Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави не се стигнува далеку - Канал 5

Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави не се стигнува далеку

Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави не се стигнува далеку
Донесување на уставните измени нема да има се додека Бугарија не ги спроведе пресудите од судот во Стразбур, дури и ако тоа го побараа стретешкиот пратнер САД, категоричен е премеирот Мицкоски. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Кенеди: СЗО е институција „на смртна постела“

Тој додаде дека СЗО е „заглавена во бирократска надуеност вкоренети парадигми, судир на интереси и меѓународна политика на моќ“.

Кенеди: СЗО е институција „на смртна постела“

Американскиот секретар за здравство и социјални политики Роберт Ф. Кенеди Помладиот обраќајќи се на годишната конференција на Светска здравствена организација преку видеопорака наведе дека СЗО е „бирократски надуена“ институција која „е на смртна постела“.

- Ги повикувам министрите за здравство од целиот свет и СЗО да го сфатат нашето повлекување од организацијата како повик за будење. Веќе бевме во контакт со земји со слични размислувања, па затоа ги охрабруваме другите да ја разгледаат можноста да ни се придружат, посочи Кенеди.

Тој додаде дека СЗО е „заглавена во бирократска надуеност вкоренети парадигми, судир на интереси и меѓународна политика на моќ“.

- Не мора да ги трпиме ограничувањата на СЗО, која е на смртна постела. Ајде да создадеме нови институции или да ги преиспитаме постојните, оние што се ефикасни, транспарентни и одговорни, истакна Кенеди.

Првиот ден од вториот претседателски мандат, Доналд Трамп најави дека ќе ги повлече САД од СЗО. Тој ја обвини СЗО дека лошо работела за време на пандемијата со Ковид-19 и за преголема блискост со Кина. СЗО ги негира обвинувањата од американскиот претседател.

Говорот на Кенеди е емитуван неколку часа откако земјите-членки на СЗО усвоија договор што треба да им овозможи поефикасно да се подготват за претстојните пандемии. Договорот гарантира дека при следна пандемија лековите, терапиите и вакцините ќе бидат глобално достапни. Исто така, се бара од производителите што учествуваат во договорот да донираат 20 проценти од своите вакцини, лекови и тестови на СЗО за време на пандемија, со што ќе се обезбеди и посиромашните земји да имаат пристап. /МИА

Невреме во францускиот департман Вар: Три лица го загубија животот

Три лица го загубија животот, а две се водат како исчезнати во невреме во францускиот департман Вар.

Невреме во францускиот департман Вар: Три лица го загубија животот

Три лица го загубија животот, а две се водат како исчезнати во невремето што денеска го погоди департманот Вар на југоистокот на Франција, соопштија официјални претставници.

Најлошо погодени во невремето се Лаванда, Борм-ле-Минос и Кавалиер, објави веб-страницата на Франсблу.

Три лица ги загубија животите во Лаванду и Видобан, соопшти жандармеријата, објави телевизиската станица БфмТВ.

Невремето траеше кратко, но беше исклучително силно, а во Вар е на сила портокалов метео аларм.

Како што се наведува, за едно утро паднаа количина дожд што паѓа за три или четири месеци.

Реката Мол се излеа по обилните врнежи од дожд, а нејзиното ниво се искачи за повеќе од 11 метри за само два часа.

Околу 200 пожарникари се ангажирани во спасувачки операции и евакуација на загрозеното население. Пожарникарите и спасувачите досега успеаја да пренесат 50 лица на безбедно место, објави префектот на департманот, Филип Мае./МИА

Каја Калас утрe или задутре ќе биде во посета на Србија

Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, денеска изјави дека во Белград утре или задутре ќе пристигне во официјална посета шефицата на ЕУ за надворешна политика Каја Калас. 

Каја Калас утрe или задутре ќе биде во посета на Србија

Како што пренесоа српските медиуми, Мацут, на осмиот „Јахорински економски форум“, рече дека Србија има исклучително амбициозен план на европскиот пат и капацитет да го спроведе, доколку нема дополнителни барања.

Тој истакна дека Србија ќе го продолжи својот пат кон Европската унија и дека постојат „многу пречки што се поставени против нашата волја“.

Претседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојец, денеска изјави дека за в четврток, во Белград е планирана средба на парламентарната опозиција со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Посетата на Калас се уште не е објавена на официјалните веб-страници на Претседателството на Србија и Владата на Србија. /МИА

притисни ентер