Мицкоски: СДСМ немаат програма, единствено што прават е поткуп, како во Битола

„Од власта немаат ниту план, ниту програма. Направиле флаери каде ги нудат истите ветувања пред 4 години и мислат дека народот пак ќе го прелажат. “

„Но, на овие избори и покрај сите притисоци и закани за кои слушнав дека се присутни и овде во Крива Паланка, и покрај бруталниот поткуп сите анкети и бројки покажуваат дека СДСМ убедливо ќе ги загуби изборите. Тоа го знае и Заев, го знаат и тие околу него. Затоа единственото нешто што им преостана е поткупот. Поткупот кој го прават со црни пари, крадени пари од народот, но и до државните пари со кои треба да располагаме сите ние. Пред некој ден објавивме видео снимка каде носат црни вреќи во Битола. Вадат од брендираниот автомобил каде пишува најдоброто за вашата општина мислат дека ќе ги поделат тие пари и дека народот ќе им прости", нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Крива Паланка.

Мицкоски посочи дека тоа се крадените пари на Заев, а еве што прават со државните пари. Денес спротивно на Законот, на седница на Влада Заев доделува државна помош на 160 компании, внимателно одбрани, претежно блиски до власта, на кои ќе им истури неколку десетици милиони евра на само 4 дена пред избори мислејќи дека овие сопственици на компаниите ќе ги земат овие пари и ќе ги убедат вработените и нивните семејства да гласаат за Љупчо Николовски, Зоран Заев и СДСМ.

„И вистинското прашање е зошто Заев поткупува на 4 дена пред изборите, вистинскиот одговор на ова е, затоа што се уплашени, затоа што ако навистина веруваат тоа што го кажуваат дека се најдобри и дека ќе ги победат изборите не им треба поткуп, ама знаат дека на народот му е преку глава од овие криминалци и измамници, укажа Мицкоски

Мицкоски истакна дека од власта затоа влечат очајнички потези во страв и паника од поразот да тргуваат со човечкото достоинство на народот.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

МИОА почнува со активности за усогласување на националното законодавство со ЕУ-легислативата

МИОА почнува со подготвителни активности за усогласување на националното законодавство со ЕУ-легислативата.

Министерството за информатичко општество и администрација започнува со подготвителни активности за усогласување на националното законодавство со ЕУ легислативата и европските стандарди, што е барање кое се наведува и во новообјавениот Извештај на ЕК. Реформите ќе бидат донесени преку консултативен и отворен процес и активностите ќе бидат координирани со сите институции и чинители во областа, се вели во соопштението од кабинетот на министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

Предизвиците наведени во Извештајот, посочуваат од МИОА, ќе бидат адресирани соодветно, и дека справувањето со нив и подобрувањето на состојбите претставуваат цел во нивното работење.

Од МИОА посочуваат дека новиот извештај на Европската комисија за 2021 година нагласува дека целокупниот политички контекст во кој работат медиумите е генерално поволен за промовирање на слободата на изразување и плуралистички гледишта во Република Македонија.

Општиот контекст во нашата земја е поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите, се вели во Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ за 2021 година.

– Професионален и коректен однос кон сите засегнати страни и чинители во медиумската фела е нашиот водич во процесот на реформи во медиумската сфера со цел овозможување на клима за промовирање на слободата на изразување, наведува МИОА.

Украден автомобил од двор на куќа во село Тодоровци

Украден е автомобил од семеен двор во каменичкото село Тодоровци. Како што информираат сопствениците на украденото возило, настанот е регистриран во 5 часот утрото, по што е известена полицијата.

-Украденото возило е „форд фокус" со сива боја и регистарски таблички МК 0927 АВ. Aпелираме доколку некој го забележи да ја извести најблиската полициска станица, истакнаа од семејството чие возило е украдено.

Според неофицијални извори, по грабежот на возилото, забележани се едно женско и две машки лица на надворешните камери кај мотел „Мерак" каде исто така утрово имало обид за кражба.

Од полицијата во Македонска Каменица го потврдија случајот со кражбата на возилото, информирајки дека се трага по сторителот/-ите, за што дополнително ќе информираат. /МИА

Папазов: Ќе изградиме целосна инфраструктура за водоснабдување и одводнување на Пониква

Ќе подготвиме урбанистичка документација за изградба на нови хотелски комплекси, вели Папазов.

Почитувани,

Пониква е гордоста на Кочани, на истата ќе изградиме целосна инфраструктура за водоснабдување и одведување на отпадните води. Ќе подготвиме урбанистичка документација за изградба на нови хотелски комплекси.

Опремата која ја оставивме а сега е во очајна состојба, ќе ја подигнеме и ќе ја ставиме во функција на посетителите на Пониква.

Ќе изградиме нов ски-лифт и нова ски-патека.

Ќе ги асфалтираме сите пристапни патишта до викенд куќите.

Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на општина Кочани

притисни ентер