Мицкоски: Какво фајде од фалбите на владата кога фрижидерите на народот им се празни

На овие избори не верувајте на тие кои постојано ви ветуваат работи за кои знаете дека неколку пати до сега ве изневериле, најдобро е да си верувате себеси и да донесете одлука која е значи промени.

Давање на шанса да изградиме една поинаква и нова заедничка иднина, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Македонска Каменица.

И на почетокот, додаде тој, сакам да ви пренесам една порака која ја видов вчера на социјалните мрежи, а која крие во себе длабока вистина, која најдобро ја отсликува хипокризијата на моменталната пропаганда на власта, за тоа колку отсутно делува нивното фалење по медиумите за работите кои не се решение за проблемите на граѓаните.

„Испечатиле СДСМ некаков флаер со пораки: НАТО - Попис - Честитки народе, итн. демек завршена работа. Ама досетливиот народ ја раскажал голата вистина на социјалните мрежи. Па таа порака од власта чија намена е да се пофалат ја гледаме фотографирана во фрижидер, арно ама фрижидерот празен. И морам да кажам убав флаер, ама какво фајде од такви фалби ако фрижидерот е празен. Не го говорам ова за да релативизирам тоа што сме членка на НАТО, но тоа што фрижидерите на народот им се празни е главната болка која сите нас не тишти. Им дадоа скапи реклами, ама фрижидерот кај народот празен. Тоа што инфлацијата го јаде семеејниот буџет, додека џебовите на обичниот народ се празнат, џебовите на власта, на таа тесна клика која се добрала до власт постојано се полнат", кажа Мицкоски.

Според него „тие гледаат да профитираат и на туѓата несреќа".

„Додека народот пати, додека народот живее крпен живот, тие не престануваат да крадат. Се сеќавате кога беше полниот ек на корона кризата, и кога немаше вакцини, стотици луѓе умираа дневно, од власта токмеа провизии при набавка на кинеските вакцини некоку пати поскапи од сите други", рече Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер