Мицкоски: Подготвен сум да разговарам со сите партии, услови не прифаќам

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека во деновите што следат ќе се отворат преговори со сите политички субјекти, по што ќе се види како ќе се одвиваат работите за формирање нова влада. 

Тој рече дека е подготвен да разговара со сите политички партии, но оти тоа нема да го прави под уцена и условување.

-Подготвен сум да преговарам бидејќи кредибилитетот кој го носи ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е најголем, но она што не сум подготвен да преговарам е условот. Јас под диктат не работам, рече Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали би го прифатил условот на ДУИ за премиер Албанец.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да каже дали вчеравечер контактирал со некој од лидерите на партиите од албанскиот блок.

-Не направивме предизборна коалиција со политичките партии од албанскиот блок, но не значи дека нема да направиме постизборна коалиција. И во 2016 и овој пат, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе пратеници од коалицијата на СДСМ. Додека народот ја дава поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се бориме за народот, додаде Мицкоски.

Во врска со предлогот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за меѓусебна поддршка со пратеници за евентуално формирање влада, Мицкоски потенцира дека нема намера тоа да го направи.

-Јас како што кажав и за време на предизборна кампања со луѓе осомничени за криминал немам намера да коалицирам, истакна тој.

Прашан дали е запознаен со тоа дека се појавиле одредени информации за несогласување на резултатите од записници од одредени гласачки места со оние објавени на ДИК за истите места, рече дека за тоа разговарал и со претседателот на ДИК Оливер Деркоски.

-Има повеќе такви случаи. Разговарав со претседателот на ДИК. Врз основа на тој разговор што го завршив со него добив уверување дека се прегледува записник по записник и дека во текот на денот ДИК ќе излезе со конечен став бидејќи вчера биле цел на хакерски напад. Од она што ми го кажа денеска попладне по разгледување на сите записници ќе има јасна претстава за резултатите, истакна Мицкоски.

Најави дека правна комисија на партијата работи на евентуални приговори за кои има рок од 72 часа да се достават до Комисијата, и оти до вечер или до утре ќе се знае дали и на кои места партијата ќе поднесе приговори.

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање истакна и дека резултатите говорат оти политичарите го разочарале народот, но оти за тоа биле свесни и претходно во кампањата.

-Народот е разочаран од политичарите тоа го зборував и во кампањата. Сите треба да извлечеме поука и повеќе да не го разочаруваме. ВМРО-ДПМНЕ и јас лично ќе направам сериозна и детална анализа во кои делови лично јас и партијата сме го разочарале. Ќе се корегираме и ќе видиме како ќе се одвиваат настаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. /МИА

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, July 16, 2020

Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

-По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот. /МИА

Тајрис Макси е играчот со најголем напредок во НБА

 Како што се ближи крајот на натпреварувањето во НБА лигата, така се повеќе се зборува за индивидуалните награди. Првата веќе пристигна.

Кошаркарот на Филаделфија, Американецот Тајрис Макси е добитник на наградата за играч кој најмногу напредувал во изминатиот период, објавено е на веб-страницата на НБА.

Мекси (23) доби повеќе гласови во финалниот избор од Коби Вајт од Чикаго и Алперен Шенгун од Хјустон. Наградата се доделува од 1985 година.

Минатата сезона победник беше Лаури Марканен од Јута, а меѓу оние кои досега ја освоија оваа награда се Горан Драгиќ, Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ, Трејси Мекради, Зек Рендолф, Хидает Туркоглу итн. /MИА

Де Бруин ќе му се придружи на Роналдо ова лето?

Манчестер Сити не успеа во мисијата да ја одбрани тројната круна. 

Во четвртфиналето на Лигата на шампионите беа поразени од Реал, но затоа Сити се уште е во конкуренција за двојната круна во Англија и шестата шампионска титула во последните седум години.

Сепак, ова лето Манчестер Сити би можел да остане без својот најдобар играч Кевин де Бруин.

Фантастичниот триесет и тригодишен Белгиец под водство на Гвардиола освои се и остави голема трага во Премиер лигата.

Актуелниот договор на Де Бруин истекува во летото 2025 година, а саудиски Ал Наср сака да ја искористи таа ситуација. Белгиецот моментално вреди 60 милиони евра на пазарот, но доколку клубот на Роналдо го сака играчот на Манчестер Сити, ќе мора да плати многу поголема отштета.

Во Манчестер Сити Де Бруин заработува околу 21 милион евра по сезона. /МИА

притисни ентер