Мицкоски: Ќe им се случи народ, прв ќе застанам што ќе го води народот

Премиерот Христијан Мицкоски, гостин во Само Интервју.

Мицкоски: Ќe им се случи народ, прв ќе застанам што ќе го води народот

Поенти:

- Сум против менување на граници, во меѓународното право не смеат да се случуваат преседани.

- Логично е да се грижиме за интересите во регионот, посакуваме час поскоро да има прекин на огнот во Украина.

- Според моите сознанија немам дилема дека НАТО сојузот ќе опстане.

- Загриженоста на опозицијата се темели на лицемерие.

- Нашата близина со ЕУ не зависи од тоа дали сме коспонзор на резолуцијата.

- Светот се менува и тоа не треба да не' изненади.

- Кога еднаш имате двоен стандард тоа станува пракса – подобро да биде тешко, отколку да биде срамно.

- Моја работа е да тропнам на сите врати и да се обидам да ги променам нештата.

- Ќе се борам и во Брисел и во Вашингтон и нема да ги гласам уставните измени додека Бугарија не ги реализира преземените обврски.

- Тоа што го зборевме, гледаме како функционира на дело –вистината е дека немаме проблем со внесување на Бугарите во уставот, туку дека не’ лажат.

- Убави моменти не’ чекаат, ајде да видиме што ние правиме на меѓународен план и какви сојузници создаваме.

- Човечките животи и парите отидоа, важна била визата на Фатмир Лимани, а не е тема крупниот криминал.

- Која правда ја очекувате од обвинителства кои се кловнови на партиски штабови

- Ќе размислуваме за новите кадри, може да си измислуваме колку сакаме, но овде има луѓе за кои имаме докази, и на крај сите процеси што ги водиме не се за да биде исто само со нови луѓе.

- Имаме извештај од оценската мисија кој дава насоки како треба да се избираат – ќе се држиме до извештајот каков е тако е.

- Граѓаните каде и да ме сретнеа на улица ме критикуваа “не правите ништо, не апсите никој, каде ви е бобрата со криминалот“.

-Ќe им се случи народ на Судскиот совет, прв ќе застанам што ќе го води народот

- На Клинички нека биде инвеститор Градски паркинг и нека направи катна гаража, немам против.

- Еве нека кажат што е незаконско, ја повикувам државната комисија за спречување на корупцијата да влезе во МНР и да констатира, ако може некој поетино да го изведе покривот, нека повели.

- Нивелирањето на останатите плати зависи од минималната плата.

- Со мартовската пензија пензионерите ќе добијат 2500 денари линеарно зголемување на пензиите.

- Зошто некој би ја намалил цената ако ние го намалиме ддв-то.

- Имам целосна доверба во сите членови на Владата, немаат сите исти перформанси, да почекаме времето да даде одговор.

- Подготвен сум да се соочам на дуел со Филипче.

Маж се удави додека го крштевале во езеро (Вознемирувачко видео)

Верска церемонија заврши трагично откако маж се удави во езеро во Гватемала.

Маж се удави додека го крштевале во езеро (Вознемирувачко видео)

Застрашувачката снимка го прикажува Мигел Сут (45) како стои на страната на водата длабока до половината додека членовите на христијанската црква се подготвуваат да крстат друг верник во езерото Атитлан во југозападниот град Сан Лукас Толиман, објави Дејлимаил.

Двајца мажи потоа се гледа како трчаат во водата кога лицето кое се крсти изгубило рамнотежа и паднало наназад во езерото. Сут се наведнал напред за да помогне, но и тој изгубил рамнотежа пред да исчезне под површината на водата во настанатиот хаос.

Неколку други луѓе скокнале во езерото за да го бараат Сут, а се слуша како жена извикува „Помош“. Дополнителните снимки покажаа дека групата се бори да стигне до брегот откако не успеале да го спасат Сут.

"О, се удавил. О, се удавил. Го нема", рекла загрижена жена во позадина.

„Го изнесуваат, нема спасувачи.

„И се удави оној во црно. Имаше уште еден“, рекол маж во близина на жената.

На друго видео се гледа како Мигел Сут е извлечен на брегот, каде што други верници се обиделе да го реанимираат додека не пристигнала брзата помош, која ја потврдила неговата смрт.

„Тоа беше моментална и очајна ситуација“, изјави Хуан Кук, еден од членовите на црквата, за порталот Centra News.

„Направивме сѐ што можевме да го спасиме, но не успеавме, не одговори на укажаната прва помош.“

Паника во град во Германија-сите во потера по 6- годишно дете со аутизам,го викаат и на разглас

Во германскиот град Вајлбург во тек е драматична потрага по момче со аутизам, Павлос (6), кое вчера исчезнало после училиште.

Паника во град во Германија-сите во потера по 6- годишно дете со аутизам,го викаат и на разглас

Околу 130 лица од итната помош трагаат по малото дете кое исчезнало во вторникот попладне. За него се загрижени спасувачите, семејството и целиот град.

Синоќа, откако момчето било пријавено за исчезнато, противпожарното возило емитувало гласовна порака од мајката која директно му се обраќа на момчето.

„Павлос, ова е твојата мајка. Излези и не се криј, те молам. Ни недостигаш“, рекла таа, пренесува RTL.

Од звучниците се пуштала и една од неговите омилени детски песни, пишува Билд.

Градоначалникот на Вајлбург, Јоханес Ханиш, утринава преку видео на Инстаграм вети дека секој камен ќе биде превртен додека не се најде Павлос, кој има аутизам.

Тој им се заблагодари на граѓаните за нивното сочувство и упати апел.

„Побарајте го Павлос во вашите градини, бараки, подруми и ќошиња! Ве молиме имајте ги очите отворени“, рече тој.

Можно е момчето да талкало по улиците или да се криело во канцелариите во градот. Сведоците последен пат го виделе Павлос на железничката станица Вајлбург во вторникот, откако тој го напуштил основното училиште.

Цела ноќ дежурале доброволци од полицијата, противпожарната служба, градот, спасувачките служби и Федералната агенција за техничка помош (ТХВ). Барале од воздух со хеликоптер, со брод во вода и со кучиња трагачи по нивите и ливадите. Денеска биле распоредени и хеликоптери и коњаница.

„Над 100 полицајци трагаат по Павлос“, велат властите.

Службите за итни случаи утрово одржаа брифинг.

„Потрагата ја опфаќа целата област Вајлбург. Ќе ги пребаруваме, меѓу другото, јавните згради во градот и визбите кои биле отворени во моментот кога момчето исчезнало“, изјавил за Билд портпаролот на полицијата Карстен Вернер.

Спасувачите веруваат дека Павлос можеби се криел и веројатно е исплашен.

Градоначалникот Ханиш го опиша момчето со корени од Еритреја како авантуристичко, желно да се искачи и да ужива во водата. Ова е и една од причините поради која интензивно се одвива потрагата покрај реката Лан.

Целиот град (околу 13.000 жители) френетично го бара исчезнатото дете. Многумина се надеваат дека момчето навистина нашло топло скривалиште во зграда, бидејќи ноќта надвор била студена на околу шест степени Целзиусови.

Како што информираат од полицијата, засега не се сомничи дека имало кривично дело.

Уапсена е мајка- монструм: За своето дете користела ремен со електричен шокер за кучиња

Жена е уапсена во округот Кејп Меј, Њу Џерси, поради наводна употреба на кучешки ремен со електричен шокер врз своето дете, соопшти локалното обвинителство.

Уапсена е мајка- монструм: За своето дете користела ремен со електричен шокер за кучиња

"Полицијата на Њу Џерси започна истрага на 17 март, откако дете дошло на училиште со видливи повреди на телото. Истрагата утврдила дека повредите биле предизвикани од кучешки ремен со електричен шокер.", соопшти обвинителството на Кејп Меј, пренесува Sky News.

Мајката на детето, 30-годишната Кимберли Круз-Фелисијано, е уапсена и обвинета за тежок напад, загрозување на благосостојбата на детето, манипулација на сведоци и други поврзани обвиненија.

Круз-Фелисијано е обвинета дека му се заканувала на детето со дополнително насилство доколку некому каже дека користела оглавник за кучиња со електричен шокер.

Уапсената Кимберли Круз-Фелисијано моментално се наоѓа во притворскиот центар Кејп Меј, во очекување на судење.

притисни ентер