Мицкоски:Нема некој,а да не е Вице,мали Зоранчиња градоначалничиња,добро да збори за оваа власт

„Сте сретнале ли некој кој последниве неколку месеци, а да не е батето,малите Зоранчиња градоначалници,Љупчо Путерот и блиските до нив главоклимачи, значи освен оние кои што имаат полни џебови со пари, дали некој сте сретнале што збори добро за власта

Нема таков. Нема човек кој добро зборува за нив. Од друга страна за ова е свесна и власта па затоа овие денови се свртеа на поткуп. На масовен поткуп и тоа е последица на единственото сознание дека ќе ги загубат изборите, ќе ги загубат дебело", истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Делчево.

Мицкоски додаде дека поткупот кој го прават, а при што се нудат стотици евра за еден единствен глас, тоа што во Битола во игра се црни вреќи, во Велес се лицитира со бројки на крадени пари, денес се виде дека истото тоа го прават буквално секаде низ Македонија. А, Заев дели помош на одбрани фирми од буџетот на народот, тоа се потези на очајник кој се дави во сопствената кал.

„Ние во наши раце ја немаме полицијата на Спасовски, ниту пак обвинителството на Рускоска, но затоа на наша страна го имаме народот, а поткупот ако е болеста на оваа криминална власт, тогаш лекот е масовен одѕив во недела. Рано наутро да излеземе на 17-ти октомври и да го заокружиме бројот 7. Да заокружиме за идниот градоначалник на Делчево, да заокружиме за победничката листа на ВМРО-ДПМНЕ", повика Мицкоски.

Мицкоски посочи дека го слушал Заев како вчера кажувал дека ќе победел во 22 општини во првиот круг, веднаш се потсетил на шегата кога млад човек отишол на интервју на работа се пофалил дека брзо пресметува, па кога го прашале колку е 22 по 12 рекол како од пушка, милион. Работодавачите се зачудиле како може да дава вака промашена пресметка, ама тој им одговорил дека знае брзо да пресметува, а не дека знае точно да пресметува. Епа отприлика така е и со Заев кога дава прогнози.

„Како и за сé во животот драги пријатели, и на оваа тажна епизода ѝ доаѓа крајот! Народот е најврховниот судија! Тој наградува, меѓутоа тој и казнува! Громогласниот молк на тивкото мнозинство - на изборите ќе се трансформира во огромен народен тресок! Народот, молчеше, трпеше, гледаше, меѓутоа судеше и чекаше шанса", нагласи Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер