Мицкоски: Нема да прифатам ни милиметар отстапки на штета на националниот идентитет

Нема да прифатам ни милиметар отстапки на штета на националниот идентитет во преговорите со Бугарија, а Европа треба да го оствари тоа што го вети на народот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување на една телевизија рече дека нема да прифати ни милиметар отстапки на штета на националниот идентитет со преговорите со Бугарија, и побара Европа да го исполни ветеното на народот, а тоа е почеток на преговорите со ЕУ.

„Нас ни треба датум за отпочнување на преговори и таа дата до сега требаше да се случи. И ќе го повторам тоа што сум го кажал во многу наврати дека на овој народ, мал народот, во срцето на Балканот му беше ветено откако беше понижен со таа референца за името, со промена во Уставот, а промени во знамето, па добиен судски процес во Хаг, па знаете силата на посилниот важи, не важи меѓународното право, ајде и тоа го проголтавме. На крај остана онаа насилна промена на Уставот и тогаш му беше кажано ова е последното од овој момент овој мал народ во срцето на Балканот ќе биде дел од НАТО, бидејќи сака да биде, еве учествуваше во многу мисии иако не беше членка на НАТО, но храбро беше рамо до рамо со вооружените сили на НАТО Алијансата и ќе биде дело од НАТО и ќе ги започне преговорите со ЕУ. Ни ветија и барам да си го исполнат тоа", вели Мицкоски.

„Мене не ме интересира друго, тие што нас ни ветија дека ова е последно, треба тоа да го испорачаат. И на крајот на денот официјалниот став на Американскиот Стејт Департмент е дека билатералните работи треба да бидат надвор од процесот на преговори односно интеграција на Македонија", додаде тој.

„Доста е веќе отстапки национални, ВМРО-ДПМНЕ, јас лично, ниту милиметар, ниту запирка нема да поддржам такво нешто, ниту пак на памет ми паѓа такво нешто. А, уште помалку ми паѓа на памет да прифатам нешто кое што е надвор од сите мои капацитети да го прифатам како човек", дециден е Мицкоски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер