Мицкоски: Нашиот сигнал е дека сакаме достоинствено решение, не прифаќаме ултиматуми и уцени

Нема да влегуваме во стапицата да бидеме вовлечени во нивното предизборие изјави Мицкоски.

Сакаме достоинствено решение ултиматуми и уцени не прифакаме изјави премиерот Христиојан Мицкоски на новинарско прашање во однос на реакцијата на бугарското МНР дека процесот на евроинтеграции се засновал на сопствените заслуги и не дозволувал посредување меѓу европската унија и земја-кандидат.. Нема да влегуваме во стапицата да бидеме вовлечени во нивното предизборие изјави Мицкоски кој присуствуцваше на официјалното отпочнување на надргадбата и реконстрѕкцијата на граничниот премин Деве Баир.

Во Штутгарт имаат нов план: Мерцедес повторно го нуди поволниот дизел мотор 200 d oд 163 KS

Mercedes-Benz го најави враќањето на иконскиот дизел мотор 200 d, овој пат во нова верзија која нуди комбинација на достапност и перформанси.

За многу љубители на брендот, ознаката „200 d“ предизвикува носталгија и потсетува на класични модели со скромни, но долготрајни перформанси, пренесе Ауто Клуб.

Сега овој мотор станува дел од новата E-класа, но и од популарниот SUV GLC, со кој Mercedes цели на поширок опсег на клиенти кои сакаат сигурност и економичност на дизел.

Новиот мотор 200 d носи подобрени карактеристики со четирицилиндричен мотор со зафатнина од 1993 cm³, развивајќи 163 коњски сили со дополнителни 20 КС обезбедени од благиот хибриден систем. Вкупниот вртежен момент е 380 Nm при 1800-2800 вртежи во минута, што овозможува солидно забрзување и максимална брзина од 222 km/h во E-Class.

Забрзувањето до 100 km/h трае само 8,5 секунди, што го прави овој модел погоден за сите кои бараат оптимална комбинација на перформанси и потрошувачка.

Потрошувачката на гориво на новата E-Class 200 d, според стандардот WLTP, се движи помеѓу 5,4 и 4,7 литри на 100 km за седан верзијата, додека T-моделот (вагон) троши нешто повеќе, помеѓу 5,6 и 4, 9 литри на 100 км. Цената на лимузинската верзија во Германија започнува од 55.370,70 евра, додека уште поповолна понуда има и за моделот GLC.

GLC 200 d 4MATIC - off-road верзија со дополнителен погон

Во моделот GLC, моторот 200 d доаѓа со 4MATIC погон на четири тркала, кој овозможува подобра стабилност и безбедност на сите терени. Перформансите се нешто поскромни во споредба со E-Class, со забрзување од 8,9 секунди до 100 km/h и максимална брзина од 208 km/h. Потрошувачката во комбинираниот режим на возење е помеѓу 5,9 и 5,1 литри на 100 km, а овој мотор се нуди и во поспортската верзија на GLC Coupe, што го прави атрактивен избор за возачите кои бараат баланс помеѓу луксузот и економичноста.

Со овој потег Mercedes одговара на побарувачката на пазарот за економични и достапни мотори кои се уште не се откажуваат од перформансите. Враќањето на моделот 200 d во ново руво го претставува обидот на брендот да ја зачува лојалноста на своите долгогодишни клиенти, а во исто време дава можност за новите генерации да ја искусат традицијата и квалитетот на возилата на Mercedes-Benz.

Во октомври биле отворени само 12.000 нови работни места во САД, најмалку од декември 2020.

Само 12.000 нови работни места се отворени во САД во октомври поради негативното влијание на штрајковите и ураганите, објави американското биро за статистика на трудот (BLS).

Економистите првично очекуваа зголемување од 112.500 работни места, но потоа не ги земаа предвид последиците од екстремните временски услови и постојаните протести на работниците, пренесува Си-Ен-Ен.

Америка беше погодена од моќните урагани Хелена и Милтон кон крајот на септември и почетокот на октомври, па Бирото за статистика на трудот не можеле да ги соберат сите податоци од бизнисите лоцирани во погодените области.

Најбрз раст на вработеноста е забележан во здравството, со 52.000 вработувања, како и во државната администрација за 40.000, додека вработеноста во преработувачката индустрија е намалена за 46.000, а во службите за привремена помош за 49.000, се додава во извештајот.

Стапката на невработеност остана стабилна на 4,1 отсто, што укажува на силата на пазарот на труд во САД, додаваат од американската медиумска компанија.

Тоа е последниот извештај за вработување во САД пред претседателските избори во САД на 5 ноември.

Дневен хороскоп за 2. ноември 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 2. ноември 2024 година. 

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во своето љубовно секојдневие ќе внесете оригинални идеи , а најверојатно на ручек или вечера за само вас двајцата.

Кариера

Пред вас е убава деловна можност за добра и интересна работа , што ќе дојде ненадејно. Ќе мора бргу да реагирате.

Здравје и совет

Потсетете се што е тоа што го сакате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе минува денот, ќе забележувате како вашиот приватен живот ќе добива нов сјај и се враќа во рамнотежа.

Кариера

Ненадејно би можело да се укаже можност за деловна соработка со пријатели. Станува збор за работа поврзана со естетика.

Здравје и совет

Ќе ви недостига сила , штедете се.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И денеска е убав ден за дружење.Можете да излезете и убаво да се забавувате , било да сте сами или во двојка. Уживајте.

Кариера

Ќе продолжите со напорната работа без притисоци. Ќе се чувствувате сигурно и опуштено , а другите ќе ве поддржат.

Здравје и совет

Малите грижи уште повеќе се намалуваат.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе бидат загрижени поради осаменоста , па утеха ќе побараат во неврзано муабетење со кафе. Ќе им биде забавно , но односите се површни.

Кариера

Ќе се потрудите работата да ја завршите што побргу зашто нема да ви се работи. Резултатите ќе бидат половични , а можни се и грешки.

Здравје и совет

Размислете за своите достигнувања.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Оние кои се во врска ќе се обидат да си го збогатат својот сексуален живот заедно со партнерот. Оние кои се сами , ќе се обидат да најдат друг вид забава.

Кариера

Нема да дозволите да се занимавате со неважни работи , туку целосно ќе се посветите на вашата главна цел. Ќе бидете во право.

Здравје и совет

Држете се до познатите навики.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Среќни сте што другата страна ве разбира или барем така ви се чини. Сега запрете со празни зборови и причекајте состојбата да се подобри.

Кариера

Ако некои од вашите колеги се жали на работата, треба да му се објасни дека треба да се работи користејќи ги сопствените знаења и искуства.

Здравје и совет

Немојте да бидете премногу дрски.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе ги заборавите прашањата што ве измачуваа и во позитивен дух продолжувате понатаму. Ќе увидите дека таквиот пристап е поздрав.

Кариера

Некој сепак ќе мора да попушти , а тоа ќе биде онаа попаметната страна Прифатете ги новите предизвици кои се пред вас.

Здравје и совет

Преоден пад на имунитетот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска почнува вашиот поволен љубовен период. Се отвораат шанси за излегувања на многу интересни места.

Кариера

Оние кои работат креативна работа , ќе бидат многу современи во своето изразување и идеите. И натаму шефовите ве нервираат.

Здравје и совет

Неопходно ви е релаксирање.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Барањата за внимание кон еден член ан семејството накусо ќе ве оддалечи од саканата личност.

Кариера

Денот е добар за разработување на стручни стратегии со кои ќе ја унапредите работата на местото каде што сте вработени.

Здравје и совет

Верувајте му на вашето шесто чуло.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата верба во љубовта ќе биде доволна гаранција за да си дозволите еден на друг самостоен излез и забава во друштво.

Кариера

Ќе посакате вашата работа да биде посериозна , но тоа е само минлива желба. Всушност, се е на своето место.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе бидете разиграни и подготвени на разни палавштини. Доколку ја вклучите и смислата за хумор, би можеле убаво да се забавувате.

Кариера

Од секогаш сте ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара умешност на рацете.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе си признаете себеси дека би можело да биде и подобро , но денеска не е ден кога сте подготвени да дадете се од себе . Затоа не правете драма.

Кариера

Пуштете им на другите , а особено на надредените , да ги покажат своите планови. Вие не сте судија , туку доброинамерен соработник.

Здравје и совет

Вежбајте дисциплина.

притисни ентер