Мицкоски на состанокот на шефови на влади на земјите од З.Балкан во рамки на Берлинскиот процес

Европската Унија нема да биде целосна без земјите од западен Балкан – ова е пораката која германскиот канцелар Олаф Шолц ја упати на отворањето на средбата на лидерите на земјите од регионот. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

ЈП „Комунална хигиена“: Се чисти снегот во сите скопски општини, отстранети неколку диви депони

Екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје изминатото деноноќие во три смени рачно и машински го чистеле снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини и во пешачките зони во централното градско подрачје.

Како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје, во скопската општина Чаир биле спроведени и вонредни активности за отстранување неколку диви депонии лоцирани на улиците „Џон Кенеди“, до ООУ „Васил Главинов“, „Славеј Планина“ - во непосредна близина на скопското Теќе и булеварот „Крсте Мисирков“ – зад ТЦ „Мавровка“.

Во рамки на овие активности биле подигнати и транспортирани 50 кубни метри непрописно одложен отпад.

Видео-Фото: Ријана во секси долна облека

Светската музичка ѕвезда Ријана „ги запали“ социјалните мрежи со својата последна објава. 

Во супер секси издание, Ријана ја најави нова колекција долна облека за Денот на вљубените, а на жешките фотографии ги покажа своите раскошни природни облини.

Иако денес е посветена на семејството и живее потивок живот, „лошата“ Ријана, која некогаш освојуваше со имиџот на непослушна девојка, сепак сака да ги покажува своите раскошни облини.

Таа го најде идеалното решение - да ја поврзе својата страст со нејзините претприемачки проекти, па одвреме-навреме ја гледаме во многу предизвикувачка долна облека, која всушност е дел од нејзината колекција „Savage“.

На социјалните мрежи се појавија нови провокативни фотографии од „убавицата од Барбадос“ со кои таа ја најави својата колекција за Денот на вљубените, на која позира во црвена чипкана долна облека, држејќи стрела и лак и играјќи го Купидон. На главата носи и видри, а опкружена е со црвени рози.

ЈП Македонијапат: Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово - Бунец

Се известуваат сите сопственици на возила на патниот правец скијачки центар Маврово - Бунец преку Никифорово и Леуново да ги отстранат возилата поради непречено работа на екипите на ЈП „Македонијапат“.

Од јавното претпријатие инфомираат дека забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато се укинува во 10.30 часот, како и оти во 09.25 часот била укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот премин Пресека.

притисни ентер