Мицкоски: Постигнавме договор со германски туроператор за носење на 35.000 туристи годишно

Тие имаат намера да развиваат културен туризам и да ние ги покажеме нашите културни капацитети коишто ги имаме.

„За нас претставува големо задоволство што можеме денеска да кажеме дека во Владата, компанијата „РСД“ од Германија којашто овдека преку својот сопственик, г. Христијан којшто пред мене зборуваше и даде краток вовед за тоа што тие планираат да направат тука кај нас во периодот којшто следи.

Имавме можност да разговараме и како Влада да ги поддржиме нивните планови, бидејќи ние секако како Влада имавме главна стратешка цел да го подржуваме туризмот и тоа беше еден од причините да туризмот го поврземе со министерството за култура, тоа што го кажа и претходниот говорник дека практично тие имаат намера, а добрата вест е што таа намера е веќе потврдена и во реалност и туристите почнуваат да доаѓаат од овој февруари, околу 35.000 туристи надвор од сезоната ќе ја посетуваат Македонија како реализација, односно како организација на оваа туристичка агенција.

Тие имаат намера да развиваат културен туризам и да ние ги покажеме нашите културни капацитети коишто ги имаме како што е Градот Охрид, потоа Скопје како главен град, потоа меморијалниот центар „Мајка Тереза“ и останати културни знаменитости коишто претставуваат наша карактерна особина како држава, бидејќи Македонија има многу такви места со коишто може да се гордее, но она што е важно да се напомене е дека самата агенција „РСД“ има повеќе од 1 милијарда евра годишен обрт и таа покрај туризмот се занимава со други области како што се маркетингот, телекомуникациите, енергетиката, хотелиерството итн., значи претставува една голема сложена групација.

Од овој февруари ќе започнуваат да носат по еден практично авион секој ден туристи коишто ќе доаѓаат од Германија, од Франција и од Велика Британија, тоа би значело дека според просекот којшто досега е направен врз искуствата во минатите години работа на оваа компанија, тоа би значело дополнително околу 30 милиони евра директни трошења овде кај нас од страна на овие гости коишто ќе не посетат или заедно ако тука го вкалкулираме и сместувањето и останатите трошоци, превозот и слично, можеме дури и да дојдеме и до бројката од 50 милиони евра.

Овие 35 илјади гости практично ќе бидат на балканска тура, таа балканска тура започнува со едно ноќевање во Скопје, потоа продолжува во Црна Гора, Албанија, потоа во Охрид каде што исто така ќе има ноќевање и завршува со две ноќевања дополнителни во Скопје, што значи 4 ноќевања во Македонија или вкупниот број на ноќевања на овие 35 илјади гости коишто ќе доаѓаат годишно на почеток, планот е да ги дуплираме тие чартер летови, да бидат два и три но тоа ќе зависи од нас, бидејќи гостите имаат и свои побарувања во делот на квалитетот на сместувачките капацитети, треба и ние како држава да подржиме таков тип на сместувачки капацитети коишто ќе бидат атрактивни за овој тип на гости, коишто би биле во поголем број односно би ги дуплираме, па и ги триплирале во годините коишто следат, но овие 35 илјади гости бројот на ноќевања коишто ќе ги имаат претставува практично од 10 до 15 проценти од вкупниот број на ноќевања коишто ги остваруваат странските гости во овој момент кај нас. Што значи ние ќе имаме додадена вредност од само една туристичка агенција од 10 до 15 проценти повеќе споредено со тоа што е состојбата во овој момент.

Јас навистина можам да го кажам задоволството од страна на Владата, бидејќи сепак да имате директна кеш ликвидност во економијата од околу 30 милиони или вкупно заедно со сместувачките капацитети, со транспортот, од 50 милиони годишно и да имате 140 илјади нови ноќевања тоа навистина претставува значителен успех и ние како држава преку програмите коишто веќе ги имаме воспоставено планираме ова сериозно да го поддржиме и во периодот којшто следи да го зголемиме, зошто да не го дуплираме или триплираме.

Така што уште еднаш сакам да го изразам моето големо задоволство и ова кореспондира со нашата цел да ги споиме секторите туризам и култура, бидејќи според анализите коишто ние ги имаме направено, претходно додека бевме во опозиција и сега како Влада, можам да кажам дека огромен број од туристите коишто доаѓаат од надвор и коишто ја посетуваат Македонија се практично туристи коишто сакаат да ги видат културните знаменитости на државата.

Така што еве тука би завршил. Од февруари да им посакаме добредојде на овие по еден авион секој ден, односно отприлика 190 гости секој ден, а понатаму да работиме овој број да го дуплираме, триплираме овие 50 милиони да станат 100, 150 милиони евра што значително ќе претставува додадена вредност во нашиот туристички сектор, но и во економијата во целина“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

ПСЖ ќе се обиде да го привлече Салах со тригодишен договор

Пари Сен Жермен ќе се обиде да го искористи тоа што договорот на Мохамед Салах со Ливерпул истекува на крајот од сезоната, а во моментов нема информации дека Египќанецот е блиску до нов договор со „црвените“.

Клубовите од Саудиска Арабија се обидуваат да го убедат Салах да се приклучи на локалната лига, но според „Сан“, 32-годишниот напаѓач претпочита да остане да игра на највисоко ниво во Европа.

Пари Сен Жермен планира да му понуди тригодишен договор, што е долг договор за играч на негова возраст. Сепак, Салах од почетокот на сезоната покажа дека се уште е во врвна форма, а на „Парк де Пренс“ веруваат дека вака ќе биде уште неколку години.

Според „Сан“, раководството на ПСЖ сака да донесе нова голема светска ѕвезда откако клубот во последните години го напуштија Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.

Салах има постигнато пет гола на девет натпревари од почетокот на сезоната. Медиумите на Островот се убедени дека Ливерпул сепак ќе му понуди нов договор, но тешко дека под финансиските услови со кои ПСЖ и клубовите од Саудиска Арабија ќе го примамат.

Николов и Стерјовски на средба во МНР на Канада

Николов и Стерјовски на средба во МНР на Канада, побарале осуда на антимакедонските постапки на Бугарија.

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов и Васил Стерјовски, македонски активист за заштита на човековите права од Албанија и претседател на Македонската алијанса за европска интеграција - МАЕИ, оствариле средба со Џули Клотие, заменик директорка за европски и евро-азиски прашања на Министерството за надворешни работи на Канада.

- На средбата, Николов објасни дека сме сведоци на драматичен пораст на анти-македонски постапки на Балканот, кои произлегуваат од принудното менување на името од страна на Грција, кое ни беше илегално наметнато од страна на САД и режимот на поранешниот македонски премиер Зоран Заев, кого САД го инсталираа во Македонија. Се вршеше масовно кршење на меѓународното право и македонските закони и човековите и граѓанските права и слободи со цел илегално да се наметне крајно навредливото име „Северна Македонија“, кое беше измислено за да се избрише македонскиот идентитет, култура и историја, во замена за повлекување на грчкото вето за приемот на Македонија во НАТО, што ни беше наметнато од САД, информираа од ММДЧП.

Додал дека западните земји, вклучително и Канада, ги „поддржуваа грчките барања и им дадоа слобода на Грциј, Бугарија и Албанија да ги спроведат своите политики на негирање на македонскиот идентитет, и експоненцијално да го засилат кршењето на човековите права на Македонците“.

-Бугарија ги интензивираше своите напади врз Македонците во Бугарија, вклучително, меѓу другото, со напад врз културниот центар во Горна Џумаја, активности на тајната полиција и апсење на учесници на македонски собири и со експлозијата на анти-македонски говор на омраза од страна на бугарските политичари и медиуми, посочил Николов.

Понатаму, како што објаснил Стерјовски, Бугарија ги проширува своите анти-македонски активности и во Албанија, каде бара - и добива - поддршка од албанската Влада во своето тврдење дека македонското малцинство во Албанија одеднаш станало „бугарско“. Ова се прави во замена за бугарска поддршка за приемот на Албанија во Европската Унија.

- Како што истакна Стерјовски, кој воедно беше прв пратеник во албанскиот парламент, кој јавно се декларира како Македонец, Бугарија го злоупотребува своето членство во Европската Унија, и користи разни методи за да ги асимилира Македонците и да произведе „бугарско“ малцинство во Албанија. Информираше дека Бугарија поттикнува албански граѓани да извадат бугарски пасоши - за кои им наплаќа илјадници евра - со што ќе ги добијат привилегиите на државјанство во Европската Унија. Бугарија потоа овие луѓе ги прогласува за „етнички Бугари“, стои во објавата на движењето.

Нагаласил дека Бугарија неодамна испратила високи претставници во Албанија, кои „отворено се мешаа и провоцираа со своите анти-македонски постапки, и извршија масовно мешање во пописот што Албанија го спроведе во 2023 година“. При овој попис, двете земји се здружија со цел, за првпат во албанската историја, на еден попис Бугарите да се појават како малцинство. Сите малцинства во Албанија здружено го осудија пописот и побараа да се спроведе нов попис, со меѓународни набљудувачи.

-Николов ги осуди двојните стандарди на Западот кој селективно ги применува мерките за заштита на човековите права и не само што ги изостава Македонците, туку и намерно ги крши човековите права на Македонците. ММДЧП и МАЕИ ја повикаа Канада да ги осуди Бугарија, Албанија и Грција за нивните анти-македонски постапки, да побара итно враќање на името на Македонија и да загарантира еднаков третман и заштита на човековите права на сите Македонци, се нагласува во објавата на ММДЧП.

Мицкоски: Судот од Стразбур вели 14 пресуди за прекршени права на македонците, ние имаме „0“

„Бугарското малцинство кај нас ги ужива сите можни права“

Договореното е тоа што е потпишано, мене на памет не ми паѓа да давам гаранција дека ќе испорачам нешто за кое не сум сигурен. Бугарското малцинство кај нас ги ужива сите можни права, ако некој политичар вели дека им се загрозени правата за тоа треба да има докази. Судот од стразбур вели има 14 пресуди за прекршени права на македонците во бугарија, ние имаме „0“. Каде пишува дека треба да го промениме уставот, ако патот кон ЕУ е континуирано прифаќање на билатерални отстапки тоа е диктат и нема врска со европските вредности. Јас не верувам дека е исправно, не постојат аргументи, затоа велам, ајде да ги поминеме но амандманите да важат кога бугарскиот парламент ќе даде зелено светло. Или ќе правиме држава врз основа на нашиот национален интерес или да бидеме држава за потсмев. И ние не сакавме да го прифатиме преговорот од Преспа, еве ние направивме се што требаше сега вам ви е ред, уморни сме од уцени. Сигурен сум дека ќе направиме се од себе нашата држава да ја направиме добро место за живеење. Тој е билатерален договор и ако се злоупотребува може да го напуштиме. Да, направивме измени во историската комисија, зошто да соработуваме со луѓе во кои немаме доверба? Ние мораме да бидеме добри соседи, ако се напаѓаме за средниот век нема да излеземе од ова мочуриште, мора сега да ги решиме. Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое што не испорачаа. Не засрамија и ги засрамија во ЕУ. Знаете мене што ми велат таму сите соговорници? Ми велат ние го поддржувавме тоа затоа што вашите не убедуваа дека ќе испорачаат по принципот на Преспа за уши ќе влечеле пратеници и ќе обезбеделе 80. Еве не успееја. Ако некој очекува дека оваа Влада или мене да прифатам нешто за кое што сум бил принципиелно против, бидејќи сум имал аргументи, а не зошто сум инаетлив, тогаш мислам дека погрешно очекува.Европските вредности се силни институции, европските вредности се добрососедски односи, чесни односи, пријателски односи, изјави тој и додаде дека доколку Брисел сака Македонија да е во Европската унија, тогаш постои начин, рече премиерот Христијан Мицскоски во Само Интервју.

притисни ентер