Мицкоски од Мечкин камен: Наместо поделби, да ја отвориме дебатата за економијата - Канал 5

Мицкоски од Мечкин камен: Наместо поделби, да ја отвориме дебатата за економијата

Во тек е централна манифестација од одбележувањето на Денот на Републиката, Илинден- „Борбата трае“.

Мицкоски од Мечкин камен: Наместо поделби, да ја отвориме дебатата за економијата

На Мечкин камен за Илинден се обрати претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски.

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

 Во денешниот израелски напад уште една експлозија одекна во близина на седиштето на Иранската државна телевизија (ИРИБ).

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

Израел вчера првпат ја нападна зградата на ИРИБ, сместена во северниот дел на Иран.

По вчерашниот израелски напад, ИРИБ кратко време не емитуваше програма. По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без прекини“, како и дека Израел „во брутален напад гаѓал една од зградите на иранската државна телевизија“.

Иран по првиот напад врз ИРИБ издаде предупредувања за евакуација за израелските телевизии.

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија

„Обврзани сме да помагаме во решавање на проблемите.“

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија

За време на работната посета на Република Албанија, каде што учествуваше на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонското национално малцинство во оваа земја.

Таа беше информирана за нивната состојба и за односот на албанските институции кон нив, на државно и на локално ниво, како и за досегашните иницијативи и планирани активности за зајакнување на националната и културната самобитност.

Претседателката вети дека матичната држава ќе продолжи да вложува напори за да ги подобри нивните права и да ги зацврсти врските со татковината.

На средбата присуствуваа: Марјана Костофски-Фелах, претставничка на македонското национално малцинство и членка на Комитетот за национални малцинства при Владата на Албанија; Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска Алијанса за европска интеграција - единствената партија на Македонците во Албанија; Незир Муча, потпретседател на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Славица Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана и дипломати на македонската амбасада во оваа држава.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство што изворно може да ги чуе релевантните претставници и со нив да разговара за одлуката на албанските власти за утврдување на критериумите, документацијата и постапките за собирање на податоци за идентификација на лица кои припаѓаат на националните малцинства која важи и за Македонците во Албанија.

Укажувајќи дека со одлуката се утврдени критериумите коишто ќе им овозможат на сите, слободно да ги изразат националната припадност и јазикот на којшто зборуваат, таа рече дека токму припадниците на македонското национално малцинство се засегнати од оваа постапка.

Претседателката Сиљановска-Давкова на средбата постави повеќе реторички прашања:

Кој би бил проблемот да го правите вие она што сите држави го прават во однос на националните малцинства во поглед на издавањето на државјанство на пример?

Кој е проблемот вие да отворите повеќе гранични премини?

Кој е проблемот вие на пасошите на кои им е истечен рокот, да им го продолжите рокот?

Кој е проблемот вие, како држава да интервенирате во доделувањето на пасоши на луѓе коишто имаат потреба од тоа? Тоа го прават сите во нашиот регион, ама го прават и во светот.

Таа запраша и кој е проблемот да помогнете понекогаш во изучувањето на македонскиот јазик? Да отворите повеќе лекторати. Кој е проблемот онаму каде што има припадници на македонското малцинство да отворите конзулат?

Претседателката смета дека тоа не е голем проблем затоа што се работи за проблеми поврзани со идентитетот.

На прашањето дали како претседателка ќе иницира, ќе помогне во решавање на нивните барања, таа рече дека не би била таму ако не дошла со цврста намера, не само да ги сослуша, туку и да ги пренесе нивните проблеми до надлежните.

Претседателката порача дека имаме добри односи со Република Албанија, имаме разбирање, и во рамките на ова разбирање, треба да продолжиме онаму каде што некој застанал и направил грешка, кога морал да биде уште поактивен. Ние сме тука обврзани да помагаме.

Андоновски во Гдањск: Дигиталните вештини се клучен капитал на малите држави

Андоновски учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на Дигиталниот самит во Гдањск.

Андоновски во Гдањск: Дигиталните вештини се клучен капитал на малите држави

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на Дигиталниот самит во Гдањск, стратешки настан организиран во рамки на полското претседателство со Советот на Европската Унија, во соработка со Европската комисија.

На панелот „Skills Gap – Ensuring ICT Talent Development“ се дискутираше за една од најгорливите теми во дигитална Европа – недостигот на ИКТ талент и потребата од системска изградба на дигитални вештини. На панелот учествуваа и високи претставници од Европската унија, вклучувајќи ја министерката за правда и дигитализација на Естонија Лииса-Ли Пакоста, директорката на Европската фондација за обука Пилви Торсти, извршниот директор на Synerise Јарослав Крулевски, и министерот Андоновски од Македонија.

Министерот Андоновски во своето излагање истакна дека „Во дигиталната економија, вештините не се само образовна тема – тие се инфраструктура, продуктивност и БДП.“

Тој ги претстави конкретните иницијативи на Македонија, како што се проектот за дигиталниот иновациски хаб INNOFEIT EDIH, како основа за градење вештини во јавниот и приватниот сектор, но и соработката со приватниот сектор и меѓународните организации во изградбата на клучните национални платформи, како што се порталот за електронски услуги, националната платформа за интероперабилност, Централниот регистар на население, итн.

„Дигиталниот талент не почнува со диплома. Почнува во училница,“ додаде Андоновски, нагласувајќи ја потребата од вклучување на кодирање, критичко размислување и безбедност на интернет уште во основното образование, нешто на што Министерството веќе активно работи.

„Европа не може да си дозволи да ги остави дигиталните вештини на случајност. А ние како мали земји, не можеме да градиме дигитални институции без луѓето што ги движат,“ заврши Андоновски во своето обраќање.

Со учество на министри, високи претставници од ЕУ, приватниот сектор и академијата, самитот во Гдањск претставува една од највлијателните дигитални платформи за стратешки дијалог во 2025 година. На панелот свое обраќање имаше и вицепремиерот на Полска, Гавковски, министри од Европската унија, директорот на Дигитална Европа, претставници на Европската комисија, лидери од тек секторот и невладините организации.

притисни ентер