Мицкоски: Кисела Вода добива европски лик

Кисела Вода добива европски лик, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ мотивирано со работа ги демантираат обидите на централната власт да ги кочи општините.

Задоволство е да се присуствува секогаш кога нешто ново се создава. Овде во Кисела Вода континуирано гледаме прогрес, гледаме како нешто ново се создава и ја користам оваа прилика да му честитам на Орце, градоначалникот, да им честитам на советниците, администрацијата, пратениците во македонското Собрание за напорите кои ги вложуваат Кисела Вода да добие навистина еден европски лик.

Сето она кое со години, би рекол и децении било запоставувано сега гледаме оди напред, се асфалтира, се работи, улици се асфалтираат, пазари се отвораат, се започнува со градба, спортски игралишта, детски игралишта. Навистина имајќи ја предвид целокупната ситуација во државата и односот на владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ кон општините каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, имајќи го предвид нивниот насилнички однос, сепак храбриот и чесниот пристап на градоначалниците, мотивираноста, само дава одговор на сето она кое го прави централната власт кон нив, односно на тој начин ги демантира сите неуспешни обиди да ги кочи во нивниот развој, да ги кочи проектите, да не реализираат проектите во општините каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Затоа ја користам секоја прилика да им честитам бидејќи овие година и половина покажаа дека со ваква ненародна влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ сепак доколку се сака и доколку се има мотив може да се постигне и она, кое на почеток делува невозможно.

Уште еднаш му честитам на Орце, градоначалникот за она што го прави во Кисела Вода, на советниците, пратениците во македонскиот Парламент и само сакам така во иднина да продолжат мотивиран, храбро одлучно до целта. А целта е да ја ослободиме Македонија од оваа ненародна влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Власта не се консултираше со ВМРО-ДПМНЕ за народната обврзница, тие треба да кажат на што ќе ги трошат парите на народот

При денешната посета на општина Кисела Вода претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што премиерот вели дека ќе се издаде народна обврзница, Мицкоски истакна дека власта треба да размисли што ќе се случи доколку ВМРО-ДПМНЕ се однесува како што се однесуваше СДСМ во 2016 кога испраќаше писма, дописи до финансиски меѓународни организации и тоа го реплицира на македонско ниво на територијата на Македонија и ги повика граѓаните да не бидат дел од криминалниот процес кој што потоа треба да биде злоупотребен за да се врши притисок на истите тие граѓани на следните избори.

„Па тоа повеќе делува на препишувач. Бидејќи сега тие видоа со општинските обврзници кои што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата почнаа да обезбедуваат дополнителни средства за реализација на капитални проекти и градоначалниците јасно ги ставаат на увид тие капитални проекти кои се, а премиерот и владата спомнуваат народни обврзници. И сега внимавајте добро повторно прават грешка бидејќи не се консултираат со опозицијата. Повторно прават грешка, затоа што ние пред да почнеме со процесот со општински обврзници ги поминавме во советот на општините. Значи и опозицијата на локално ниво беше запознаена. Сега тие не се консултираат со ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија што ќе се случи, поставувам јавно прашање ако ВМРО-ДПМНЕ се однесува како што се однесуваше СДСМ во 2016 кога испраќаше писма, дописи до финансиски меѓународни организации и ние тоа го реплицираме на македонско ниво на територијата на Македонија и ги повикаме граѓаните да не бидат дел од криминалниот процес кој што потоа треба да биде злоупотребен за да се врши притисок на истите тие граѓани на следните избори. Што ќе се случи ако упатиме еден таков повик до граѓаните? Еве нека размислат, пред да прават чекор треба да размислат, затоа што не се консултирале со ВМРО-ДПМНЕ, не го прашале ВМРО-ДПМНЕ за став затоа што ако го прашаа ВМРО-ДПМНЕ ќе кажеше добро, за што ви се парите, кажете ги проектите, ние за општинските обврзници еве ги проектите ги ставаме на увид на јавноста. Во Штип ќе се прави обиколница, ќе се прави градинка, и тн, во Гази Баба ќе се прават две училишта, две градинки, водовод, канализација, еве ги проектите. Ајде да видиме тие за што ќе ги користат парите. За проектот кој што го прогласија за епски а во суштина епски криминал, за да можат авансно да исплатат за да земат авансни провизии, еве нека размислат што прават, нема да зборувам повеќе, можеби во периодот кој што следи ќе одиме и чекор понатаму ако не се вразумат“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски: Дали дел од парите за месечни плати од 36.500 евра за специјалистите за автопатиштата ќе завршат во некои приватни џебови?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски денеска беше на увид на градежни активности во скопска Кисела Вода, каде што, меѓу другото, беше запрашан за коментар за случајот, кој што воедно го објави партијата, каде што власта за коридорите ќе ангажира дополнително уште пет специјалисти за автопатишта за месечна плата во висина од 36.500 евра.

Претседателот Мицкоски се обиде сликовито да го објасни случајот, земајќи се себеси за пример, кој како редовен универзитетски професор ги едуцира идните генерации за месечни примања од околу 900 евра, плата со која во секој случај е задоволен, а овие специјалисти за автопатишта ќе добиваат за 40 пати повисока плата.

Мицкоски додаде дека, пропорционално на плата, истите специјалисти се очекува да бидат за најмалку 40 пати поквалитетни од просекот во Македонија, или пак, прашува, дел од тие пари ќе завршат во приватни џебови.

„Ќе ви дадам преку еден пример, еве јас сум редовен универзитетски професор со повеќе од 20 години стаж, што во приватниот сектор, што на универзитетот и мојата месечна плата со која што сум задоволен е 55 илјади денари. Или тоа кога би се претворило во против вредност на евра е е околу 900 евра. Е сега тој специјалист кој што ќе зема 36.500 евра отприлика, ако мојата плата месечна е 900 евра а неговата 36.500 евра, тоа значи дека тоа е некаде околу 40 пати поквалитетен од мене, од прилика така му доаѓа, 40 пати нели, пропорционално ако гледаме. А јас себеси се сметам, барем ако ништо друго, барем за просечно квалитетен професор. Е, сега овој 40 пати треба да е поквалитетен од просекот или дел од тие пари ќе завршуваат во некои приватни џебови и тоа помножете го со минимум пет пати, бидејќи пет им требаат такви специјалисти“, рече Мицкоски.

Затоа, додава Мицкоски, кога станува збор за епски проект, треба да кажеме дека станува збор за епски криминал, при што изрази убедување дека владата не само што не е способна да го заврши проектот за коридорите, туку и дека авансите што се префрлаат, се обид предизборно да завршат во приватни џебови со кои би се вршел поткуп на претстојните и претседателски, и парламентарни избори.

„Јас сум убеден, не само што оваа влада нема капацитет да го заврши овој проект, туку сум убеден дека дел од авансите кои што сега пред избори, на трчање се префрлаат, се обид да завршат во приватни џебови, а потоа од таму да се влијае со поткуп врз гласачите за време на изборите кои што следат, и претседателски и парламентарни. И повторно прават грешка, го потценуваат народот. Народот, и покрај тоа што ќе се обидат со насилство, со поткупи, со притисоци ќе излезе и така силно ќе ги порази заедно со ВМРО-ДПМНЕ, што потоа ќе мора пред истиот тој народ да поднесат сметка и да одговараат за сиот криминал што го прават изминатите шест години“, истакна Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Украина: Секогаш знаеме каде се Путин и Пригожин, ги следиме во реално време

Воената разузнавачка служба на Украина во реално време го следи местото каде се наоѓаат Владимир Путин и основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави портпаролот на службата.

