Мицкоски: Нека се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Нека се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ дотогаш продолжуваме со протестите, вечер во 19:00 пред влада

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од информативен карактер на која што Ковачевски практично го презентираше сето она кое што изминативе денови го слушаме во јавноста.

Даде свое гледање на документите кои треба да ја дефинираат преговарачката рамка и записникот од меѓувладината конференција која евентуално би требало да се одржи.

На сметка на тоа јас дадов свое гледиште на текстот и врз основа на тоа гледиште би ги изнесол следниве три заклучоци.

Прво ниту за мене лично, ниту пак за ВМРО-ДПМНЕ овие два документи вакви какви што се се прифатливи и ВМРО-ДПМНЕ, ниту јас лично имаме намера истите да ги прифатиме. И тоа е одлука не само на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Второ му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова кое што е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени парламентарни избори. Да ги ставам сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ, институционални и да и помогнеме на владата во надминување на предизвиците коишто оваа зима ќе се појават пред нас. Тука пред се мислам на безбедносни, енергетски, предизвици со храна, финансиски и така натаму. И на пролет кога ќе ја поминеме сите заедно оваа според мене, а и според многумина најтешка зима да седнеме и да направиме реавулација., репроценка на актуелната состојба. Само треба да го одбие и да рече не. Бидејќи ова не се преговори и ова не е преговарачка рамка со која што ние обезбедуваме европска иднина. Ова е преговарачка рамка со која што или се асимилираме и бугаризираме па така бидеме дел од ЕУ, или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ.

Третата работа која што му ја понудив ако толку верува дека ова е навистина е така и обезбеден идентитет, тогаш најпрвин еве во делот од заклучоците од првата меѓувладина да бидат избришани членот 11 и членот 14. Членот 11 од записникот е член кој детерминира дека Македонија нема да отпочне преговори се додека не го промени Уставот и нема да има преговарачка рамка, а членот 14 се повикува на Протоколот кој е дел од втората меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Бугарија во кои се наоѓаат историските прашања, образовните, културните прашања, промената на учебниците и се она што изминативе денови како бугарска верзија можеше јавноста да го види. Тоа е тој Протокол, членот 14. Еве да ги избришат тие два члена.

А потоа во преговарачката рамка, тоа е вториот документ каде што имаме принципи на кои се водат преговорите да ги избришат следните два члена. Делот каде што се наоѓаат годишните прегледи, тоа е делот каде што се Копенхагеншките критериуми согласно процесот на стабилизација и асоцијација. Да го избришат делот каде што стојат годишните прегледи и да го избришат делот каде што се повикуваат на записникот од втората меѓувладина конференција. И тогаш заедно да излеземе и да ја поддржиме. Овие 4 работи нека ги избришат.

Нека ги направи Брисел, нека ги избрише овие делови и да седнеме да разговараме. Ако е така како што не убедуваат дека ова обезбедува европска иднина а не асимилиација на Македонија и македонскиот идентитет.

Ќе повторам три работи. Прва веднаш да каже не, подготвен сум да се повлечам од барањето за предвремени избори, од активната блокада во Парламентот и јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе му ги ставиме сите ресурси на располагање и на владата, не мора ништо, про боно, само Македонија да ја помине оваа зима. На пролет ќе реавулираме.

Или нека ги избришат овие 4 елементи од записникот на меѓувладината и двете точки од преговарачката рамка. Повеќе од ова не знам што може да направиме за да обезбедиме европска иднина на нашата Македонија и на граѓаните на Македонија.

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Сосема на крај сакам да се обратам до македонската јавност и македонските граѓани, се гледаме вечер во 19:00 часот пред платото на Владата. Продолжуваме со протестот кој што мислиме дека во овој момент кога се брани македонскиот идентитет е= неопходен и дека сега молчењето не е опција, туку пркосот и борбата за македонскиот идентитет. За жал во 21 век Македонецот се уште се бори за својот македонски идентитет.

Со почит,

--

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски со повик за национално единство до опозицијата: Да се избориме против хаосот

Живееме во тешки времиња. Државата е во хаос, институциите се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде. 

Изгубена е довербата во политичарите, бидејќи народната волја е многупати изигрувана. Ништо не функционира. Македонија е одземена од рацете награѓаните, а граѓаните со право се скептични дали може да се промени тоа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Крива Паланка.

Мицкоски додаде дека овие избори се последна шанса за спас, промените се можни и се на дофат, а народот бара промени затоа што Македонија е изморена од чекање.

Народот нема контрола врз сопствената држава затоа што стотина луѓе од ДУИ управуваат со цела Македонија. Се создаден артаноиден режим кој е дополнуван и ослужуван од слугите од СДСМ и Ковачевски. Тие тоа го прават за да купат ден повеќе, а ДУИ за да украде милион повеќе. Оваа држава не се создаде за да им служи и биде јагма на Ковачевски, Талат, Ахмети, Бујар или Зечевиќ, туку да им служи на граѓаните на Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека СДСМ разработуваат е своевиден заговор против Македонија, наместо да поработат на понуда и план за излез од кризата, тие од ДУИ и СДС земале дигитроните и прават математика колку може да си поделат од позициите и државните функции.

- ДУИ со нивните коалициони сакале 70 посто од министерствата, компаниите, институциите, а 30 само 30 посто за СДСМ и Ковачевски. И за ова има информации дека имало веќе средби, а Ковачевски му рекол на Ахмети земи бел лист ххартија напиши колку треба за СДСМ ние ќе прифатиме. Ете на тоа дереџе падна СДСМ, и со тој образ ѓон партијата ја сведоа на најниските гранки. Од друга страна дека ова е вистина што ви го кажувам се потврдува со инаа симулација која вчера ДУИ ја направи на распределба на министерски места и владини позиции. Јадно СДСМ никаде го нема. Ќе им порачам кусо, влада не се прави со дигитрони, туку со поддршка од народ. И оваа завера нема да ви помине, истакна Мицкоски.

Според него исто така и Стево Пендаровски е активно вклучен во молење кон странците, но секоја врата му е затворена и треба да знаат дека ќе изгубат силно и убедливо.

Мицкоски им се обрати на неопределените и тивкото мнозинство велејќи дека тоа се луѓе со извонредни капацитети кои ги повика да гласаат и да ја поддржат ја опцијата која ќе ја направи Македонија повторно твоја.

- Сакам да се обратам и до македонската опозиција. До партиите кои по разни основи се расцепкани. Јас доколку не повикам на национално обединување би го погазил супстратот и идеологијата на мојата партија, затоа што ВМРО е и Демократска партија за македонско национално единство. Пред сликата на руините и хаосот кој го прави оваа власт, ви велам дека секоја наша разлика со било која опозициска партија, било тоа да е Левица или ЗНАМ е помала од големата и заедничка работа пред нас, а тоа Македонија и нашата борба да кажеме дека има надеж и дека има иднина, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека подава рака за обединување во битката против оваа ненародна власт предводена од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ, затоа што гласањето и излегувањето на овие избори не е само наше уставно право туку и чин на патриотска должност, а прифаќањето на подадената рака ќе значи дека искрено и чесно сите се бориме против оваа власт.

Изборите на 24 април, па потоа на 8 мај се таа шанса за народот. Неизлегувањето на изборите е поддршка и награда за сите оние кои се лоши политичари. Гласањето на овие избори и поддршката прво на професорката Гордана Силјановска Давкова потоа и на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија значи приклучување кон единствената сила за промени ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека „Платформа 1198“ им конкретни проекти што ќе ја обноват и ќе ја преобликуваат нашата иднина, но и кои ќе утврдат јасна траекторија за нашите граѓани.

Ветуваме економски раст до 5 %, Отворање на 55 илјади нови работни места, Фронт против корупција. Проверка на имотот на судиите и јавните обвинители и нивните семејства, 250 милиони евра за инвестиции во општините. Реорганизација на министерствата и институциите и ќе го намалиме бројот на функционери. Грижа за најранливите категории преку повеќе мерки и реформи меѓу кои и зголемување на надоместок за социјална заштита. Зголемување на пензиите за 5 000 денари за сите пензионери. Ќе обезбедиме секое дете да оди во градинка, посебна финансиска поддршка за мајките преку поврат на даноци и 6 бесплатни оплодувања ин витро, демографијата е многу важна. Поевтини сметки за струја преку укинување на тарифата за пристап до мрежа, 800 милиони евра за македонското земјоделство и уште многу други проекти, изјави Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Ковачевски: Гарантираме 30.000 денари просечна пензија, пензионерите ја изградија оваа држава

Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме она што стои во нашата програма. 

Гарантираме 30.000 денари просечна пензија, но и многу други финансиски мерки за поддршка на нашите пензионери. - порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Охрид.

Во изминатите седум години направивме многу работи. Имавме подеми и падови, но сепак, во ниту еден момент не се откажавме! Ниту кога беше најтешко, кога земјата се соочи со КОВИД пандемијата, и потоа кога се боревме со енергетска и економска криза. Цело време бевме рамо до рамо со граѓаните. Донесовме девет пакети антикризни мерки вредни 2,6 милијарди евра. Им помогнавме на над 660.000 домаќинства да не се соочат со ценовен шок од сметките за струја. Се погриживме нашите пензионери да имаат достоинствени примања и ги зголемивме пензиите за 55%. - рече Ковачевски

СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски ви нудиме јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда. Рече Ковачевски и додаде: Јас Димитар Ковачевски, во име на сите мои другарки и другари од СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да го заокружите бројот 1 и да гласате за европска иднина. Одиме на победа!, се наведува во партиското соопштение.

Трајковски: Уште повисоки пензии во новиот мандат, за подобар живот за пензионерите

Кандидатот за пратеник од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија , Горан Трајковски вечера во Кисела Вода рече: Изминативе седум години напорно работевме. 

Во сите кризи, и пандемија, и економска криза и енергетска криза, Владите предводени од СДСМ успеаја да направат многу. Обезбедивме повисоки плати, пензии, поддршка за бизнисите, за домашните компании. Во најтешкото се обезбедија и огромни средства за антикризни мерки, се заштити стандардот на граѓаните и стопанството.“

“Свесни сме за работите кои ги загрижуваат граѓаните, вечерва и ќе поразгавараме за тоа сигурно. Но, она што сакам да го кажам е дека ние досега покажавме дека имаме план. Ние нема да се откажеме од подобар живот за пензионерите, за работниците, за компаниите. Ние нема да се откажеме од европската иднината на граѓаните. Нема да се откажеме од преговорите со ЕУ. Нема да се откажеме од подобар живот за младите. - рече Трајковски

Зборувајќи за програмата за претстојните избори во која има планирани повеќе мерки за пензионерите како и покачување на пензиите од 20.000 за минимална пензија и 30.000 за просечна пензија, кандидатот за пратеник на СДСМ, Трајковски порача: Ние на дело ја покажуваме нашата заложба за подобра иднина. Во новата програма за европска иднина, се предвидени уште повисоки плати, поголеми пензии, поголема поддршка за компаниите и за земјоделците - рече Трајковски

Во своето обраќање кандидатот за пратеник од СДСМ, Трајковски кажа: „Граѓаните можат и ќе ја препознаат разликата на овие избори. Изборот е меѓу надеж и безнадежност. Меѓу тоа дали ќе одиме напред или ќе се заглавиме пак назад во минатото, нови 11 години.“

„Граѓаните знаат дека со нас нема откажување! Знаат дека нема враќање назад, затоа ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да гласате за Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ и за нашиот претседател Стево Пендаровски – им порача Трајковски на присутните граѓани вечерва во Кисела Вода, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер