Мицкоски: Продолжува окрупнувањето на десничарската проопозициска структура - ФРОДЕМ преминува во ВМРО-ДПМНЕ

За мене претставува посебна чест и задоволство еве да соопштам дека уште една десничарска проопозициска структура во Македонија се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е ФРОДЕМ.

Како што и претставникот самиот кажа препознавајќи ги политиките на новото раководство, а потребите на новото време за обединување на опозицискиот фронт ФРОДЕМ одлучи во иднина да дејствува во рамките на структурите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

Јас сум исклучително среќен што изминативе неколку недели можевме искрено, пријателски, братски да поразговараме за проблемите кои што заеднички ги идентификувавме. За истите тие проблеми се обидуваме да најдеме заеднички решенија бидејќи не треба да ги гледаме работите само од денеска за утре, туку треба да ги гледаме работите и така да им приоѓаме стратешки, визионерски.

Ценам дека ова окрупнување на опозициските партии во иднина ќе продолжи. Состојбата во Македонија е би рекол на ниво национална катастрофа, катаклизмична и алармантна, ова не го зборувам само со цел да звучам како опозициски лидер, туку едноставно го зборувам како човек. Не може да најдеме и да издвоиме на кое поле Македонија е денеска држава која што блеска, како што тоа мафијата во владата љуби да го каже. Буквално во економијата, во здравството, во образованието, културата, спортот, буквално на секој план ние денеска тонеме се повеќе и повеќе на дневна основа.

Затоа ги повикувам сите оние кои што гледаат политички противник во мафијата на власт, да ни се приклучат заеднички да се бориме против криминалот, корупцијата, понижувањата, омаловажувањата, срамот кои што се присутни веќе четврта година на македонската политичка сцена.

Оттука да завршам, огромна благодарност до господата од ФРОДЕМ кои што одлучија да надминат голем број од бројот на проблемите кои што беа присутни во минатото, да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ и заеднички да се бориме за една подобра и посреќна Македонија и за една заедничка иднина во Македонија.

Христијан Мицкоски - Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Вучиќ: Ќе ги победиме мафијашите, тоа им го гарантирам

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и се обрати на јавноста преку Инстаграм со порака дека „државата ќе ја победи мафијата, без оглед на личните, политичките и какви било други последици“.

„Додека се боревме за подобар животен стандард, додека се боревме за Косово, за подобар здравствен систем за да можеме да лекуваме луѓе, некои во меѓувреме сметаа дека најисплатлива работа е да бидат мафијаши, да убиваат луѓе, да киднапираат наши граѓани, но ќе ги победиме, им гарантирам без оглед на личните, политичките и какви било други последици “, истакна Вучиќ во видеото.

Српскиот претседател рече дека „Србија во 2012, 2013 и 2014 година се бореше против тајкуните кои ја ограбуваа земјата и сакаа да ја уништат и кои успеаја во тоа“.

"Ја обновивме земјата. Денес, Србија е прва во Европа според стапката на раст, платите растат, пензиите растат, луѓето живеат подобро", заклучил Вучиќ.

Германец ги прскал луѓето со лут спреј ,зашто не одржувале дистанца

71-годишен Германец премногу сериозно го сфатил правилото за физичко растојание и ги прскал минувачите со спреј за самоодбрана базиран на лута пиперка, соопшти германската полиција.

Тој прво испрскал група џогери, а потоа и двајца велосипедисти во западниот град Ахен, се вели во полициското соопштение, додавајќи дека нападите биле извршени „без предупредување“.

Велосипедистите, брачна двојка на возраст од 51 и 49 години, успеале да го избегнат спрејот и застанале да повикаат полиција.

Човекот и рекол на полицијата дека нема друг начин да им покаже на другите да се придржуваат кон воспоставените мерки за борба против ширењето на коронавирусот.

Тој е обвинет за предизвикување сериозни повреди и опасно попречување на сообраќајот.

Ахен е еден од најголемите урбани центри во Германија кој во моментов е класифициран како област со висок ризик поради високата стапка на заразени.

Најмалите француски модели заминуваат во историјата

По раскинувањето на ,,бракот” со Тојота, групацијата ПСА одлучи да го прекине производството на своите супермини возила.

Одлуката е конечна, а тоа значи дека Citroen C1 и Peugeot 108 заминуваат во историјата. Иако нема потврда, Ројтерс дознава за ова од три различни извори, а причината е една - парите. Имено, супермините се товар само на производителот, тие не носат профит и нивната популарност опаѓа. Со поригорозните стандарди за емисија на штетните гасови, ќе мора да направат модификации на моторот, но и да инсталираат скапи системи за филтрирање на издувните гасови, што дополнително би ја зголемило цената на автомобилот.

Добрата вест е дека постои шанса за еден вид наследник. По обединувањето со FCA, можно е Французите да му го препуштат развојот на најдобрите во А сегментот - Fiat. Панда, а особено 500 се имиња кои се наоѓаат на европските патишта со децении.

притисни ентер