Мицкоски: Нема да прифатиме договор со Бугарија, што ќе го потпише Заев

ВМРО- ДПМНЕ нема да прифати договор со Бугарија доколку Заев го потпише, порача од прилеп лидерот Мицкоски, кој рече и дека таков евентуален договор, направен во заминување, може да има несогледливи последици.

Од утре до недела променливо време, со дожд и пад на температурите

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре до недела ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Во Скопската Котлина ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

Нови вработувања, проекти и инвестиции во „Брако“

Новите проекти и инвестиции во „Брако“ ја продолжуваат тенденцијата на отворање нови работни места и тоа во услови на дестабилизирани економски текови во светски рамки. 

Од почетокот на годинава до јули, „Брако“ вработи 74 нови лица со што во моментов компанијата брои над 600 вработени. Додека вкупниот број на вработени во Групацијата „Фероинвест“, од која што дел е и “Брако“, ја надмина бројката од 1.000. Интензивните повеќемилионски инвестиции во нови производствени хали со најсофистицирана технологија која моментално постои во светот ја одржуваат динамиката на компанијата и производствениот континуитет. Изградената нова хала од 2.200 метри квадратни за производство на топло цинкувана жица како и планираната изградба на нов погон за технолошки најсовремените „Грин Машинс“ возила на површина од 4.200 метри квадратни и целосно реновираната производствена хала од 1.000 метри квадратни со нов машински парк за производство на опружна жица се дел од стратегијата на „Брако“ за континуирани инвестиции во својот развој. Преку отворањето нови работни места, „Брако“ директно влијае на намалување на трендот на иселување и на намалување на невработеноста, со што многу млади инженери и техничари од машинската струка ја наоѓаат својата перспектива тука и започнуваат или продолжуваат да ја градат својата кариера.

Новите проекти и инвестиции во „Брако“ ја продолжуваат тенденцијата на отворање нови работни места и тоа во услови на дестабилизирани економски текови во светски рамки.

Од почетокот на годинава до јули, „Брако“ вработи 74 нови лица со што во моментов компанијата брои над 600 вработени. Додека вкупниот број на вработени во Групацијата „Фероинвест“, од која што дел е и “Брако“, ја надмина бројката од 1.000.

Интензивните повеќемилионски инвестиции во нови производствени хали со најсофистицирана технологија која моментално постои во светот ја одржуваат динамиката на компанијата и производствениот континуитет.

Изградената нова хала од 2.200 метри квадратни за производство на топло цинкувана жица како и планираната изградба на нов погон за технолошки најсовремените „Грин Машинс“ возила на површина од 4.200 метри квадратни и целосно реновираната производствена хала од 1.000 метри квадратни со нов машински парк за производство на опружна жица се дел од стратегијата на „Брако“ за континуирани инвестиции во својот развој.

Преку отворањето нови работни места, „Брако“ директно влијае на намалување на трендот на иселување и на намалување на невработеноста, со што многу млади инженери и техничари од машинската струка ја наоѓаат својата перспектива тука и започнуваат или продолжуваат да ја градат својата кариера.

Левица: Тупанчески молчи за организираната параполиција на СДС за Илинден

Скандалозен е молкот и немањето реакција на министерот за правда, Никола Тупанчески, за насилничкото и противуставно организирање на затворската полиција, заради штитење на врхушката на СДС. 

Левица денес објавува уште двајца припадници на затворска полиција од КПУ Идризово, кои надвор од законските овластувања, даваа насоки на полицајците при инцидентите на илинденската манифестација.

Се работи за Драган Ѓуриќ и Љупчо Кузмановски, кои се заеднички сликани со директорот на затворот на Шутка, Филип Андонов, за кого Левица претходно побара одговорност.

Ваквото координирано и заедничко делување на затворската полиција укажува на тоа дека се работи за организирана акција од директорите на казнено-поправните установи, а по директива на окупационата влада на СДС.

До кога министерот Тупанчески ќе го штити незаконското и насилничко делување на директорот на затворот во Шутка - Филип Андонов и директорот на КПУ Идризово - Шпенд Тахири, кои затворската полиција ја претворија во параполициска банда која малтретира обични граѓани?

До кога министерот Тупанчески ќе ги толерира манипулациите на директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски - според кого немало организирано делување на затворската полиција, спротивно на фактите изнесени во јавноста?

Правниот сектор на Левица подготви соодветни претставки и тужби против сите лица за кои има сознанија дека биле дел од ваквата насилничка структура и ќе побара нивно санкционирање.

Очигледно е дека и новиот кадар на СДС, како што беше презентиран Тупанчески, нема капацитет да излезе од антидржавното и бандитското делување на оваа партија, која државата и нејзините институции ги уништи и претвори во партиска сопственост.

Политичка партија Левица

притисни ентер