Мицкоски: План за справување со енергетската криза

План за справување со енергетската криза, двојно поевтина струја, за спречување на инфлацијата и зачувување на работни места.

Благодарам најпрво на интересот, денеска со тимот, претставници на највисокото раководство на партијата вклучително и голем дел од градоначалници имавме состанок со раководството на Сојузот на стопански комори на Македонија. Разговаравме за актуелната состојба во државата, предизвиците со кои што се соочува бизнисот и дојдовме до заклучок дека состојбата е алармантна.

Наш заклучок како политичка партија е дека во овој момент работите се некако ставени на стихија. Понижувањата и коленичењето и молењето по околните држави па и тие во поширокиот регион стануваат безмислени и навредувачки за македонските граѓани бидејќи судбината не ја контролираме самите туку е во рацете на други околни држави, па и оние подалеку во регионот. И во име на тоа донесовме заклучок на овие средби со бизнис заедницата дека полека но сигурно оваа безидејност во енергетиката и енергетската криза која што веќе е сеприсутна кај граѓаните и бизнисот полека но сигурно се трансформира во финансиска криза, а доказ за тоа е цунамито финасиско кое што владата вчера ни го приреди со оној заем кој што во наше име го зема друга банка на друга држава, со катастрофални услови.

Во име на тоа изминатиов период разговаравме, планиравме, креиравме решенија, се консултиравме и со останатите стопански комори, можам тука да кажам дека ја консултиравме и нашиот план го претставивме пред раководството на Стопанската комора на Македонија, не само пред денешната Сојуз на стопански комори, предлогот кој што предвидува ставање во функција на сите производни домашни капацитети, а притоа ги ставаме на располагање сите контакти кои што ги имаме надвор од земјата во Европа и пошироко да обезбедат ресурс, доволен да производните капацитети обезбедат електрична енергија која што ќе биде за бизнис заедницата, ќе повторам за стопанството која што ќе биде двојно поевтино, најмалку двојно поевтина потенцирам поевтина од таа која што денеска стопанството ја плаќа споредена со референтната берза HUPX која што милува власта да ја каже, ќе повторам двојно, најмалку двојно поевтино, а воедно да обезбедиме ресурс со кој што корисниците на централното затоплување во градот Скопје нема да добијат покачени сметки за топлината која што ќе користат и со кои што ќе ги затоплуваат своите домови.

Сите контакти кои што ги имаме на располагање, кои што се последица на нашиот животен пат, успеваме да ги исконтактираме изминатиот период и ги ставаме на располагање на бизнисот, а се со цел да помогнеме да најмалку 650.000 наши сограѓани кои што работат во приватниот сектор ги задржат своите работни места имајќи в предвид дека големи производствени капацитети своето производство го ставија во мирување и голем број наши сограѓани ги изгубија своите работни места. Меѓу поголемите тука би ги вбројал Фени комбинатот во Кавадарци, Бучим комбинатот во Радовиш, но и останати комбинати кои што значително учествуваат во зголемувањето на бруто домашниот производ на Македонија.

Ќе повторам ги ставаме на располагање на бизнис заедницата, а индиректно и на Владата во овие тешки времиња кога гледаме дека државата полека но сигурно влегува во амбис, на располагање сите наши контакти, да обезбедиме ресурси со кои што ќе произведеме електрична енергија, која што ќе биде најмалку двојно поевтина од таа која што е на референтната берза – HUPX. И истата да ја користи стопанството, а се со цел да спасиме стотици илјади работни места од губење, во периодот кој што следи. А, граѓаните кои што се корисници но и институциите кои што се корисници на централното затоплување во Градот Скопје да не добијат повисоки сметки за парно.

И вториот предлог кој што исто така јавно сакаме да го соопштиме е предлог закон со кој што ќе бараме измена на Законот за енергетика, кој што ќе биде доставен до крајот на оваа недела или на почетокот на следната недела во собраниска процедура. Со кој што ќе побараме сите претпријатија кои што вршат јавна дејност во делот на комуналните услуги, водостопанството но исто така и објектите во образованието, објектите во јавното здравство да бидат вратени онаму каде што им е местото, на регулиран пазар. Зошто ова го велам? Затоа што доколку продолжат вака да функционираат овие три групи на субјекти тоа ќе значи дека сите оние претпријатија кои вршат јавна дејност, без разлика дали е комунална или водостопанска коишто ќе ги декларираат своите трошоци пред Регулаторната комисија за регулирање на цени за енергија и вода, по сила на правилникот ќе ги зголемат своите цени за најмалку два до три пати, а тој шок ќе го почувствуваат индустријата и граѓаните. Ќе предизвикаат дополнително губење на работни места и дополнително намалување на куповната моќ и стандардот на граѓаните.

Зошто велиме за училиштата, затоа што ние не сме децата да =учат онлајн туку да бидат онаму каде што им е местото, во училишните клупи. На тој начин ќе го олесниме животот и на родителите, кои што денеска мака мачат доколку децата повторно учат онлајн наместо во училишни клупи да најдат кој да биде со нив додека го поминуваат времето во домовите.

И конечно третото, јавните здравствени установи кои тонат во долгови да им го олесниме начинот на функционирање, наместо профитите да завршуваат во компании кои препродаваат електрична енергија, да можат да се ослободат од тој притисок и тие средства да ги искористат за подобрување на здравствените услуги на пациентите и нега на пациентите.

Тоа се двете пораки кои денеска јас ги имам до владата. ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција во овие тешки времиња кога државата оди директно во амбис, а имајќи го предвид фактот дека имаме една стихијна и хаотична состојба, нуди решенија како да се ублажат ефектите на оваа енергетска криза, а веќе и финансиска криза.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

„Вашингтон пост“: Израел приведува цивили во Газа, многумина се водат како исчезнати

Многу од приведените биле приведени од израелските сили додека бегале на југ.

Израелските сили привеле палестински цивили, главно мажи, во Газа за време на двата месеци од војната, според членовите на семејствата и групи за човекови права, кои велат дека не добиле информации за локацијата, условите на притвор или обвиненијата против исчезнатите, објави „Вашингтон пост“.

Многу од приведените биле приведени од израелските сили додека бегале на југ или за време на израелските операции на север, велат пријателите и роднините во повеќе од десетина интервјуа за Вашингтон пост. Некои од нив биле чувани со часови надвор или во метални приколки и потоа пуштени. Други се уште се водат како исчезнати.

Членови на семејства изјавија за „Вашингтон пост“ дека виделе како израелски војници ги приведуваат нивните роднини, кои не се поврзани со Хамас или вооружени групи, и оттогаш немаат слушнато ништо за нив.

Израелските сили соопштија дека апсат членови на Хамас и оние вклучени во нападот врз Израел на 7 октомври. Сепак, израелските власти не открија колку луѓе привеле, кои се правните основи за тоа и каде се држат, вклучително и дали во Газа или во Израел. Шин Бет се уште не одговорил на барањата на Вашингтон пост за коментар.

„Вашингтон пост“ забележува дека тоа е систематска практика што предизвикува загриженост кај организациите за човекови права и семејствата на притворените цивили. /МИА

Министрите на ЕУ ќе ги разгледаат следните чекори како одговор на војната меѓу Израел и Хамас

На состанокот во Брисел, министрите од 27-те земји од блокот ќе разговараат и за идната безбедносна помош за Киев со нивниот украински колега Дмитро Кулеб.

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе разговараат за можните следни чекори како одговор на кризата на Блискиот Исток, вклучително и прекин на финансиите на Хамас и забрана за патување на израелските доселеници одговорни за насилството на Западниот Брег.

На состанокот во Брисел, министрите од 27-те земји од блокот ќе разговараат и за идната безбедносна помош за Киев со нивниот украински колега Дмитро Кулеб.

Хамас веќе е на списокот на Европската Унија како терористичка организација, што значи дека сите средства или средства што ги има во ЕУ треба да се замрзнат.

ЕУ во петокот објави дека го додала Мохамед Деиф, главниот командант на военото крило на Хамас и неговиот заменик, Марван Иса, на листата на терористи под санкции.

Документот за дискусија во кој имаа увид западни агенции сугерира дека ЕУ би можела да оди подалеку со таргетирање на финансиите и дезинформациите на Хамас.

Земјите од ЕУ, вклучително и Франција и Германија, нагласија дека веќе работат заедно за да промовираат такви предлози.

Високи претставници на ЕУ, како што е шефот за надворешна политика Жозеп Борел, исто така изразија загриженост поради порастот на насилството од страна на израелските доселеници врз Палестинците на окупираниот Западен Брег. Предложениот документ сугерира дека одговорот на ЕУ може да вклучи забрана за патување во ЕУ за одговорните за насилството, како и други санкции за кршење на човековите права.

Франција минатиот месец објави дека ЕУ треба да ги разгледа таквите мерки. И белгискиот премиер Александар Де Кро минатата недела рече дека на „екстремните доселеници на Западниот Брег“ ќе им биде забранет влезот во неговата земја.

Дипломатите рекоа дека ќе биде тешко да се постигне едногласност потребна за забраните ширум ЕУ, бидејќи земји како Австрија, Чешка и Унгарија се цврсти сојузници на Израел. Но, некои сугерираа дека минатонеделната одлука на САД, најголемиот поддржувач на Израел, да почне со воведување визна забрана за луѓето вклучени во насилството на Западниот Брег може да ги поттикне земјите од ЕУ да преземат слични чекори. /МИА

Управниот одбор на Стопанската комора зајакнат со два нови потпретседатели и три нови члена

Собранието на СКСМ на 07.12.2023 година, покрај редовните точки врзани за програмските документи, изгласа и зајакнување на кадровскиот состав, во пресрет на предизвиците со кои ќе се соочуваме во текот на 2024 година. 

Нови подпретседатели на УО се Анита Блажевска (41) – „ФИЛИП МОРИС ТКП“„ и Ирена Јакимовска (50) – „Комфи Ангел“. Во УО беа избрани Снежана Савиќ Димовска (45) – „ПИВАРА СКОПЈЕ“ АД, Ана Таневска Ѓерѓиевска (41) - „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД-Скопје“ и Горан Мауровски (37) – „ФАКОМ„ АД Скопје. Во тек е постапка за вклучување на Јордан Димитровски (44) - „АИТОНИX“, Жарко Димитриоски (34) - „БД ГРУПА“ и Аријана Коскаровска (34) - КРЕАТИВ ХАБ. Исто така зајакнат е и советничкиот тим со Кристофер Сандерс од СР Германија како специјален советник на претседателот на СКСМ, Бранко Азески.

Со тоа Комората уште еднаш покажа дека располага со значаен кадровски потенцијал, кој е потребен за новите предизвици врзани со претседавањето со Балканската коморска асоцијација; формирањето на Институтот за извоз, Берзата на трудот, Центарот за микро, мали и средни претпријатија, Тимот 40 - Асоцијација на млади претприемачи и Советот за напредни технологии.

Во УО на Комората се наоѓаат и Александар Гечев, Анатол Кутрески, Зоран Милковски, Александар Манев, д-р Никица Мојсовска Блажевска, сите на возраст помеѓу 30 и 45 години.

П.С: Континуираните кризи од 2008 до денес (економска, финансиска, здравствена, енергетска), го принуди подпретседателскиот тим на Комората Сашо Наумоски, Сашко Самарџиоски, Глигор Цветанов, Драгана Чифлиганец и Виктор Мизо, најголемиот дел од своето време да го поминат во своите компании и околу сопствените бизниси. Сега тие оперативно ќе помогнат и на Комората, од што бенефит ќе имаат и сите компании.

Служба за информирање

Стопанска комора на Македонија

притисни ентер