Андриј Јусов рече дека „и покрај сите обиди и напори да се сокријат овие информации“ и наводната употреба на „различни технологии, вклучително и употребата на двојници“, Русија не успева да ги скрие локациите на Путин и Пригожин.

Што се однесува до нивното место на живеење, се разбира дека знаеме каде се тие во секое време“, изјави Јусов за Киев пост. „Путин е чуван, тој е добро чувана личност. Пригожин не е таков и тој се однесува можеби најслободно меѓу рускиот естаблишмент. Сите овие информации ни се познати нам и на нашите партнери и често се следат во реално време“, додава тој.

Тој вели дека во моментов Украина нема желба или намера да го убие ниту Пригожин, ниту Путин. „Во однос на приоритетните цели, сите воени злосторници мора да бидат казнети“, рече тој.

„Како цивилизирана земја, Украина е заинтересирана казнувањето на воените злосторници во рамките на меѓународното право пред меѓународен суд. Во овој контекст, приоритет број еден за Украина и Централната разузнавачка агенција е навистина да го доведат Путин до Хаг на судење пред овој суд“, заклучи тој, пренесе Индекс.хр.

„WhatsApp“ тестира интересна опција за „Android“

„WhatsApp“ е во фаза на тестирање на функцијата за споделување екран, која црпи инспирација од платформите „Zoom“ и „Microsoft Teams“.

Според веб-страницата „WABetaInfo“, функцијата ја снима и прикажува содржината на екранот на корисникот што се споделува со лицето на другиот крај на видеоповикот.

Оваа опција се прикажува како нова икона на телефонот со стрелка која покажува настрана од уредот. По притискање на новото копче, се појавува порака со која го прашува корисникот дали сака да започне да снима или прикажува содржина на „WhatsApp“.

Пораката е придружена со известување дека „WhatsApp“ ќе има пристап до која било лозинка, фотографија или детали за плаќање прикажани на овој начин. Ако корисникот се согласува со ова, тој може да кликнете на „ Start now “. Споделувањето екран може да се прекине во секое време.

Споделувањето екран моментално е достапно само за избрани тестери на „Android“, но би требало да стане достапно за повеќе корисници во наредните недели.

Најмладата милијардерка, Елизабет Холмс заврши во затвор

Основачката на Теранос, Елизабет Холмс, се пријавила да ја отслужува 11-годишната затворска казна, јавуваат американските медиуми.

Холмс беше осудена на 11 години и три месеци затвор за измама на инвеститорите кои инвестирале во нејзиниот стартап за тестирање на крвта, чија вредност некогаш се проценуваше на 9 милијарди долари.

Таа беше осудена во јануари за три точки за измама преку интернет и една точка за заговор, откако поротата откри дека криминално ги измамила инвеститорите со лажно тврдење дека технологијата за тестирање на крвта на нејзината компанија може да дијагностицира различни болести откако земала примероци од само неколку капки крв. .

Во последната пресуда, американскиот окружен судија Едвард Давила и нареди на Холмс да плати 452 милиони долари како отштета на жртвите. Тој препорача Холмс да ја отслужи казната во женски затвор во Брајан, Тексас, пишува „Fox Business“. Судот го прифати тој предлог.

Елизабет Холмс, најмладата милијардерка, беше поздравена од медиумите како една од успешните приказни на Силиконската долина, нарекувајќи ја жена Стив Џобс, но следеа обвинувања за измама, по што вредноста на Теранос падна од 9 милијарди долари на многу помала сума. Холмс набрзо поднесе оставка и му ја препушти директорската позиција на Дејвид Тејлор, поранешниот генерален советник на компанијата.

Од почетокот на 2003 година, кога ја основаше фармацевтската компанија Теранос, преку врвот во 2014 година, кога Форбс ја прогласи за најмлада милијардерка, до последниот пад на имиџот на Холмс во јавноста, таа претрпе трансформација од млада претприемачка надеж во подем до измамник кој ги злоупотребува своите вработени.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер