Мицкоски: Крушевскиот манифест е носечкиот код врз кој почива оваа Македонска држава

Ова ќе биде мој трет Илинден како претседател на најголемата политичка партија, рече во денешното обраќање Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ по повод државниот празник 2 -ри Август – Илинден во село Ташмаруништа, Струга.

– Ќе започнам со Ура! За "Афтономна Македонија"!- бидејќи тоа беа зборовите од Крушевскиот манифест кој е своевидното евангелие на македонското револуционерно дело.Тоа е носечкиот код врз кој почива оваа Македонска држава и од тогаш до денес, секоја година на Св. Илија се празнува овој подвиг. И мене ми е особена чест што и оваа година сум во Струшко Ташмаруништа заедно да го одбележиме најсветлиот празник за Македонија. 117 години од Илинденското востание татни комитското УРА за слободна независна и автономна Македонија и 76 години од вториот Илинден кој ја печатираше желбата за слобода и ја круниса таа вековна епопеја на македонскиот народ за своја држава, рече Мицкоски.

Илинденците и сето она за што се бореа, подвлече, е нашата света кауза поради која и постои ВМРО, и ова не се само обични букви тоа е кодот на Македонецот преточен во слова зад кои има историска големина, и ако некој мисли дека ВМРО припаѓа само на една историска генерација, потенцира, треба да знае дека пред се тоа му припаѓа на народот, на жените и мажите, на старите, и младите, православните, католиците, муслиманите, евреите и така ќе остане.

– Супстратот на ВМРО секогаш биле западните идеи и кога многумина во 19-сетиот век зборувале за монархии, цареви и кралеви, ВМРО се формираше со идеја за "Република" и поради борба за слобода. Токму таа борба за слобода го калеше жезолот на слободата во која се вградени најголемите јунаци на оваа земја и затоа нашата слобода денес не е подарена туку тешко спечалена, говореше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашата борба за слобода има константа, рече меѓу другото, се крена Илинденското востание, а потоа продолжија партизаните и затоа што тоа е продолжение на сите претходни стремежи и поради својата храброст и пожртвуваност издвојуваше победа, по што дојде слободата и создавањето на државата.

– А сега, сето ова е обврска која не задолжува да ја одбраниме слободата секогаш кога таа ќе биде нападната. И знам дека и денес исто како и во тоа време има неправди, удари, подмолни струи кои треба да не обесхрабрат, втурнат во апатија, да се откажеме. Но, секој од вас, секој од нас треба да знае дека овој ден денес го славиме не затоа што илинденците се откажале, туку затоа што се бореле. А борбата за Македонија е вечна, исто како и идеалот за неа, истакна Мицкоски.

Во неговото обраќање, како што рече, ниту еднаш нема да ги спомене со име и презиме негповите политички конкуренти, затоа што сака да говори за многу посуштествени работи кои стануваат сериозни проблеми во нашата држава.

Според Мицкоски, станавме општество на лажни величини кои се воздигнуваат на ранг на морални судии, а кои по својата основа се трули, погрешни примери и кои доколку се компарираат со вредностите на западниот свет кон кој се стремиме, истакна, се апсолутно маргинални, ќе бидат отфрлени и неконкурентни.

– Тие самопрогласени морални судии ја глумат совеста на општеството и истураат омраза, создаваат делби, провоцираат, а всушност се маска зад која се крие немоќта на естаблишментот на власт вистински да се справи со проблемите. Поентата е таа дека државата сериозно скршнува од патот на илинденските идеали и дека сето тоа е со намера за да народот биде во апатија и мисли дека сите сме исти. А не сме. Вистински не сме, затоа што тие што се исти последниве недели ги видовме на купче собрани. А денес оние кои се товар во ВМРО душмански жестоко се обраќаат кон ВМРО, рече меѓу другото претседателот на ВМРО – ДПМНЕ.

Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извини на народот за сите грешки и неправди кои некои лица од партијата ги имаат направено бидејќи, како шторече, тие во ВМРО гледаат личен интерес, а тој во ВМРО-ДПМНЕ гледа кауза.

– Силна држава Македонија, земја на среќни луѓе, на семејства со насмевки, нашиот народ заслужува среќа, а не држава затворена од сите страни. Нашата земја мора да има европска иднина, а не затворени граници. Нашата земја мора да има правда, а не криминал и обвинителство кое го легитимира. Нашата Македонија заслужува подобра иднина, а не заслужува влада која преку огласи бара дивоградби, иако тие стојат пред нејзините очи. Нашата држава заслужува комплетно нова генерација на политичари и смена на транзициските ликови кои се сидрото на оваа држава. А нам ни треба едро и силен ветер да одиме напред. Тоа сите ние го создаваме и само ние сме покровители на сопствената судбина, рече Мицкоски.

Тој порача дека ВМРО – ДПМНЕ е најсилната, најцврстата и најголемата политичка организација во државата, и сите кои не потценуваат, истакна Мицкоски, знаат дека најважните битки ги водат најхрабрите и ние ќе продолжиме да се бориме за правда, чесност и принципи. На нашето општество му треба принципи и верба.

– Мораме да ја вратиме државата на илинденските идеали, а тоа е слободата, правдата и заедништвото. Ова е наша заедничка задача, да ја вратиме среќата кај луѓето, да се врати насмевката, вербата во државата и да се потпираме едни на други. Ова е натпревар кој се игра до последната минута, па така е и со формирањето на владата. А знам дека по овој натпревар кој го играме со целото срце, и внимавајќи на честа и угледот на ВМРО и државата, ќе дојдат и други, на кој ќе победиме, затоа што само така ќе бидеме први. А нашата победа е заедничка, рече Мицкоски.

Илинден е огнот на страствената битка за правдини, и тој е резултат на многу илиндени претходно, многу востанија и битки, потенцира меѓу другото Мицкоски и додаде дека нашата држава повторно ќе се исправи, главата горе, стаменито и гордо продолжуваме низ нови премрежја и битки за нашата заедничка среќа. /МИА

Поднесе оставка министерот за надворешни на Латвија- се возел во скапи приватни авиони

Министерот за надворешни работи на Латвија Крисјанис Каринс објави дека се повлекува поради обвинувањата за трошење народни пари во врска со скандалот со чартер летови.

Каринс денеска по средбата со премиерката Евика Силина објави дека на 10 април ќе поднесе оставка од функцијата. Парламентот веќе следниот ден може да одлучи за неговиот наследник.

Каринс беше критикуван за чартер летовите за време на мандатот на премиерот. Тој ја водеше латвиската влада од 2019 до 2023 година, а во тој период леташе околу триесет пати со приватни авиони наместо со поевтини, редовни линии.

Латвиското државно обвинителство минатата недела започна истрага за можното трошење јавни средства.

Каринс ги негира обвинувањата, тврдејќи дека летовите биле неопходни за да се заштеди време или за да може да се врати во земјата што е можно поскоро за работа поврзана со владата.

Силина рече дека Каринс ја презел политичката одговорност и дека се уште не знае кого ќе назначи за негов наследник.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Ванковска за посетата на Левица на гробот на Енвер Хоџа

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето за посетата на раководството на Левица на гробот на Енвер Хоџа, рече дека го очекувала ова прашање.

Ванковска децидно рече дека не е е член на Левица, а повика и зошто лидерот на Левица, Апасиев да не го каже тоа лично во емисија.

Водителот и главен уредник на Канал 5, Гоце Михајловски ѝ одговори дека Апасиев 11 пати бил гостин во Само интервју и Само Вистина, се додека не напиша најлоши зборови за Канал 5, што не доликуваат на професор. Додаде и дека од Хоџа не се гордеат ниту Албанците по извршените илјадници егзекуции на свои граѓани , но и на Македонци.

притисни ентер