Мицкоски на вечера во Белата куќа приредена од претседателот Бајден - Канал 5

Мицкоски на вечера во Белата куќа приредена од претседателот Бајден

Присуствував на вечерата во Белата куќа која ја организираше претседателот на САД, Џо Бајден за шефови на влади и држави по повод 75 годишнината од НАТО.

Мицкоски на вечера во Белата куќа приредена од претседателот Бајден

Премиерот Христијан Мицкоски која ја предводи владината делегација во Вашингтон на НАТО Самитот по повод 75 години од формирање на Алијансата, вчера присуствуваше на вечерата во Белата куќа организирана од американскиот претседател Џо Бајден за шефовите на држави и влади учесници на Самитот.

-Присуствував на вечерата во Белата куќа која ја организираше претседателот на САД, Џо Бајден за шефови на влади и држави по повод 75 годишнината од НАТО. Оваа можност ја искористив да лобирам за Македонија и да испратам порака дека регионот наместо со минато потребно е да се занимава и гради иднина. Потребен е нов пристап и политика на аргументи, напиша Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.

Мицкоски на социјалните мрежи објави дека на маргините на НАТО Самитот имал динамичен ден со многу средби при што разговарал со црногорскиот премиер, хрватскиот претседател, унгарскиот премиер, Милојко Спајиќ, Зоран Милановиќ и Виктор Орбан, а ги издвои и состаноците и средбите со италијанската премиерка Џорџа Мелони, со шпанскиот премиер Педро Санчез, како и со соседите, бугарскиот и албанскиот премиер, Димитар Главчев и Еди Рама. Во разговорите втората порака која ја испратил е дека помина времето на корумпирани политичари кои што доаѓаат од земјава и дека мораме да зборуваме како вистински партнери, како соседи, бидејќи партнерството и добрососедството е двонасочна улица.

На средбата со Главчев било констатирано дека треба да се релаксираат односите, при што, како што наведува во објавата на Фејсбук, Мицкоски посочил дека треба да се гледа на иднината и да се користат можностите за соработка.

-Темите од минатото и отворањето на нови препреки нема да ги зближат двата народи и дека треба да се направат напори и чекори кои ќе влеат доверба меѓу државите како во периодот пред ветото и отпочнувањето на политиката на опструкции, наведува Мицкоски.

[Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објабви дека на маргините на официјалната фотосесија на лидерите на влади и шефови на држави на НАТО самитот во Вашингтон остварил кус разговор со прем]

За разговорот со Мицоски се огласи и Главчев, кој посочи станало збор за потребата од нормализација на меѓусебните односи и за нивно враќање на нивото од 2017 година кога беше потпишан Договорот за добрососедство.

Според него, кога соработката ќе биде на задоволително ниво треба да почне да се развива и поврзувањето во сите аспекти, како во транспортот, економијата...

- Но, треба да се исполнат и обврските кои што се преземени. Тука не говорам само за Северна Македонија, туку и за сите земји од Западниот Балкан. Гледате дека не ги делиме. Нашата позиција е и европската позиција дека сите држави кандидати за членство во ЕУ треба да ги исполнат барањата што им се поставени, додаде Главчев.

Во фокусот на средбата со Рама бил на развојот на регионот и градењето добри односи низ рамноправен дијалог.

-Остварив средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Регионот може да се развива само доколку забрзано се работи за иднината и просперитетот на сите граѓани. Да се фокусираме околу точките кои не обединуваат и се основа за развој и градење на добри односи. Време е да се отпочне ново време на рамноправен дијалог и искрени пријателства, порачал Мицкоски.

Тој и со порака дека ќе дадат се од себе да го повратат загубеното достоинство.

-Уште еднаш би сакал да ви посакам едно големо Македонијо ве сакаме и бидете горди бидејќи навистина даваме се од себе да го повратиме она изгубено достоинство кое што изминатите седум години, за жал го немавме, не се само овде во Вашингтон, туку насекаде во Светот бидејќи не претставуваа политичари, кои за среќа на граѓаните се сега веќе минато.

Во видео обраќањето од Вашингтон Мицкоски вели дека долго време регионот и Македонија како држава биле заложници на минатото.

-Потребно е да се фокусираме на иднината и она кое што следи со иднината. Да ја направиме Македонија повторно горда, но и да го направиме Балканот повторно горд. Да бидеме добри соседи, да се разбираме и да соработуваме. Тоа е она кое што го очекуваат граѓаните од нас, и тоа е она на кое што јас како претседател на Владата ќе бидам фокусиран во годините кои што следат, изјави Мицкоски.

Тој информираше дека македонската делегација поминала еден навистина динамичен ден, исполнет со многу состаноци и средби кои што ги ималее на маргините на НАТО Самитот. Денеска разговаравме со црногорскиот премиер, зборувавме со хрватскиот претседател, унгарскиот премиер, нормално тука би ги издвои и состаноците и средбите со италијанската премиерка Мелони, со шпанскиот премиер Санчез кој што беше заедно со мене, би рекол до мене на вечерата која што ја организираше претседателот на САД Бајден, неговата сопруга Џил Бајден, рече Мицкоски.

Истрага против дилер на марихуана од Радовиш

Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за осомничениот предложи да биде определена мерка притвор.

Истрага против дилер на марихуана од Радовиш

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Радовиш за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

- Осомничениот, во период од неколку месеци, од непознато лице набавил 80 пакувања марихуана со вкупна нето маса од околу 400 грама, која ја држел во гаража пред зградата во која живее. Од октомври 2024 до април 2025 година дрогата неовластено ја препродавал на наркозависници. При извршениот претрес на 17 април во гаражата биле откриени 36 пакувања со вкупно 180 грама марихуана наменети за натамошна продажба, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за осомничениот предложи да биде определена мерка притвор.

Сообраќајот тековно, без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Сообраќајот тековно, без застои

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

„Златен објектив“ за 2025 за доајенот Петар Богоевски

Наградата „Златен објектив“ за 2025 година денеска ќе му биде доделена на  светло-мајсторот Петар Богоевски (1952). 

„Златен објектив“ за 2025 за доајенот Петар Богоевски

Ова признание Кинотеката го доделува на филмски автори и културни работници кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Со одлука на Управниот одбор на институцијата, годинешниот „Златен објектив“ ќе му биде доделен на Петар Богоевски, светло-мајстор, кој со својот децениски ангажман, работејќи со своите колеги директори на фотографија и камермани, придонел во визуелизацијата на режисерските замисли.

Петар Богоевски (1952) професионално се посветил на филмот во 1970-тите години, најпрвин како светло-мајстор во Македонската телевизија, за веќе во 1976 година да се приклучи на екипата во „Вардар филм“ кадешто го минува сиот свој работен век, инволвиран во проекти од секакви филмски родови и жанрови. Работел речиси на сите играни филмови снимени од 1980 до 2010, со Ценевски, Гапо, Столе Попов, Манчевски, Црвенковски, Османли, Митревски, Митриќески, Блажевски, Ристески и други (од „Оловната бригада“ и „Време, води“ (1980) до „Балканкан“ и „Илузија“ (2004), „Контакт“ (2005) и „Тајната книга“ (2006)), како и на голем број документарни и краткометражни играни филмови.

Досегашни добитници на ова признание беа режисерите Столе Попов, Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловки, Мето Петровски и Коле Манев, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митревска, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков, филмските критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куноски-Доре, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Лукова-Дончиќ и Спасе Тасески, костимографите Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ, како и композиторот Љупчо Константинов.

„Златниот објектив“ традиционално се доделува на 29 април, бидејќи на тој датум во 1974 година е објавен Законот за формирање на Кинотека во „Службен весник“, како институција од општ интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење.

притисни ентер