Мицкоски останува на ставот дека Софија нуди нов договор, бара лидерска средба

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и покрај демантите на надлежните, останува на тврдењето дека захариева на последната средба со Османи побара нов договор.

Прес-конференцијата ја следеше Јана Јосифовска..

Кои се ставовите на лидерот на опозицијата за развојот на односите на реалција Скопје-Софија?

По вашиот настап на телевизиско интервју, дали имавте комуникација со г-динот Османи поврзано со преговорите со источниот сосед?

-Видете, како политичка партија прво имавме став по таа би рекол помалку несмасна и несреќна изјава на господинот Османи. Со жалење, морам да кажам дека е таква изјавата. Навистина очекувам малку повеќе политичка култура од него. Ставот беше следен, а тоа е дека вака сериозни прашања не се решаваат по телефон. Вака сериозни прашања се решаваат на лидерска средба на маса. Еве, ја користам оваа прилика да ги повикам лидерите на релевантните политички партии, не зборам за оној кој што ги организираше претходните лидерски средби кои што завршуваа со фијаско, туку релевантните политички партии, да седнеме и да разговараме отворено за прашањето кое што денеска е актуелно, а тоа се преговорите со нашиот источен сосед. Тоа е многу важно. Второ, искрен да бидам, како политичар не верувам дека нашиот источен сосед ќе ја блокира Македонија во евроинтеграциите за тоа што ако се суштински, не само декларативни изјавите на политичарите од кај нашиот источен сосед тоа нема да се случи, и покрај сите авантури кои што ги направи Зоран Заев изминативе години. Така што како втор заклучок на вашето прашање не верувам дека тоа ќе се случи и ги охрабрувам тоа да не го направат. Затоа што така не ја загрозуваат само иднината на македонските граѓани, ја загрозуваат и сопствената иднина како граѓани на ЕУ. Понатаму, трето често пати во минатото сум имал телефонска комуникација со господинот Османи, за жал навикнат сум на невистинити работи да слушам од другата страна на слушалката. И се сомневам дека на уште една таква комуникација дека би слушнал некоја работа поинаква од невистината која што сум ја слушал во минатото. За жал кај нас многу политичари, многу политичари заборавија што значи зборот чест, честитост и зборот збор. И се надевам дека времето кое што е пред нас ќе ги промени овие политичари да се вратат на зборовите чест, честитост и збор во вистинска смисла на зборовите.

И последно, поврзано со таа несреќна изјава, како ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваме сите релевантни политички лидери да седнеме на една лидерска средба и да поразговараме за сите актуелни, а крупни политички прашања кои што треба да ја детерминираат иднината на македонските граѓани и на Македонија како држава. Тука пред се мислам на случувањата околу преговорите со нашиот источен сосед, тука мислам на пописот, тука мислам на катастрофата во економијата, дебаклот во образованието, не знам дали знаете софтверот кој што беше скапо платен не функционира, еве јас од прво лице можам да ви посведочам, за сето она кое што е погрешно од државата мислам дека е потребно не е една туку повеќе лидерски средби, и заеднички да излеземе со решение пред граѓаните. Затоа што на граѓаните им е преку глава од политиканство и политики. Граѓаните сакаат да видат став, стратегија и визија како ние ќе излеземе од ова. Не може ние да зборуваме дека блескаме, а суштината е сосема поинаква. Напротив, треба да седнеме и да покажеме сите зрелост. Нивото на телефонска комуникација е незрел потег. Се знае како се решаваат овие прашања, смета Мицкоски.

-Јас во таа изјава сум многу прецизен, и ќе бидам прецизен во одговорот на Вашето прашање. Не треба граѓаните да се третираат со проценти, туку да се третираат онака како што тие постапуваат со државата т.е. граѓани кои што се лојални кон државата и граѓани кои не ги почитуваат законите и самата држава. Граѓани кои што ќе напредуваат според квалитетот, а не граѓани кои што ќе бидат процент. Граѓани кои што поседуваат квалитет, а не граѓани кои што ќе бидат потценети затоа што се дел од процентот. И затоа ја ги охрабрувам сите граѓани без разлика дали се Македонци, Албанци, Срби, Власи, Турци, Бошњаци, Роми, Египјани, да ми простат сите останати, да престанеме да се гледаме помеѓу себе со проценти, да престанеме да се враќаме назад кон минатото, да гледаме кон иднината. Да напредуваме според нашиот квалитет, според нашите компетенции и да понудиме решенија проблемите во државата. Тоа е она кое што јас го зборувам во моето интервју, и тоа е она кое што го кажувам од првиот ден откако се занимавам со политика. Кај мене дипломка беше студентка која што е Албанка, не за тоа што беше процент туку за тоа што имаше 10.0 просек на студиите на машинскиот факултет. Јас сум горд што сум бил нејзин ментор, но за жал сум тажен што таа веќе не е во државата предава на еден Универзитет во Швајцарија и и посакувам се најдобро. Затоа секогаш кога разговарате со мене никогаш нема да добиете одговор во проценти, туку ќе добиеме одговор дали јас и вие имаме аргументи, и дали мојот и вашиот квалитет нудат решение на проблемите во државата.

-Господине Мицкоски ќе ве вратам повторно на темата околу Бугарија поврзано со онаа ваша изјава во емисијата на Гоце Михајловски, во однос на вашите тврдења за нов договор со Бугарија дека бил ставен на маса, предизвика многу реакции. Експресно беше демантирано од Османи но и од Заев, имате ли некои поконкретни информации плус што би ги соопштиле?

-Јас тоа што го кажав, стојам позади тоа. Тоа што го зборувавме како политичка партија а е поврзано со меморандумот на нашиот источен сосед, а беше дел од последниот извештај а најпрвен беше негиран од страна на Владата се испостави дека е точно и на тогашниот министер за надворешни работи. Така стојам на овој став, стојам дека е разговарано за нов договор помеѓу нашиот источен сосед и Македонија, кој што ќе биде сличен на Преспансиот и ќе опфаќа уставни измени. И чудно зошто тоа никој од бугарска страна никој не го демантираше. Еве ве охрабрувам и вас како медиум да го поставите тоа прашање на политичарите на нашиот источен сосед, дали е ова вистина. Чудно е зошто никој од нивна страна не го демантираше сето тоа. А зошто дојдовме до таа состојба, е тоа е веќе друго прашање. Кои се политичарите кои не доведоа да ние денес стравуваме за нашата евро перспектива како држава. Тоа е веќе прашање кое што заслужува лидерска средба отворен разговор, и после тој разговор да излеземе или ќе понудиме решение или конечно ќе кажеме дека ние не можеме да се разбереме меѓу себе и тогаш ќе треба да бараме друг пат, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваш став во однос на исходот од македонскo-бугарската комисија од вчера за пеглање на историските разлики. Како што беше соопштено од двајцата претседатели, и од македонска и бугарска страна. Се споменуваат некои шпекулации денес за заедничко чествување на историјата, вчера имаше и политички изјави во текот на комисијата, имаше и од претседателот на Бугарија, Радев спомена црвени линии дека нема преговарање со јазикот и идентитетот.

Одговор: Професорите кои што се дел од таа заедничка комисија која што треба да преговара разбрав дека нема договор по суштинските прашања. Ја слушнав идејата за заедничка историја, и јас често пати во минатото сум одговарал на таа тема што подразбираме под заедничка историја. Ако подразбираме под заедничка историја каде што два различни народа, два посебни народа имале во минатото заеднички моменти, а тоа се македонскиот народ борејќи се за своја независна македонска држава и бугарскиот народ борејќи се за својата бугарска држава, тогаш да можеме да се сложиме со тоа дека имаме во определен период заедничка историја, но откако Бугарија ќе признае посебност на македонскиот народ, кој што во тој историски временски интервал е посебен од бугарскиот народ и се борел за своја посебна независна македонска држава. Се останато е споделена историја или истпретплетени историски факти. Ние да сме имале заедничка историја со Републиките од поранешната држава и народите кои што биле мнозинство во тие Републики, но никој од тие не го негира засебноста на македонскиот народ и засебноста на македонската држава. Доколку некој се труди да стави знак на равенство помеѓу македонскиот народ и бугарскиот народ пред 45-тата година и непостоење на македонскиот народ во тој период тогаш ни под разно не можам да зборувам за споделување односно заедничка историја.

Во Видеото погледнете го целиот извештај.

Најдено новороденче на аеродром,сите патнички завршиле во притвор (ВИДЕО)

Катарските власти ги информирале властите во Австралија дека извадиле тринаесет патнички од авион на аеродромот во Доха, каде што им бил извршен детален преглед за да се утврди дали се поврзани со оставањето на новороденче на аеродромот.

Австралија денеска ги осуди катарските власти за соблекување и пребарување на 13 патнички на летот кон Сиднеј кои биле подложени на детален преглед за да се утврди дали се поврзани со раѓањето на тоа бебе.

Патничките на „Катар ервејс“ на летот 908 до Сиднеј биле подложени на детален медицински преглед на аеродромот „Хамад“ во Доха и затоа летот бил одложен.

Еден од патниците рекол дека во авионот слушнале порака во која жените биле повикани да го напуштат авионот.

Австралиското Министерство за надворешни работи ги опиша постапките на катарските власти како несоодветни.

"Инцидентот е многу вознемирувачки и насилен. Никогаш не сум чул за сличен случај во мојот живот. Ние недвосмислено им го пренесовме нашиот став на катарските власти", изјави австралискиот министер за надворешни работи Мариз Пејн, потврдувајќи дека очекува детален извештај од катарските власти оваа недела, за да донесе одлука за следните чекори, објави АП.

По враќањето во Австралија, патничките од Катар заминале во карантин, каде ја добиле целата неопходна медицинска нега и психијатриска помош.

Новороденчето, патем, сè уште не е идентификувано, но е предадено на надлежните медицински и социјални служби, објавиле властите на аеродромот во Доха.

Манекенката Деми Роуз избега од Британија и се сонча на Малдивите (ФОТО)

Кралицата на минијатурните костими за капење, британска манекенка и сензација на Инстаграм, 25-годишната Деми Роуз ужива во топлите зраци на сонцето на Малдивите , откако избега од вечно дождливиот Лондон.

„Полека се навикнувам на островскиот живот“, напиша Деми позирајќи во минијатурно бикини со животински принт, заземајќи стратешка поза (нога пред нога додека стои на прстите) за да изгледа повисоко, а нозете подолги.

Heaven on Earth✨ @lolo_creativ

A post shared by Demi 🌹 (@demirose) on

Сите 15 милиони нејзини следбеници на Инстаграм последниве денови уживаат во објавите на бујната инфлуенсерка Деми Роуз, која се прослави единствено со нејзиниот секси изглед, а влезе во светот на шоу-бизнисот со фактот дека е поранешна девојка на раперот Тајџ, поранешно момче на познатата Кајли Џенер.

- Рајот е состојба на умот! Ве има 15 милиони. Јас сум воодушевена. Никогаш не можев да помислам кога започнав со Инстаграм и кога почнав да позирам на 18 години дека ќе имам таква неверојатна база на обожаватели како што имам сега. Ве ценам и сакам сите. Благодарна сум за вашата поддршка - напиша пресреќната Деми, почестувајќи ги придружниците со фотографии во црно боди од чипка, додека зад неа се гледа бескрајниот океан.

- Вие сте нашиот ангел - е само еден од коментарите на воодушевените обожаватели.

Деми не се обидува да ги сокрие своите бујни облини. Покрај тоа, таа гордо ги покажува во исклучително минијатурните костуми за капење, а понекогаш и без нив.

- Верувам дека сме најубави кога ќе го отфрлиме нашето старо „јас“ и ќе се свртиме кон новото светло - напиша Деми на романтичната фотографија од плажа.

Поголемиот дел од деновите ги поминува на плажа, пловејќи на јахти или релаксирајќи се на отворените базени во одморалиштето Амила на Малдивите, кои се опкружени со природни ресурси и ја кријат од љубопитните погледи.

Таа е секогаш во костим за капење, изложена на сонце, на што му го должи својот тен дури и во средината на есента.

Во сториите на Инстаграм, Деми призна дека овој островски живот ја оставил „без трепки“, алудирајќи дека престанала да става вештачки трепки и дека ужива во годишниот одмор и природата.

Министерот Спасовски е позитивен на коронавирус,има благи симптоми

И покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19, напиша на ФБ министерот Оливер Спасовски.

Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.

Чувајте сепорача министерот за внатрешни работи во објавата на Фејсбук.

притисни ентер