Мицкоски од Крушево: Заев и СДСМ се "доктори по наука" за криминал, пљачка, корупција и национално предавство

Од Крушево претседателот на најголемата македонска политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека на 15-ти јули народот овие политичките измамници од СДСМ ќе ги испрати на темната страна од македонската историја. 

Овие избори се историски, бидејќи како што кажа тој треба да се трасира иднината на македонското поколение, но и да се обели образот на нашите претци кои што со живот го платиле она што ние денеска го живееме.

-А крушевчани имаат најмногу право на ова, бидејќи овде се случувало она организирано востание и пркос за независна македонска суверена држава уште на почетокот на 20-тиот век. Она што овие избори ги прави поразлични е тоа што ние треба да завршиме со експериментите.

Народот го разбудил пирејот во себе и решил да го победи овој противник на 15-ти јули, рече Мицкоски.

-Еве од овде од Крушево кажувам јас сум Христијан Мицкоски Зоране Заев, кој ќе те победи и тука ќе заврши твојата политичка кариера. А после тоа еве ти кажувам се обврзувам дека ќе го почитувам твоето право на презумциум на невиност и ќе имаш можност пред судовите да ја докажуваш истата. Но, не знам дали ќе успееш во тоа. Гледавме како Заев е добар во економијата, едно евро за Вицето, па гледавме како негов адвокат брат на судијка која што го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин му овозможи привилегирана позиција на СДСМ. Па гледавме како еден функционер ладно си зема купче со пари и си го става во чантата. И отприлика таа економија по мерка на Заев и СДСМ се сведува само на ова. Многу криминал, корупција и пљачка. Секогаш кога СДСМ е на власт се случуваат овие три работи, но оваа влада е надградена и проширена, јас кажувам дека доктор по науки станала. Прво што прават е национално предавство. Втората работа е криминал и корупција. И третата работа е тоа што го заробуваат судството и обвинителството да се исперат за некои злодела од минатото и да исконструираат некои дела за политичкиот противник, кажа од говорницата Мицкоски.

На 15-ти јули ќе се најдеме на историска раскрсница. Дали да прифатиме истрошени потрошени политичари како што е госпоѓата Шекеринска која што ја гледаме, како рече Мицкоски уште од раните 90-ти од транзицијата кога се пљачкаше Македонија и нашите родители беа бркани од фабриките и пола од народот останаа на улиците. Или ќе одбереме маестро, патриот, човек кој реди успеси и надвор од Македонија и со аплаузи на странските сцени успешно ја промовира македонската култура, родољубот Игор Дурловски.

На крајот Мицкоски ги повика жителите на Крушево да го заокружат бројот 14, за обнова на Македонија. Тој кажа дека е убеден дека народот во Македонија е одлучен да оствари историска победа и ќе победи на 15-ти јули, а на 16-ти јули сите заеднички ќе ги засукаме ракавите и ќе ја кренеме нашата држава од пепелта во која што ни ја оставија Заев и СДСМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

МОН: Наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја.

Министерство за образование и наука

Четворица млади Германци се уапсени, додека полагале бели рози во куќата на Хитлер

Четворица Германци биле фатени како положуваат бели рози во куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во западна Австрија на неговиот роденденот, а една жена меѓу нив го извела нацистичкиот поздрав додека се фотографирала.

Полицијата во провинцијата Горна Австрија соопштила дека четворица Германци, две сестри и нивните партнери, на возраст од 20-ти и раните 30-ти, отишле во зградата во саботата за да положат бели рози во прозорците, објави Политико.

Тие се фотографирале пред куќата, а една од жените го извела нацистичкиот поздрав. Патролните службеници ја забележале групата и ги однеле во полициска станица на распит.

Жената рекла дека не била сериозна во врска со поздравот, но полицајците изјавиле дека нашле разговор со други на нејзиниот мобилен телефон, во кој споделувале пораки и слики со нацистички теми.

Полицијата соопшти дека ќе ги пријави сите четворица пред обвинителството поради сомневање дека го прекршиле австрискиот закон за забрана на нацистички симболи.

Хитлер е роден на 20 април 1889 година во Браунау ам Ин.

По долги расправии за иднината на куќата во која е роден, минатата година почна да се работи за нејзино претворање во полициска станица, што требало да ги одврати оние кои го величаат Хитлер и имаат намера да ја посетат.

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

притисни ентер