Мицкоски од Карпош: Ќе презентираме како до плата од 750 евра

Ќе презентираме и како ќе го формализираме тргувањето со крипто валути во полза и развој на Македонија, вели Мицкоски.

Денеска продолжуваме практично со она кое што започнавме во скопската општина Гази Баба, каде што ја имавме првата промоција на политиките под концептот „Македонија за сите луѓе". Денеска продолжуваме овдека во општина Карпош, после темата енергетика, после визијата на ВМРО-ДПМНЕ содржана во концептот „Македонија за сите луѓе во енергетиката, заштитата на животната средина", денеска од овде во Карпош ќе зборуваме како до просечна плата во еден мандат од 750 евра, односно 45.000 денари, и како до легализирање односно до формализирање на тргувањето со крипто валутите и со имплементирање „Blocкchain" технологијата.

Како наместо да станеме земја извозник на дрога и марихуана, да станеме земја која што ќе апсорбира капацитет и ќе го легализира и ќе ги апсорбира практично сите можности кои што ги нуди трговијата со крипто валутите, а верувајте ми таа не е мала.

Ќе зборувам денеска малку повеќе и за тоа. Некаде околу половина милијарда евра можат да бидат тие приходи директно во Буџетот и во македонската економија, доколку започнеме сега и бидеме практично првенци во регионот.

А, исто така денеска ќе зборуваме и за „Blockchain" технологијата која што се помалку се зборува во регионот, а во Европа и во светот и во САД е сериозна економска платформа.

Така што ценам ќе биде навистина интересно тоа што денеска ќе го зборуваме и ценам дека имаме што да понудиме на скопјани, на карпошани, но и на Македонија, посебно на овие две теми. Тука се разбира ќе зборува и професорката Гордана Силјановска Давкова за владеењето на правото, ќе зборува Гордана Димитриеска Кочоска, и професор Лазаров за актуелната состојба во економија. Така што ценам дека тоа што денеска ќе го презентираме ќе заинтрегира и ќе биде новитет на македонската политичка сцена или како што тоа сакав денеска да го презентирам пред еден мој соработник да не чекаме иднината да дојде, туку да одиме кон иднината.

Судот во Франција ја казни државата со десет милиони евра

Највисокото правно тело во Франција денеска ја казни државата со 10 милиони евра, бидејќи не успеала да го подобри квалитетот на воздухот во одредени области на земјата.

Казната доаѓа четири години откако државниот совет, кој служи како правен советник на извршниот и врховниот суд, и наредил на владата да го намали нивото на азотен оксид и честички во повеќе од 10 зони, со цел да се усогласат со европските стандарди.

Во својата одлука, судот наведе дека владата на претседателот Емануел Макрон направила премалку за да го подобри квалитетот на воздухот во одредени зони, дека нивото на штетни гасови во 2020 година е превисоко во Париз и вториот по големина град, Лион.

Спасен манастирот ,,Св Петка" од пламените јазици кај Пехчево

Натчовечките напори на жителите, пожарникарите и сите инволвирани во гаснењето ја спасија од опожарување манастир „Св.Петка” од пожарот кој повеќе од 10 часа беснее во Пехчево.

Моментално ситуацијата е под контрола, а гаснењето продолжува со четири возила кои пристигнаа на припомош од Бугарија. За време на пожарот како што информираат жителите кои цел ден учествуваа во гаснењето комбајните жнееле со цел да се спаси житото и да се спаси родот од пламените јазици.

-За среќа манастирот е спасен, изгасен е на време. Не е доцна за помошта што стигна од Бугарија бидејки има потреба од помош кај Чифлик, Умлена и Робово, бидејки од таму може да префрли многу лесно за Пехчево. Попладне дојде и хеликоптер на Армијата. Гаснеа и пожарникарите, од Шумско стопанство и населението. Се што дојде за помош е добредојдено, вели жител на Пехчево.

Додава дека според негова проценка штетата е катастрофална.

-Штетата е огромна, пределот не е најбогат но доста добар е, има доста борова шума, се е изгорено. Тоа на пладне беа страшни пламени јазици, вели тој.

Паралелно продолжува гаснењето на пожарот кај маалото Пасјак каде едно од вкупно 4 те возила кои пристигнаа како помош се вклучија во гаснење на огнената стихија над селото Нов Истевник.

Истражување: Заразата со корона е три пати помала меѓу вакцинираните

Целосно вакцинираните луѓе во Англија имаа три пати помала веројатност да бидат позитивни на коронавирус отколку невакцинираните, според британското истражување објавено денеска.

Ова е студија на научниците од Кралскиот колеџ во Лондон спроведена на 98.233 тестови за коронавирус помеѓу 24 јуни и 12 јули.

Вкупно 0,63 проценти од тестовите биле позитивни (или 1 на 158), при што процентот на позитивни кај невакцинираните изнесувал 1,21 проценти , а кај целосно вакцинираните 0,4 проценти. Студијата, исто така, посочува дека резултатите покажуваат дека вакцинираните луѓе имаат помала веројатност да го пренесат вирусот отколку невакцинираните, бидејќи количината на вирус во нивното тело е помала.

Сепак, некои британски претставници и научници повикале на претпазливост, откако владата ги олесни сите рестриктивни мерки на 19 јули, вклучително и укинувањето на задолжителното носење маски во одредени затворени простории.

Документ на американската влада протечен минатата недела предупредува дека инфекциите кај целосно вакцинираните луѓе не се толку ретки како што се мислеше и дека вакцинираните луѓе лесно можат да го пренесат вирусот.

Пол Елиот, професор во одделот за јавно здравје на Империјал Колеџот и директор за истражување, рече дека резултатите ги потврдуваат претходните податоци што покажуваат дека двојната доза на вакцината обезбедува добра заштита од инфекција.

„Сепак, ние исто така можеме да видиме дека сеуште постои ризик од инфекција, бидејќи ниту една вакцина не е 100 проценти ефикасна, и знаеме дека некои луѓе со двојна вакцинација сеуште можат да го добијат вирусот“, рече тој.

„Значи, дури и со олеснување на ограничувањата, сепак треба да дејствуваме со претпазливост за да се заштитиме едни со други и да ја спречиме стапката на инфекции“, додаде Елиот.

Бројот на дневни случаи во Велика Британија регистрирани од Министерството за здравство на Обединетото Кралство е намален по олабавувањето на мерките. Овој тренд ги изненади експертите кои предвиделе големо зголемување на бројот на заразени.

притисни ентер