Мицкоски од Македонски Брод: За секој оној што ќе вработи млад човек до 29 години - нула данок

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Македонски Брод во рамките на кампањата "За обнова на Македонија", најпрво им се заблагодари на ветераните,с е наведува во партиското соопштение.

-Им се заблагодарувам на основачите и ветераните на ВМРО-ДПМНЕ овде во Македонски Брод. Овие денови моите говори ги започнувам со многу емоции, бидејќи се ближи денот кога практично треба оваа неуспешна влада да предводено од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев да замине. По толку месеци работа сега ги трчаме последните финални 100-тина метри. Тоа започна на Конгресот во Валандово, а трае еве до ден денешен. Нашиот мотив е да го смениме ова мочуриште. Но, имаше и критика. Дека треба сме поодлучни, поцврсти, појаки, сега треба да нападнете, зошто тактизирате. Но, доколку противникот ја дознаеше нашата тактика тогаш немаше да биде така едноставно. Ние молчевме, ги слушавме критиките и си работевме. Ние ја добивме првата битка, а таа е датумот за предвремени парламентарни избори. Битката која на 15-ти јули ќе заврши со голема победа на Коалицијата за обнова на Македонија, порача од говорницата претседателот Мицкоски.

-Потоа заедно со вас ќе си ја обновиме државата онака како сме сонувале да биде. Онаква за каква нашите предци се бореле и за онаква каква што сакаме да им ја оставиме на нашите потомци. Затоа кога е најтешко, човек треба да е најсилен. Патот ќе биде полн со предизвици, мака, многу енергија, пот и залагање но, ние ВМРО-ДПМНЕ сме мотивирани. Ние сме победничката коалиција за обнова на Македонија. Затоа на 15-ти јули најпрвин да се заштитиме и да ги почитуваме препораките, а потоа од 7 часот да излеземе и да го заокружиме редниот број 14 - кој е победнички број, порача Мицкоски.

Тој им сугерираше на жителите на Македонски Брод да не прифаќаат и да не им веруваат на подароците од власта што ќе ја добиваат пред изборите со лага дека се работи за помош.

-Но, сепак земете си ги подароците бидејќи тие подароци се купени со ваши пари. Тоа е арачот на народот. А потоа завртете им го грбот и покажете им го тилот и пратете ги на темната страна на политичката историја на нашата преубава Македонија. Тие не заслужуваат ништо повеќе од тоа, завртете им го грбот. И гласно зборувајте на 15-ти јули позади гласачкиот параван. Доста беше типична, три години молчиме. Дојде денот кога сите ние треба да се обединиме и да ги дигнеме главите гордо високо. Радувајте се затоа што набргу ќе дојде обновата. Нема веќе калкулирање. Нема бегање. Имаме читанка - како што ја нарековме програмата за обнова, од 360 страници како да ги зголемиме платите од минимум 25 проценти просечните плати во рок од еден мандат, да ги зголемиме пензиите минимум 20 проценти, и ќе го вратиме стариот закон за нивелирање на пензиите. Минимум 4 милијарди инвестиции домашни и странски. За секој оној што ќе вработи млад човек до 29 години - нула данок. Ќе реновираме болници, докторите да си ги вратиме дома. Да не бидеме извозници на здравствени работници. И 640 милиони евра субвенции за земјоделците и гарантиран откуп. И многу други работи ќе најдете во оваа читанка. Затоа масовно излезете и поддржете ја програмата за обнова на Македонија, порача на крајот Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Дневен хороскоп за 20. април 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 20. април 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Оние кои се на удар на различни додворувачи , денеска ќе бидат малку под нивно влијание. Оние во врска ќе се чувствуваат добро.

Кариера

Зацртајте го минимумот што треба да го одработите и држете се до тоа. Се друго е добивка.

Здравје и совет

Дишите со полни гради.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Истражувањето на сопственото незадоволство не е начин да ги подобрите односите , ако притоа не понудите и некои конкретни решенија.

Кариера

Ќе ви треба добра доза на самоконтрола да се откажете од искушението за да напуштите некои деловни планови.

Здравје и совет

Поработете на себеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачи. Тоа ќе биде позитивен чекор и олеснување.

Кариера

Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено .

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Рак 22.6. -22.7.

Љубов

Ако сте во отуѓена и воинствена фаза со другата страна , денеска кон се че пристапите полежерно , а ќе постои и одредена блискост.

Кариера

Многумина денеска ќе мора да бидат услужливи кон своите соработници , но тоа нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работното место.

Здравје и совет

Пад на имунитетот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Некои ќе размислуваат за промени во односот со саканата личност , но подобро е ништо да не заклучуваат или да одлучуваат.

Кариера

Сега ви е веќе сосема јасно дека не ги држите сите конци во свои раце , но тоа не ве загрижува колку прашањето до кога ова ќе трае.

Здравје и совет

Бидете пореални.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои ќе се подготвуваат за голем говор во своите глави . Не го изразувајте се уште она што го мислите, но можете да го подготвите.

Кариера

Пред вас се нови можности , но за да се впуштите , ќе треба првин да решите една заостаната работа.

Здравје и совет

Никогаш не е готово.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација , зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал.

Кариера

Добро ќе соработувате со сите , а најдобро со помладите соработници или со деца. Тоа ќе ви биде уживање.

Здравје и совет

Можете да ги решите недоразбирањата.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Нема да се збуните , ако другата страна малку ве испровоцира. Напротив , тоа ќе го искористите уште повеќе да ја зацврстите врската.

Кариера

На некои ќе им изгледа како се да им е однапред зацртано , па немаат многу простор за маневрирање.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Се што имате , би сакале да споделите со другата страна , освен амлите семејсни недоразбирања и грижи што денеска се појавуваат.

Кариера

Веројатно ќе се најдете веднаш до значајни вложувачи во вашата работа , но работите нема да бидат дефинирани ниту готови.

Здравје и совет

Прошетајте на воздух.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , бидете доследни.

Кариера

Можеби ќе ппсакате сите да ве остават на мир , за да го одработите со концентрација својот дел од работата. Ќе ви појде од рака.

Здравје и совет

Опуштете се во слободното време.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Весела дружба , провод и забава денеска ќе ви се мешаат со интуитивните видувања , со што лесно ќе читате меѓу редови.

Кариера

Веројатно ќе добиете меил , порака или повик во врска со еден деловен проблем , што не е мал , но сега може да се реши.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Можен е повик на личност од вашето семејство , што ќе ги засени вашите љубовни случувања или ќе ве оддалечи накусо од партнерот.

Кариера

Ако имате проблем како да го сработите она што требате , сетете се на вашите стручни знаења и бргу ќе дојдете до решение.

Здравје и совет

Наспијте се.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

притисни ентер