Мицкоски: Постои коалиција на криминалот Заев, Мијалков, се договорија да избега

Постои коалиција на криминалот Заев, Мијалков, се договорија да избега, мафијата и владата мора да падне, оставка на Спасовски веднаш .

Правда во Македонија нема, затоа што си имаме работа со МАФИЈА.

Ова не е претежок збор, туку комплетно отсликување на реалноста.

Денес криминалците и власта се едно. Нема разлика.

Кој одговараше досега за криминал, е вистинското прашање?

А, одговорот е буквално никој.

А, тоа е така затоа што мафијата има своја држава. Ако до вчера бевме најкорумпираната држава во Европа, од денес или да бидам попрецизен од вчера ние ќе бидеме најкорумпираната држава во светот.

Ова е срамота и на ништо не личи.

Државата ја приватизираа Зоран Заев и пријателите. Функционира коалицијата на криминалот Заев, Вице и Сашо.

Собрани се на купче. На едно место, соединети се со магнет, а магнетот се парите, желбата за власт и моќта да контролираат се, а притоа да не одговараат.

Ја погребаа правната држава. Дозволија да им избега пред очи, затоа што така се договорија. Оваа криминална коалиција функционира вака поради заробените институции. Сите на купче без институциите кои што ги заробија, се обични кукавици.

Кога ја нацртав линијата во ВМРО-ДПМНЕ дека компромис со криминалот не правам, тие што се така научени веднаш се соединија со тие што прават криминал. Затоа најдобар пријател на Зоран Заев станаа т.н. иницијатори. Доброто е што се собраа сите на едно купче, лошо е што хараат по државата и ја пљачкосуваат. Додека МВР на Оливер Спасовски пишува казни на народот и се фали секое утро колкави казни и колку казни напишале на народот за неносење на маска, Сашо Мијалков го пуштија да им избега со милионите. Ама и на овие арамии им доаѓа крајот.

Тоа купче кое е мафија цели четири години прави брутални хајки врз мене како личност, и врз луѓето во ВМРО-ДПМНЕ кои се на исправната страна. Бев, сум и претпоставувам се уште ќе бидам предмет на медиумски линч овие четири години. Ама се што е вештачки и невистина распукува, слично како и бетонот на Зоран Заев кој наеднаш стана прашина.

Заев, тоа купче на уценувачи и уценувани чиј што лидер си ти и кое ти вршеше работа за пресметки во ВМРО-ДПМНЕ, за креирање на вештачки раскол, за наводно слабеење на опозицијата, а за возрат му даваше поддршка, и му ветуваше да не се соочи со правдата стана сега твој тег на ногата. Твој срам, и твоја работа. Денес те потонува длабоко во калта и тебе и твојата власт и за жал што е најголема жал и трагедија, ја тоне Македонија. Затоа ние имаме обврска Македонија да престане да тоне. И затоа мојата, нашата борба против тебе и твојата мафија ќе продолжи со уште пожестоко темпо.

Никогаш ама баш никогаш, не сум правел компромис со криминалот, затоа и знам дека овој пат по кој го водам ВМРО-ДПМНЕ е толку трновит и тежок. Но и затоа ќе победиме заедно со народот.

Дадовме 24 часа, вашата истрага, криминалната истрага да даде резултат. Ама договорено ви е. Договорено ви е, и вчера душата ми се параше кога ве гледам како се препелкате пред ТВ екраните. За жал Спасовски не најде храброст да излезе и да им се обрати на граѓаните. И затоа денес Заев не смислувај изговори. Целиот наш народ очекува детално објаснување. Јавното обвинителство, Судот, МВР се должни да дадат јасни одговори на сите прашања за овој случај.

Нема компромиси со правдата и одговорноста. Одговорност мора да има бидејќи граѓаните ја бараат правдата и правдата мора да се обезбеди.

Ништо добро не сте способни да направите. Се упропастивте. Не можете да обезбедите вакцини сите ни се смеат, не можете да направите кредибилен и статистички попис, не можете да направите реформи во образованието, не втурнавте во рецесија, не можете да одржите седница во Собрание затоа што не можете да обезбедите мнозинство. Македонија е во политичка криза. Македонија поради вас стана држава со која што сите се потсмеваат.

Секој ден Заев како премиер, подразбира дека кризата се продлабочува, а народот и државата ќе продолжат да губат. Затоа време е мафијата да биде поразена, и ќе биде поразена.

И не сакам ни да размислувам за тоа кога да се даде оставка на Оливер Спасовски. Тоа се подразбира и тоа требаше да се случи уште вчера додека Заев смислуваше изговори што да каже и што да лаже за овој скандал. Спасовски ќе остане запаметен како најенергичниот бранител на криминалот на чие чело е Заев. Но неговата оставка не е доволна. Уште поважно потребна е оставка на целата Влада веднаш. Формирање на експертска Влада која ќе има задача да го стопира слободниот пад на државата, и заедно со локалните да организира и парламентарни избори. Само така ќе дојде и правдата и оваа мафија ќе биде изведена пред лицето на правдата.

Ја користам оваа прилика сите оние пратеници во парламентот без разлика дали се од политичките партии од опозицијата и власта без разлика дали се од СДСМ, или партиите кои што се во коалиција со СДСМ да не бидат соучесници со мафијата, да излезат и да се охрабрат и да кажат доста е. Време е за нова Влада. Време е за техничка Влада. Не го правиме ова за власт, за моќ, за пусти пари. Ова го правиме за нашите деца, за нашите внуци. Не е важно кој ќе ја предводи Владата, само оваа мафија да ја нема, а потоа да одговара. Важно е да направиме техничка Влада која што овие неколку месеци до локалните избори ќе подготви терен за кредибилни, фер, а не мафијашки избори каде што стравот, притисоците, заканите, уцените, кеш парите ќе бидат главната алатка за анимирање на гласачи.

Да ја ослободиме Македонија од оваа мафија. Излезете, охрабрете се. Застанете заедно со народот, да ја поразиме мафијата. Да изгласаме недоверба на оваа Влада, а потоа заедно, заедно сите ние да избереме Влада на чест, Влада која што ќе се бори за овој народ, за граѓаните на Македонија. Влада која што ќе обезбеди тоа што овие мафијаши не можат да го обезбедат, а тоа е достоинствен живот, тоа е она кое што денеска е потребно и на Македонија, и на народот во Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, Еѓипкани. Денеска ни е потребна Влада која што ќе ја спаси Македонија од канџите на оваа криминална коалиција.

Доста е од неспособност, доста е од корупција, доста е од корумпирани политичари. Да ставиме крај сите заедно на срамот. Веднаш оставки, вие, вие кои што го создадовте срамот. Оставка на Владата веднаш!

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

Се зголемува „Европскиот фронт“ на ДУИ

Се зголемнува Европскиот фронт на Ахмети.  Денес интергративците портпишаа договор за заеднички настап на изборите и со Движење на Турците за правда и демократија. 

Уште една турска партија се приклучи на Европскиот фронт на Ахмети. Отако потпишаа договор за предизборно коалицирање со Демократска партија на Турците, денеска интегративците ја официјализираа и соработаката со Движењето на турците за правда и деморкатија, чиј лидер Сулејман Баки ќе ја предводи пратеничката листа на ДУИ во ИЕ3. Од ДУИ се надеват дека со неговото номинирање за првпат ќе добијат пратеник во оваа изборна едница.

Откако вчера кон фронтот на Ахмети се приклучи и крилото на Села од Алијанса за албанците, кој порача дека очекува најмалку пет пратенички места на листите, Ахемти денеска потврди и дека токму Села ќе биде носител на листата во ИЕ5, а соработката ќе ја официјализират утревечер во Гостивар.

Вчера кон Европскиот фронт се приклучи и Унијата на Ромите на Курто Дудуш, а досега кон европскиот фронт на Ахмети се приклучија и ДПА на Мендух Тачи, Европската демократска партија на Арјанит Хоџа и Народното движење на Скендер Реџепи Зејд.

Уапсен е полицаец кој споделувал информации од истрагата за исчезнатата Данка (2)

Полицаец од полициската управа во Бор е уапсен поради давање информации за исчезнатата Данка Илиќ (2), соопштија за „Телеграф.рс“.

Не се знае кому дал информации од истрагата.

Тој не го поминал полиграфот.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

Данка Илиќ исчезнала на 26 март годинава, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето во 13 часот и 45 минути.

Данка се уште не е пронајдена, а МУП бара да не се шират лажни информации.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, се уште е во полиција во Бор, објави Телеграф.

притисни ентер