На регатата која заплови утрово од под Мало Мовче на Вардар во Велес со собир на учесниците и организаторите од Општина Велес, тие по традиција се поклонија и положија свежо цвеќе на Споменикот во чест на Гемиџиите кај Вардар во Велес, а потоа и со фрлен венец по Вардар.
На годинашната регата се вклучени околу 60-тина учесници, најголем дел од Велес, како и гости - учесници од повеќе земји, информира за МИА, Ангелче Гушев старешина на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“, организатор на регатата со поддршка на Општина Велес и фирми спонзори.
Тој појасни дека изминатиот месец имале интензивни поправки на препарирање на пловните објекти. Денеска запловија со десет гумени чамци, но големата дрвената Гемија и годинава не може да плови поради преминот кон Грција.
На првата етапа од Велес низводно по Вардар, која е во тек, учесниците вечерва ќе одморат и ноќеваат на воениот полигон Криволак, утре на 20 јуни ќе пловат се’ до Демир Капија каде и ќе ноќеваат. следниот ден се плови до Марвинци, по што се минуваат 6. км по суво, преку граница и се стигнува вечерта и се ноќева во Евзони. Потоа се плови низ Вардар во Грција, на 22 јуни учесниците ќе одморат и преспијат во Акропатомис и последната вечер на 23 јуни се стигнува по Вардар во Солун, а вечерта на плоштадот во Солун, ќе имаат заедничка средба со Солунските скаути, а кои се нивни добри пријатели и соработници. .
- Годинава имам извиднички активности во Евзони, во Поликастро и во Солун. Централната манифестација е на плоштадот во Солун , дружење помеѓу солунските и велешките извидници и нашите гости, најави Гушев.
Тие годинава на Вардарската регата запловија десеттина дена порано додека Вардар е сеуште пловен, а воедно додека ќе пловат ќе добиваат дополнителен дотур на вода од „Електрани на Македонија“, кои им ја даваат нивната поддршката за непречено пловење по Вардар.
Регатата е помогната финансиски од Европскатга скаутска органзиација, а што им овозможи набавка на нови пловила, нови мотори, за пловење низ делтата на Вардар пред Егејско море
Инаку токму со големи дрвени Гемии , велешките трговци пловеле низводно Вардар од крајот н 19 и почетокот на 20 век, носејќи роба од Велес за Солун. По тој пример од фотографија на тогашните Гемии, велешките мајстори пред 15- ттина години направија и копија на Гемија, а која потоа пловеше по Вардар на изминатите Вардарски регати од Велес до Гевгелија.