Мицкоски од Пехчево: Го губиме институционалниот идентитет што всушност претставува дел од нашиот национален идентитет

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани во Пехчево каде говореше за актуелната политичка и економска состојба како и за штетноста на договорот со Грција.

Мицкоски на граѓаните на Пехчево им ги посочи последиците од капитулантскиот и штетен договор кој владата на СДСМ го потпиша со соседна Грција. Мицкоски пред граѓаните на Пехчево потенцираше дека со договорот се губат три крупни работи што значат укинување на македонската нација, на македонската држава под името која сега ја знаеме и создавање на некој нов хибрид , се наведува во соопштението од ВМРО - ДПМНЕ.

Мицкоски истакна дека договорот значи загуба на институционалниот идентитет што впрочем претставува дел од националниот идентитет на Македонците.

- Најпрвин го губиме институционалниот идентитет, тоа значи дека нашата Академија на Науките и Уметностите повеќе нема да биде Македонска, потоа нема да имаме Македонска Армија, а нема да имаме ни Македонска Полиција., ниту Македонска Опера и балет и сето тоа ќе биде поврзано со новата државата а тоа ќе биде Северна Македонија. Го губиме институционалниот идентитет кој што всушност претставува дел од нашиот национален идентитет, вели Мицкоски

Членот 8 пак вели тој, ќе биде погубен за интеграцијата на Македонија во ЕУ, а Македонија ќе ја снајде судбината на интеграцијата во ЕУ на Турција, односно приказна која никогаш нема да заврши.

-Во Членот 8 од договорот стои дека Македонија и Грција ќе формираат мешовита комисија и замислете таа комисија ќе преговара за нашата историја, археологија и образование. Секогаш кога ние во рамките на таа комисија ќе одлучиме да ги браниме националните интереси и достоинството тогаш тие од грчката страна ќе речат НЕ во рамки на ЕУ така што ќе застана преговорите и ние ќе бидеме блокирани тоа значи дека никој не ни ја гранатира иднината која што ни ја прикажуваат преку овие скапо платени реклами во медиумите. Немаме гаранција и покрај тоа што ќе дозволиме национално и државно понижување.

Мицкоски забележа дека со капитулантскиот договор не се отвораат магично вратите за влез на Македонија во ЕУ, тоа според него се само шарени лаги со кои се манипулираат граѓаните со цел да се избегне дебатата за капитулантскиот договор. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека за влез на Македонија во ЕУ треба да се работи и не може да се влезе преку капитулација, односно на начинот на кој што Заев сака тоа да го направи.

-Сите овие шарени лаги кои што ни ги прикажуваат по медиумите дека со овој договор малтене влегуваме во Европа не е точно, за да влеземе во Европа треба да имаме знаење, за да влеземе во Европа треба да имаме проекти и многу работа. Во ЕУ не се влегува со криминални тендери, во ЕУ не се влегува со багерите и камионите на бате. Во ЕУ не се влага со криминални иновации, во ЕУ не се влегува со расипано здравство. Во Европа треба да знаете како да влезете, односно во Европа треба да работите за да влезете, а не на начинот на кој што Зоран Заев тоа сака да го направи.

За крај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика симпатизерите и членовите на партијата да бидат подготвени за исклучително жестоки притисоци, уцени и закани, бидејќи ова е битка за Македонија.

-Секој кога се мотивирал да придружи на ВМРО-ДПМНЕ, секој бил подготвен да кога ќе дојде денот да се бранат националните интереси да застане на патот на одбраната на тие национални интереси, да даде се од себе колку е во негова моќ да ги одбрани за да можеме да си го задржиме ова парче земја која што некој ни ја оставил, за која што предците наши ги положиле своите животи во минатото. Затоа треба секој од нас да биде подготвен дека периодот кој што следува за ВМРО-ДПМНЕ и секој оној кој што себе си се идентификува како дел од ВМРО-ДПМНЕ, да биде подготвен на исклучително жесток притисок, уцени закани кои што претстојат, затоа што ова е битката за Македонија, ние сме на вистинската страна.

Премиера на „Паника“ во Велешкиот театар

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вечерва во 21 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Паника“ на финскиот автор Мика Мулуахо, во режија на Александар Ивановски. 

Во претставата, која е дуо драма настапуваат Стефан Николовски како Лазе и Филип Христовски како Мики. Драматург на претставата е Катерина Момева а сценографија на Филип Коруновски а музиката е во избор на двајцата актери.

Како што појаснуваат од велешкиот театар, приказната е за двајца другари што се немаат видено долго време и после многу поминати години и патешествија во животот, тие се соочуваат еден со друг, си помагаат еден на друг, се провоцираат еден со друг, преку што избиваат нивните внатрешни конфликти.

-Во претставата се навлегува во најдлабоките теми на суштествувањето, прашања што го мачат секој човек кој сака да биде сакан и прифатен, а општествениот и социјален притисок наметнува стеги каде индивидуалниот идентитет се гуши, се преиспитува себеси, а преку оваа претстава сугерираме дека човек треба прво да се прифати таков каков што е, за да може да се промени. Играјќи си со жанровите, понекогаш нештата изгледаат многу трагично, а има мигови кога не ќе можете да се воздржите од смеење, поради суптилниот хумор што се провлекува низ целото дело и преку кој се релативизираат проблемите, се разобличуваат карактерите со нивните човечки мани, оправдувајќи ја нивната несовршена природа, појаснуваат од театарот.

Израел вели дека ја покажал својата способност да нападне во внатрешноста на Иран

Денешниот напад „имаше намера да му сигнализира на Иран дека Израел има способност да нападне во внатрешноста на земјата“, изјави неименуван израелски функционер за „Вашингтон пост“.

Нуклеарната организација на ОН (МААЕ) потврди дека иранските нуклеарни локации се неповредени, по извештаите за напад во ирански Исфахан.

МААЕ, исто така, го повтори својот повик и Иран и Израел да покажат максимална воздржаност, нагласувајќи дека атомските капацитети никогаш не треба да бидат цел.

„Политика“: Годишнина од потпишувањето на Бриселскиот договор - 11 години без ЗСО

 Денеска се навршуваат 11 години од потпишувањето на Бриселскиот договор, но Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО), на чие формирање се однесуваат првите шест точки и е столбот на овој документ, сè уште не е формирана, пишува „Политика“.

За текстот на договорот, кој формално се нарекува „Прв договор за принципите на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, се преговараше шест месеци пред да бидат ставени три потписи на документот. Документот во име на Белград го потпиша тогашниот премиер и денешниот шеф за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, а во име на Косово - Хашим Тачи, кој беше премиер.

Третиот потпис во име на Брисел, кој учествуваше како посредник, го стави тогашната висока претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Кетрин Ештон, потсетува српскиот весник.

Во Договорот од Брисел, кој има вкупно 15 точки, за Србите во Косово е наведено дека ќе имаат Заедница која ќе вклучува 10 општини со српско мнозинство јужно и северно од Ибар и ги вклучува Лепосавиќ, Звечан, северниот дел на Митровица, Зубин Поток, Партеш, Ранилуг, Ново Брдо, Грачаница, Штрпце и Клокот.

Врз основа на договорениот документ, предвидено е ЗСО да има статут, претседател и потпретседател и собрание. Другите точки од Бриселскиот договор се однесуваа, меѓу другото, со полицијата, судството, судството и локалните избори, а беа спроведени и оние чие спроведување зависеше од Белград, наведува „Политика“. /МИА

притисни ентер