Ги повика партиите кои номинираа свои претставници во работното тело да се прозинесат и јавно да кажат за што се разговара на состаноците, а властите да ја достават инцијативата за отворање на уставот во Парламенот. Уште еднаш повтори дека уставни измени во овој парламентарен состав нема да има... одејќи и чекор понатаму дека под овие околности нема да се случи промена на Уставот дури ни во идниот собраниски состав. Останува на ставот за менување на Преамбулата единствено по хрватски терк.
„Токму на информациите кои доаѓаат од истата таа работна група, од луѓето кои што тоа го зборуваат надвор од официјалниот дел од работата на таа, така наречена, работна група, преамбулата да биде променета и да биде, практично, Македонија редефинирана како држава на два народи, етнички заедници и потоа малцинства. Во три столба ги градираат сите наши сограѓани и тоа е дојдено како информација директно од работната група“, рече Мицкоски.
Во однос на барањата на кои се уште иснтистираат дел од албанските партии формулацијата „20 проценти“ да биде заменета со „албански јазик“ во Уставот, Мицкоски негира дека разговарал со лидерот на Алијанса, Таравари само на оваа тема, туку во пакет со прашањата за примената на бадентерот во Собранието и балансер при вработувањата во админстрацијата.
„Ова е еден поширок опфат за којшто сме разговарале и јас сум против Македонија да биде дефинирана камо бинационална држава. Официјален јазик во Македонија е македонскиот јазик и има причина зошто за време на Рамковниот договор е дефиниран тој праг од 20 проценти, затоа што на тој начин се овозможува и на останатите етнички заедници во општините каде што надминуваат 20% како што се бошњачката, српската, турската, ромска да можат официјално да си го користат својот јазик во тие средини каде што надминуваат 20 проценти“, порача Мицкоски.
Од владеачката СДСМ, пак, остануваат на ставот дека твдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно редефинирање на државата, се само неболузи со кои опозицијата се обидува да ја замајувува јавноста.