Мицкоски: Само политички аматер како Заев може да потпише еден таков договор

Само политички аматер како Заев може да потпише еден таков договор во кој историјата ќе биде критериум за напредок на државата за ЕУ, протестите се начин да ја спаси народот државата.

Најпрвин ќе ми дозволите да изразам благодарност до луѓето кои се овде пред платото на Владата, но и оние кои се денес пред платото на зградата на МНР кои на еден мирен, достоинствен начин го изразуваат револтот и несогласувањето со овие погрешни политики предводени од Зоран Заев и Владата која тој ја предводи.

Од друга страна, ќе ми дозволите исто така да се извинам и да побарам прошка од скопјани за сето тоа што можеби во овие час и половина го претрпеа во овој сообраќаен метеж, но молам за разбирање затоа што ова навистина се историски моменти за нашиот народ, за македонскиот народ, за македонската нација и македонската држава.

Ова се моменти кога се одлучува иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да реагираме промптно и одлучно.

Во минатото често пати повторувавме дека не треба да се потпишуваат договори на егзебиционистички начин, договори чија содржина наместо да биде решение ќе претставува проблем. Тоа го зборувавме и кога се потпишуваше Договорот за пријателство и добрососедство со соседна Бугарија.

Морам да напоменам дека ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и другите влади преговарале за постигнување на еден таков договор, но никој буквално ни една влада не се дрзнала да потпишат таков договор со таква содржина, бидејќи доколку вие во договор го ставите проблемот со кој се оспорува потеклото, коренот на вашиот јазик, договор во кој се оспоруваат историските факти, и бидат фактички критериум за понатамошно ваше полноправно членство во ЕУ не е договор.

И тоа никогаш нема да претставува договор кој ќе ја донесе Македонија во рамките на обединета Европа и дел од европското семејство, туку напротив претставува алатка на тие што се внатре континуирано да вршат уцена и терор врз македонскиот народ, врз македонската нација и врз македонската држава.

За жал, тоа не успеа да го види Зоран Заев и само политички аматер може да потпише еден таков договор во кој историјата ќе биде критериум за напредок на државата во процесот на полноправно членство во рамки на ЕУ.

Жалам што денеска ние наместо да зборуваме за вештачка интелигенција, наместо да зборуваме за подобар и по конкурентен здравствен систем, среќни земјоделци, млади кои што овдека во Македонија ќе ја градат својата иднина и луѓе кои ќе сакаат тука да останат. Ние денеска зборуваме за исполнување на елементарното човеково право, а тоа е правото на самоопределување.

Гласот од страна на меѓународната заедница е таков дека работи што не треба да се преговараат, треба да останата надвор од процесот за интеграција на Македонија во ЕУ, како што се идентитетот, обичаите, историјата, јазикот, итн.

За жал овие понизни и сервилни политики на Владата предводена од Зоран Заев не доведоа во една ваква ситуација кога буквално помеѓу асимилација и интеграција. Затоа час поскоро оставка и затоа ги повикувам скопјани и утре со почеток во 15 часот заклучно со 16:30 да ни се приклучат овде пред платото на Владата но и пред Министерството за надворешни работи повторно да го изразиме нашиот револт против овие политики кои што на таинствен начин ги води Владата на Зоран Заев.

Оние преговори за кои Зоран Заев велеше дека се водат на ниво на работни групи, а пак оние гласноговорници на СДСМ поитаа да го демантираат Зоран Заев и да кажат дека нема такви преговори.

Народот заслужува да ја знае вистината, ВМРО-ДПМНЕ заслужува да ја знае вистината. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што денеска во рамките на Парламентот во комисијата за надворешни работи иницираше расправа за заеднички став, за заедничка позиција и консензус во преговорите кои што се дел од овој договор за добрососедство со нашиот источен сосед.

Но за жал од парламентарното мнозинство тој предлог беше одбиен и за жал уште еднаш го покажаа своето лицемерие во полн блесок.

Така што еве сосема на крај ја користам оваа прилика уште еднаш да ги повикам скопјани но и другите граѓани утре да ни се придружат на блокадите овде пред платото на владата но и пред платото на зградата на МНР.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис заедницата, претставници на верските заедници, претставници од академската заедница, од политичките партии, медиумите и граѓанските организации, како и претставници на дипломатскиот кор, соопштуваат од кабинетот.

Согласно исламските верски обичаи, Поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема Шакир ефенди Фетаи ја одржа завршната молитва.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Пендаровски.

Почитуван Реис-ул-улема,

Почитувани поглавари на верските заедници,

Ценети присутни,

Дами и господа,

Ви благодарам што ја прифативте мојата покана да се собереме и заедно да ја споделиме оваа Ифтарска вечера.

Најсветиот месец во Исламот, Рамазан, е време за духовно закрепнување, за обновување на релациите со роднините и пријателите, но и за милост и солидарност кон немоќните. Како што рамазанскиот пост е лично искушение на внатрешно преиспитување на поединецот, така Ифтарската вечера е заеднички чин на социјална правда бидејќи подразбира правење место на трпезата и за оние кои имаат помалку. Тоа е особено важно во време на глобални кризи кои најмногу ги удираат најранливите и најсиромашните.

Но, освен за продлабочување на верата во животот на верникот, Ифтарската вечера е и можност за продлабочување на соживотот во македонското општество.

За нашите предци немало поголема чест од тоа, некој со различна вера од нивната, да ги покани на празнична трпеза. Кога муслиман кани на Ифтар, или кога христијанин подарува велигденско јајце, тоа е начин да каже дека ја почитува твојата различност и те прифаќа таков каков што си. Тоа го правиме и ние вечерва.

Изминативе години и јас бев почестен од многу наши сограѓани ─ муслимани кои ги отворија своите домови и од срце ја споделија со мене и со моите соработници својата трпеза. Споделувајќи ја храната, ние ја споделуваме и човечноста и низ муабетот се потсетуваме дека различниот од нас е човек подеднакво вреден како нас, со слични или идентични животни таги и радости.

Почитувани гости,

Точно е дека имаме различни вери, одиме во различни храмови, читаме различни свети книги. Но, она што нè поврзува е меѓуетничкиот и меѓурелигиски соживот како наша најголема вредност која мораме да ја чуваме и околу тоа нема да правиме компромис. Соживотот не смее да биде жртва на дневно-политички интереси, особено во време на изборни години. Каква било изборна победа на сметка на соживотот би била еднаква на пораз за нашата заедничка татковина Македонија.

Затоа сме вечерва тука, да кажеме дека нема да дозволиме провокации и тензии на таа тема. Тука сме да дадеме пример за сите наши граѓани, дека можеме да живееме заедно и покрај нашите разлики во верските убедувања, како што било од памтивек.

Дозволете, уште еднаш, да ви посакам лесен пост и, во пресрет на Рамазан Бајрам, да ви го честитам големиот празник. Имајте пријатни денови исполнети со среќа, радост и бериќет.

Цистерна удри во најголемиот патнички авион на светот- возачот доживеал мозочен удар (ФОТО)

Ербас А380-861 на Емирати беше тешко оштетен откако противпожарно возило изгуби контрола на московскиот аеродром Домодедово (ДМЕ) во Русија и се заглави под авионот.

Според руската агенција Интерфакс, цитирана од порталот Аеротајм, возилото што се користело за транспорт на вода удрило во авионот на Емирати „откако здравствената состојба на возачот наеднаш се влошила додека возел“.

Дополнителни медиумски извештаи велат дека 59-годишниот возач останал парализиран откако доживеал мозочен удар пред да удри во авионот и бил итно пренесен во болница.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат аеродромско возило заглавено под Ербас А380 додека долната страна на трупот е тешко оштетена.

Авионот на компанијата со седиште во Дубаи, регистриран како A6-EDM, сериски број 042, стар 14 години со 489 седишта во три класи, требаше да полета од Москва за меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) на 28 март 2024 година во 16:25 часот по локално време , но тој лет бил откажан по инцидентот.

Руското меѓурегионално транспортно обвинителство во Москва истражува и потврди дека се проценува претрпената штета на А380. Поради инцидентот ќе биде формирана специјална комисија во Обединетите Арапски Емирати.

Според проценките објавени на каналот Aviaincident на мрежата Телеграм, аеродромот Домодедово би можел да плати до една милијарда рубли (околу 11,3 милиони евра) за штета на најголемиот патнички авион во светот (во зависност од конфигурацијата, авионите од овој тип можат да носат до 840 патници).

Треба да се процени и штетата која и е нанесена на компанијата со откажувањето на летовите на овој авион кој беше во секојдневни ротации кон Москва, но и кон Цирих.

притисни ентер