Мицкоски од Струга: Граѓаните на 15 јули ќе изберат обнова и ќе ја исправат Македонија од неправдите СДСМ и Зоран Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Струга .

Мицкоски денеска беше во посета на Струга каде што истакна дека благодарение на погрешните политики на ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, денеска Македонија бележиме рекорди по број на заболени и луѓе кои за жал го губат својот живот и токму затоа сега е најпотребно заедно сите да се исправиме бидејќи само така можеме да ја обновиме Македонија од руината која СДСМ ќе ја остави.

Мицкоски пред стружани потенцираше дека во петтата Изборна Единица изборот е јасен, помеѓу Дурловски човек кој е почитуван во целиот свет и покажа и докажа колку се сака Македонија и од друга страна Шекеринска која велеше дека некои прашања не заслужуваат одговор и е човек од времето на транзицијата до денеска донесе многу неправди, пред се во Струга.

- Изборот е јасен, нема дилема. После 15 јули да ги засукаме ракавите и да си ја обновиме Македонија од руината која што ова раководство на СДСМ и Зоран Заев ќе ни ја остават. Денеска го слушам Зоран Заев, вели ќе ја обновеле Македонија, ние една година велиме дека ни треба обнова на Македонија, а нему денеска му текна, дека навистина требало. Прв пат ќе се сложам со Зоран Заев, навистина треба обнова, но тоа нема да го амнестира од сето разурнување, од сиот срам кој заедно со СДСМ го нанесоа на Македонија и на граѓаните изминативе три години. Имаме тригодишна пандемија наречена СДСМ и Зоран Заев, рече Мицкоски

Тој изјави дека кога СДСМ и Заев ќе викаат дека можат треба да зборуваат во минато време дека можеле како што можеа да не го продадат достоинството и честа на Македонија и граѓаните, но истите ги распродадоа за пуста власт и пусти пари.

- Можевте да донесете подобар живот, како што ветувавте ама не успеавте, донесовте порази и неправда и донесовте разочарувања кај нашите сограѓани. Секаде каде што изминав овие три години е присутно тоа разочарување, безнадежност и безидејност. Повозрасните велат ми замина внукот, ми замина ќерката, ми замина синот. Оние кои останаа тука велат чекам првиот автобус да дојде и јас да се качам и да го напуштам родниот дом. Гледам луѓе кои не ја гледаат иднината сопствената и на сопствените семејства овде. Тоа можевте, да вратите малку самодоверба кај овие луѓе, да ја кренат главата гордо и да не се почувствуваат понижени, ама напротив направивте тие луѓе да се разочараат, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека СДСМ ветуваа 5% раст на БДП, ветувате 30.000 денари плата, домашни инвестиции исто како и странски, а донесоа една голема нула, празни ледини, никаде ги нема ниту Фејсбук, Гугл и гигантот од автомобилската индустрија кој го ветуваа.

- За жал полињата останаа празни неизградени, а луѓето ги напуштија своите огништа. Тоа е таа сурова реалност која денеска е во Македонија. Можевте да направите вистински бесплатно здравство како што ветувате, а погледајте ги денеска болниците и клиничките центри низ државата, ветувате клинички центар најпрво во едно предградие во Скопје па друго. Ветувавте бесплатно образование, поквалитетно образование, а денеска немаме ниту еден универзитет во првите 1000 според Шангајската листа. Ветувавте правда за секого, ветувавте реформи во обвинителството, судството, а донесовте Луј Витон обвинителство и „трас трас“ судство, истакна Мицкоски

Тој додаде дека единствено нешто што направи СДСМ е амнестија за самите себе од она кое што му го приредија на македонскиот народ, амнестија од евро за Вицето и евро за црквата и тоа е единствената реформа која што ја направија во судството.

- Ветувавте бројчаници на Триумфалната капија во Скопје, па направивте една парада, закаливте еден бројчаник. Колку заврте господине Заев, да заврте ама во вашиот џеб и во џебот на вашето семејство. Јас ви ветувам дека секој денар кој што го завртевте во вашиот џеб и џебот на вашето семејство после 15 јули ќе заврти на бројчаникот кој што го монтиравте на Триумфаланта Капија во Скопје. Мора правда да дојде. Луѓето ја изгубија надежта затоа што се чувствуваат беспомошни, затоа што гледаат дека нема правда во оваа држава, дека законите не се почитуваат. Законите мора да се почитуваат од Струга до Куманово, од Дебар до Делчево, од Гевгелија до Крива Паланка, изјави Мицкоски

Тој нагласи дека токму затоа треба да се поддржи Обновата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за да неа подвиткување на кичмата и коленичење пред неразумни политичари кои полнат полнат куферчиња Луј Витон.

- Работевме на една читанка, т.н Проект Обнова. Во таа читанка може да се пронајде секој еден граѓанин. Таму ќе најдете поглавје за земјоделецот, каде што се обврзуваме да обезбедиме 640 милиони минимум. Земјоделецот ќе биде безбеден бидејќи ќе има обезбеден откуп. Не смееме да дозволиме да се сече крошна од јаболка во Ресен, не смееме да дозволиме да се истураат сливите во Пијанец, не смееме да дозволиме да стои необрано житото низ Пелагонија и да не бидат обрани лозовите насади во Тиквешијата, рече Мицкоски.

Тој додаде дека во обновата на ВМРО-ДПМНЕ има минумум 20% повисоки пензии од тоа што е денеска. од 8 до 12 милиони во спортот, од 8 до 12 милиони евра годишно назад во културата, од 8 до 12 милиони евра за реновирање на училишта, за најмалку еден универзитет на Шангајската листа, за реновирани студенски домови.

Но за тоа да се случи Мицкоски истакна дека потребна е масовност на изборите, да ја одбереме обновата на ВМРО-ДППМНЕ за да можеме да ја исправиме Македонија и да имаме држава која ќе биде пример на Балканот изградена за нашите наследници.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер