Мицкоски од Битола: Изборот е помеѓу обнова или Ал Капоне политиките на Зоран Заев

Денеска е петтиот ден од кампањата за овие предвремени парламентарни избори кои ќе се случат на 15 јули.

Денеска сме овде во Битола и битолско, ќе ги посетиме и Демир Хисар и Новаци, ќе имаме разговори со жителите на Новаци и Демир Хисар секако и со битолчани.

Веќе имавме можност да разговарам и да размениме мислења во врска со актуелната состојба. Каква е состојбата овде во Битола и битолско. Луѓето сведочат за сите оние порази и неправди кои се присутни ширум целата држава. Сведочат луѓето за сите оние неисполнети ветувања, неиспорачани очекувања. Битола е сведок на пустошот кој позади себе ќе го остави ова раководство на СДСМ и Ал Капоне политиките преточени во Зоран Заев. Така што навистина можам да кажам дека изминативе 5 дена и месеците претходно можам да заклучам дека во Македонија тешко се живее, луѓето се разочарани, безнадежни, луѓето ги напуштаат родните огништа се селат надвор од државата.

Она што е актуелно денеска е практично сите оние лоши политики и мерки кои што беа поврзани со справувањето со Ковид-19 пандемијата. Исто така економската состојба е навистина разочарувачка. Имав можност да разговарам со еден претприемач овде, приватен стопанственик кој што се жали потешко од овие 3 години не било, а посебно сега навистина порази, неправди.

15 јули е денот кога еве ги повикувам граѓаните овде во Битола во битолско, Новаци, Демирхисарско, да излезат масовно и да ја подржат победничката коалиција за Обнова на Македонија.

Новинарско прашање: Денес СДСМ излегуваат со нови економски сет мерки ветуваат минимална плата 20.000 денари и просечна од 34.000. Колку според вас тоа е реално?

Одговор на новинарско прашање: Видете СДСМ имаше три години доволен период да покаже дека барем 10 % ќе испорача од тоа што ветуваа во 2016, 2017 година. Денеска ако седнете и направете анализа на нивните ветувања од тој период ќе видите дека нема повеќе од 5 % испорака од тоа што е ветено за три години и многу работи лоши се направен кои што воопшто никој не ги очекувал дека ќе ги направат. СДСМ освен порази неправди многу криминал и корупција за ништо друго не ги бидува.

Тие ветуваа и 500 евра, 30 000 илјади денари просек плата па гледате дека не сме ниту пак до 25 илјади иако наследија состојба со 22 илјади и нешто денари пред 3 години. Така што навистина јас не би можел да се потпрам на зборот на човек кој што насекаде каде што ќе ја стави раката своја, десната рака на левата страна кај срцето се колнел во жицата се колнел во најмилото, а не ја говори вистината не би можел да се потпрам на таков човек. Тоа што сега го кажува на плоштадите на средбите со граѓаните.

Избега соочување со граѓаните помасовно се обидува на контролирани соочувања со 30-40 активисти да рефлектира позиции кој што далеку од тоа дека ќе ги испорача. Но нашиот народ е умен народ и тој народ на 15 јули ќе му каже што мисли позади параванот. Го очекува дебакл и дебакл на сите негови полиња вклучително и овие антиреформски, антиекономски политики кои што се обидува сега да ги наметне. Никој веќе на Зоран Заев и на ова раководство на СДСМ не му верува.

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер