Мицкоски на состанокот на шефови на влади на земјите од З.Балкан во рамки на Берлинскиот процес - Канал 5

Мицкоски на состанокот на шефови на влади на земјите од З.Балкан во рамки на Берлинскиот процес

Европската Унија нема да биде целосна без земјите од западен Балкан – ова е пораката која германскиот канцелар Олаф Шолц ја упати на отворањето на средбата на лидерите на земјите од регионот.

Мицкоски на состанокот на шефови на влади на земјите од З.Балкан во рамки на Берлинскиот процес

Европската Унија нема да биде целосна без земјите од западен Балкан – ова е пораката која германскиот канцелар Олаф Шолц ја упати на отворањето на средбата на лидерите на земјите од регионот и претставници на унијата во рамки на Берлинскиот процес. Оцени дека берлинскиот процес според него, е најдобар инструмент, не само за регионална соработка, туку и за забрзување на европската интеграција на сите земји од западен Балкан.

-Да кажам едноставно и мислам дека говорам во име на сите собрани тука денеска. ЕУ е целосна само со западен Балкан како дел од неа. - Олаф Шолц – Канцелар на Германија.

Македонија на самитот е претставувана од премиерот Христијан Мицкоски кој на преку социјалните мрежи порача дека Европската Унија мора да ги поддржи државите кои покажуваат зрелост, одлучност и соработка за заедничката цел, а Македонија според него, прави многу на тој план. Мицкоски сподели и дека учествувал на првата сесија од Берлинскиот процес, посветена на регионалната соработка. Заедно со македонскиот премиер во Берлин се и минситерот за ватрешни работи Панче Тошковски, за европски прашања Орхан Муртезани и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Токму Муцунски по една од сесиите порача дека на состаноците била пренесена и фрустрацијата која постои од билатерализацијта на процесот на проширување на ЕУ.

На маргините на состанокот пак, премиерот Мицкоски имал и средба со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетртис, а како што соопштија од македонската влада, не се исклучени и останати билатерални средби. Во Берлин инаку, покрај претставници на официјална Атина е и техничкиот премиер на Бугарија Димитар Главчев. На Самитот традиционално учествуваат шесте држави од западен Балкан, нивните земји поддржувачи, Франција, италија, Хрватска, Словенија, Велика Британија и Полска, а од пред неколку години и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, а тоа годинава е Унгарија.

YouTube video

Седлоски: Максимално сме подготвени за враќањето во Европа

Фудбалскиот клуб Вардар актуелниот Куп освојувач на Македонија се враќа на европската сцена и утре ќе игра во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. 

Седлоски: Максимално сме подготвени за враќањето во Европа

Противник на „вардарци“ е екипата на Ла Фиорита од Сан Марино. „Црвено-црните“ важат за фаворити во овој дуел и за пласман во следната рунда.

- Имавме добри подготовки изминатиов месец и сметам дека сме добро подготвени. Вардар подолг период нема настап во европски куп, го знаеме ривалот, но ние пред се гледаме во самите нас и јас сум фокусиран на моите фудбалери. Очекувам квалитетен натпревар и да стигнеме до победа. Во фудбалот нема фаворити, затоа ќе бидеме внимателни со гостите од Сан Марино, изјави на прес конференцијата тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.

Натпреварот меѓу Вардар и Ла Фиорита се игра во утре (четврток), а почетокот е во 20:30 часот на Арената „Тодор Проески“.

Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате

Вајц нагласи дека против него се води  „масовна кампања на клевети“ која е апсолутно неоснована и дека тој целосно ги следел правилата на Европскиот парламент. 

Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате

Треба да се информирате, малку да промислите за тоа што го зборувате и да ги прочитате правилата, одговори известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната прес-конференција, на забелешките на бугарска новинарска дека неговиот кредибилитет како известувач е доведен во прашање поради наводните сомнежи дека се среќавал со македонски претставници и бил предмет на лобирање.

Вајц нагласи дека против него се води „масовна кампања на клевети“ која е апсолутно неоснована и дека тој целосно ги следел правилата на Европскиот парламент.

- Знаете дека имавме голема негативна кампања, која траеше и беше апсолутно неоснована. Ова беше извештај на ЕП за Македонија. Како може да биде неподобно да се говори со македонската страна кога јас пишувам извештај за Македонија. Можеби треба малку да промислите за тоа што го зборувате. Ви препорачувам да ги прочитате правилата, а јас се водам од сите правила на ЕП целоснно, па дури и претерувам во тоа, рече Вајца на прес-конферебцнија по по усвојувањето на извештајот за земјава во Европскиот парламент.

Тој и претходно во пишана изјава, истакна дека како известувач на ЕП за земјава неуморно работел за „добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја“, но оти „некои бугарски ервопратеници го искористиле извештајот за домашни цели“.

Зеленски: Само Москва го отфрла предлогот за средба во Ватикан за мир во Украина

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во моментов само Москва го отфрла предлогот за одржување состаноци на ниво на раководство на двете земји во Ватикан.

Зеленски: Само Москва го отфрла предлогот за средба во Ватикан за мир во Украина

Тој, по состанокот со папата Лав Четиринаесетти изјави дека предлогот за средби на ниво на лидери во Ватикан, со цел ставање крај на руската агресија и постигнување стабилен, траен и вистински мир, „останува отворен и апсолутно можен“, пренесува Укринформ.

- Во моментов, само Москва го отфрла овој предлог, како и сите други мировни предлози. Ќе продолжиме да градиме глобална солидарност за дипломатијата и понатаму да функционира, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Тој му се заблагодари на папата за поддршката на украинските деца, вклучувајќи ги и оние вратени од руско заробеништво.

- Украинските деца имаат можност за рехабилитација и одмор во Италија, и таквото гостопримство и искреност се исклучително важни. Денеска разговаравме за понатамошните напори на Ватикан да ги врати украинските деца кои беа киднапирани од Русија, наведе Зеленски.

Украинскиот претседател пристигна во посета на Италија, каде што ќе учествува на дводневната Конференција за обнова на Украина (УРЦ 2025) која почнува утре во Рим.

притисни ентер