваат.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа и поддршка за земјоделството како клучна стопанска гранка.

Преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплатени се над 512,5 милиони денари на 23.524 субјекти.

Се работи за исплата на директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот, и за оваа мерка исплатени се 411,5 милиони денари.

На сметките на малите земјоделски стопанства кои се дефинирани според историски плаќања за претходните три години, исплатени се 54,5 милиони денари, додека кај сите кои имаат заклани амортизирани несилии во регистриран кланичен капацитет исплатени се над 46 милиони денари.

Во текот на 2020 и 2021 година се доделија 540 договори за набавка на нови трактори, со што 540 земјоделци ќе добијат можност да ја обноват својата механизација за подобра обработка на нивните посеви и за оваа цел одвоени се 206 милиони денари.

Во изминатата година и почетокот на 2021 одобрени се и потпишани 265 грантови за млади земјоделци во висина од 20.000 евра за набавка на опрема за преработка на земјоделски производи, пчеларска опрема, опрема за производство на вино, молзни системи и опрема за фарми.

Во време на криза не изостана и поддршката за земјоделците и агросекторот од ИПАРД програмата.

Во текот на 2020 година и почетокот на тековната 2021, потпишани се 507 ИПАРД договори за инвестиции вредни 1.35 милијарда денари.

Во период од 15 месеци кога беше отежнато работењето и функционирањето на институциите се склучија договори и партнерски однос со над 1280 субјекти за нови инвестиции вредни 30 милиони евра.

Поддршката е реална и неселективна и е достапна до секој земјоделец.

СДСМ останува посветена во заложбите за подобар живот за сите земјоделци.

притисни ентер