Мицкоски: Им оддавам должна почит на пожарникарите и луѓето кои се борат со огнените стихии - Канал 5

Мицкоски: Им оддавам должна почит на пожарникарите и луѓето кои се борат со огнените стихии

„Не би бил одговорен кон себе и кон сите вас доколку не кажам дека она што го затекнавме како Влада не е само запоставена држава и институции туку и ограбена и недомаќински разграбена држава по сите параметри.“

Мицкоски: Им оддавам должна почит на пожарникарите и луѓето кои се борат со огнените стихии

„Не можам да ја одбегнам неодговорноста поради неописивата радост на опозицијата поради пожарите и таа решеност и истовремено неодговорност да се прави политика од колективната несреќа и борбата на сите нас секојдневно да се стават под контрола пожарите во државата. Но и фрапантното е лицемерие за делење на лекции и памет од истите оние кои на Владата и оставија летала за гасење на пожар кои не летаат, без екипаж, институции за спасување без опрема и без било каква организираност“, изјави претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање пред присутните граѓани на Мечки Камен.

Премиерот Мицкоски рече дека политиките на ниски страсти која ја водат од СДСМ е само недостиг на визионерство, конфликтите од внатре кои сакаат да ги пренесат надвор, нивните проблеми, да станат проблеми на нацијата и давењето во калта во која сакаат сите да не повлечат.

„Политиката на ниски страсти која ја водат говори само за недостаток на визионерство, конфликтите од внатре кои сакаат да ги пренесат надвор, нивните проблеми, да станат проблеми на нацијата и давењето во калта во која сакаат сите да не повлечат. Е тоа нешто кое нема да го дозволам“, дециден е тој и додаде:

„И додека го држам овој говор сакам да им оддадам должна почит на пожарникарите и луѓето кои и денес се на терен и се борат со огнените стихии кои се предизвик со кој се соочуваат многу држави. Настапуваме организирано и работите мора да ги држиме под контрола. Ќе продолжиме независно од тоа што го слушаме што го говорат неодговорни политичари, лица да го даваме својот максимум. Ќе се бориме и во Источна и во Централна и во Западна и во Јужна и во Северна Македонија секаде каде има потреба на овие 26 илјади квадратни километри. И нема да влегувам во нивниот наратив на ловење на сеништа, ниски удари и разградување на единството“.

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Техеран поради моменталната безбедносна ситуација, соопшти Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој.

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

Претходно, Велика Британија најави привремено повлекување на членовите на семејствата на вработените во Амбасадата и во Конзулатот во Израел поради безбедносни причини.

Додека претходно привремено беа затворени Амбасадата на Словачка и Амбасадата на Австралија во Техеран.

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Со одлука на Извршниот одбор, СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во неколку општини:  Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино, само листи за советници, брифираат од партијата.

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Претходно на прес-конференција, лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги објави имињата на првите 19 кандидати за градоначалници од партијата.

За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

За Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.

За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.

За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.

За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.

За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.

За Општина Лозово, Ацо Велковски.

За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

Општина Богданци, Блаже Шопов.

Општина Дојран, Ристо Џинев.

Општина Могила - Зоран Ристевски.

Општина Неготино, Петар Мантев.

Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.

Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.

Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.

Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.

Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.

И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.

Промес екстрадиран во Холандија

Поранешниот холандски репрезентативец Квинси Промес е екстрадиран од Обединетите Арапски Емирати во Холандија, каде што ќе отслужи затворска казна за трговија со дрога и физички напад, соопшти денеска холандското Обвинителство.

Промес екстрадиран во Холандија

Холандски суд минатата година го осуди во отсуство поранешниот фудбалер на Ајакс и Спартак Москва на шест години затвор за директна вмешаност во транспорт на две пратки кокаин од Бразил преку пристаништето Антверпен во Белгија до Холандија во 2020 година.

Промес во 2023 година, исто така во отсуство, беше осуден и на 18 месеци затвор за напад во врска со тепачка во 2020 година во која избоде роднина во коленото.

Промес ги негираше сите обвиненија и поднесе жалба за двата случаи.

Триесетитригодишниот Промес, кој има 50 настапи за Холандија, беше уапсен во Дубаи во март лани на барање на холандското Јавно обвинителство додека беше во тренинг кампот на Спартак Москва.

притисни ентер