Мицкоски од Куманово: Време е за нови политичари

Почнува нова ера на политичари чиј телефон нема да биде на сајлент, кои ќе работат посветено на исполнувања на проектите опфатени во еден од многуте проекти опфатени во „Обнова за Македонија".

Тоа го порача од Куманово лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашнава средба со граѓаните на градскиот плоштад.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ вети поголема плата за 25 проценти, поголема пензија за 20 проценти која ќе се нивелира по стариот закон два пати годишно, 1.000 километри реконструирани патишта, субвенции за фасади, како и бесплатен приклучок на гас за почист воздух, четири милијарди евра домашни и странски инвестции.

Мицкоски рече дека невработеноста ќе биде под 10 проценти и ќе има најнизок данок од осум проценти, како и нула проценти данок за работодавците кои ќе вработат млади лица.

– Го укинуваме прогресивниот се враќаме на стариот рамен данок, а од оние три денари акциза кои ви ги земаат за да си ги делат преку сомнителни тендери, ќе ги поделиме и ќе ги вратиме назад кон народот, рече Мицкоски.

Тој вети од овие средства по 800 милиони денари за спортот, културата, образованиете или вкупно 2, 4 милијарди денари за овие сектори, додека за земјоделците вети 640 милиони евра и загарантиран откуп.

Осврнувајќи се на власта, Мицкоски рече дека можела многу за овие три години, ама не сторила ништо, „ниту 500 евра плата, ниту враќање на младите", туку само „ја омаловажува државата".

– Враќање на националното достоинство. Го слушам вчера, не знаел за што се борел нашиот Гоце Делчев и потоа ќе ве чуди како распродавал. Ние ќе му порачаме Гоце е нашиот, Гоце е Македонецот, и за тој човек нема преговарање, не постои историска комисија која ќе нè убеди дека тој бил нешто друго од ова што ние го зборуваме, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ ги повика кумановци да гласаат за број 14 и да стават крај на како што кажа „политичкото мочуриште" во државата.

Носителот на листата од ИЕ 2, Владо Мисајловски рече дека Куманово заслужува да биде урбан убав град, бидејќи е најголема општина. За две недели да ја побараме поддршка од граѓаните, бидејќи после рече тој, може да биде доцна.

– Овој тим ќе донесе обнова за Куманово, лично ви ветувам дека ќе се потрудам максимално да бидат тука и ве уверувам дека во новата Влада ќе има луѓе од Куманово кои ќе ја водат, рече Мисајловски.

Пред присутните зборуваа и кандидатите за пратеници Рашела Мизрахи, Бране Петрушевски, Иван Стоиљковиќ, Кети Димковска и Тихомир Алесковски, кои повикаа да се гласа за Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, со цел, како што порачаа, „да се обнови градот и државата"./МИА

Црна Гора воведува нови рестрикции, полициски час од 22 до 5 часот наутро

Институтот за јавно здравје на Црна Гора предложи воведување на дополнителни мерки за да се спречи ширење на новата болест.

Новите рестрикции се воведуваат поради исклучително распространетиот локален пренос, големиот број на хоспитализирани и огромниот притисок врз здравствениот систем.

Институтот за јавно здравје на Црна Гора предложи воведување на дополнителни мерки за да се спречи ширење на новата болест, поради исклучително распространетиот локален пренос, големиот број на хоспитализирани и огромниот притисок врз здравствениот систем. Мерките се во сила од денеска.

Од денеска до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите во никшиќ, беране и андријевица, ќе има полициски час од 22 до 5 часот наутро, а работата на угостителските објекти и домашните посети ќе бидат забранети.

Во Рожај е забранета работа на угостителските објекти и одење на гости.

Во Котор, Будва, Подгорица и Плевља, од 28 септември до 12октомври, угостителските објекти ќе имаат право да работат само до 22 часот.

Левица. Три недели Владата доцни со конкурсот за студентски легла

На само три дена од одложениот почеток на учебната година, не се знае изборот на студентите кои би добиле место во редуцираните капацитети на студентските домови, иако според најавите на Владата истиот требаше да биде објавен пред три недели.

Стотици студенти се во неизвесност и стрес заради можното отсуство од наставата, а според досегашната динамика на работа на надлежното министерство – реално е да очекуваме дека стотици студенти ке ги пропуштат првите два месеци од академската година.

МОН и Владата немаат конкретни одлуки и насоки за цел дијапазон прашања што ги вклучуваат и наставниците и учениците и студентите и нивните родители. Ресорното Министерство за образование и наука издава општи соопштенија, наменети за површна медиумска присутност, но не и за ефективна и практична употреба од страна на идните академски граѓани.

Во изминативе шест месеци, ресорното министерство ‘успеа’ да објави Конкурс за студентско сместување на 28.07.2020, но не и да ги процесира и објави резултатите навремено за студентите кои зависат од тоа. Исто така, успеа на 23.09.2020 само да даде општо соопштение на веб-страницата на МОН дека ќе предложи до Владата (која ќе предложи до Собрание) Предлог-закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард. Со најавениот предлог, на студентите и учениците кои конкурирале за сместување во студентските и ученичките домови и на кои им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат во студентски дом – ќе им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите.

За да ја остварат оваа помош, студентите и учениците треба да се пријавуват на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, која е сѐ уште неактивна, односно неупотреблива.По овој план, јасно е дека наместо да се оспособат други јавни капацитети за студентско домување кои ќе останат во функција и наредните години – буџетските средства ќе се издвојат по непознати критериуми, за еднократна активност (покривање трошок за сместување), што не го прават ни најбогатите држави во светот. Со ова темпо на динамика на решавање на круцијални прашања за студентите – очигледно е дека ресорното Министерство се однесува како набљудувач, а не лидер на ситуацијата, додека учениците и студентите немаат информација како ќе го решат сместувачкото прашање оваа година.

Mакедонци од Германија бараат подобри услуги од дипломатско-конзуларните претставништва

Во отворено обраќање до македонското Министерство за надворешни работи и до амбасадата и конзулатите на Македонија во Германија, Македонците кои живеат во оваа земја бараат подобри услуги на македонските служби.

„ Два главни проблеми, поради кои се започнува оваа иницијатива, се постапката за продолжување на патна исправа и општата достапност на информации. Да се поднесе и добие пасош во нашата амбасада е речиси невозможно, односно е поврзано со долга и нејасна постапка. Затоа најчесто сме приморани да ја почнеме таа постапка во македонија, дури и во време на пандемија и други непредвидливи бариери за прекугранично патување. Исто така овие патувања се поврзани со дополнителни финансиски оштетувања, а не секогаш и се возможни бидејки тука имаме работни обврски.

Веб страниците не се ажурираат редовно, телефонско советување е речиси невозможно, или зависи од непрофесионални службеници.

Иселениците бараат формирање на дежурен центар кој ќе работи 365 дена во годината и ќе биде квалитетно обучен и опремен да доставува информации на граѓаните за состојбата на границите, за нивните права, како и секакви информации за дипломатско-конзуларните претставништва. Дежурниот центар може да е со седиште и во македонија или во германија, но да е достапен и на бесплатен или ниско тарифен германски фиксен телефонски број се вели во соопшетнието

притисни ентер