Мицкоски: И покрај сите опструкции градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ реализираат проекти - Канал 5

Мицкоски: И покрај сите опструкции градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ реализираат проекти

И покрај сите опструкции градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ реализираат проекти, за среќа на граѓаните набргу доаѓа нова влада која ќе ги поддржува сите општини.

Мицкоски: И покрај сите опструкции градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ реализираат проекти

Благодарност до Александар Георгиевски и општина Илинден за поканата за еден ваков настан до мене и потпретседателот Мисајловски, благодарност до советниците, администрацијата во Илинден што даваат натчовечки напори и покрај сите опструкции кои ги имаат од централната власт да реализираат проект повеќе за да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во општина Илинден.

Можам да кажам дека овој објект кој градоначалникот го презентираше ќе претставува објект во кој ќе бидат згрижени нашите најмили, дечињата, каде ќе можат да другаруваат и да ги стекнат оние првични основни знаења кои понатаму ќе им бидат важни во нивниот живот и развој како возрасни луѓе.

Навистина овде како општина која квалитетно се развива е потребно место повеќе во градинките, а со ова проширување на овој објект ќе се добие токму такво место каде што ќе можат повеќе десетици дечиња да бидат згрижени и на тој начин и родителите да бидат релаксирани, а тие како што кажав ќе го добијат оние првични знаења кои понатаму ќе им бидат потребни во животот.

Бидејќи брзо ќе биде реализиран овој објект до Нова година, однапред кажувам дека не очекувам оваа министерка и министерство ќе обезбедат согласност за вработување на негувателки и воспитувачки, однапред кажувам каков ќе биде политичкиот реваншизам. Но уверувам дека општината од сопствени средства ќе ангажира ако тоа е потребно, но добрата вест е што набргу отсега ќе имаме нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, па ќе можеме да ја релаксираме општината, тие пари да се пренасочат за реализација на други проекти а негувателките и воспитувачките да бидат дел министерството за труд и социјална политика кое ќе биде дел од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и да биде министерство онакво какво што е потребно за сите општини и граѓани, а не само за оние кои се дел од власта, а за оние кои власта за среќа на граѓаните, а за нивна жал нема градоначалници, ќе бидат континуирано репресирани и угнетувани и таму нема да се даваат согласности за вработување. Јас би сакал да ме демантира министерката но убеден сум дека нема да се случи.

Уште еднаш честитки, уште многу вакви проекти, посветено храбро и чесно работење е можно и покрај опструкциите, само така да се продолжи и така граѓаните ќе направат разлика дека не се сите исти туку има луѓе кои работат посветено храбро, но има и такви каква што е владата, коалицијата ДУИ и СДС кои на дневна основа само крадат.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Британската актерка и модел Елизабет Харли на специфичен начин одлучи да го прослави својот 60 роденден и влегувањето во седмата деценија од животот.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Популарната Лиз сподели фотографија на својот Инстаграм профил на која позира целосно гола, славејќи го не само својот роденден, туку и бројни животни достигнувања и нова љубов со музичарот Били Реј Сајрус.

Познатата британска актерка Елизабет Харли одлучи да го прослави својот 60-ти роденден со стил, објавувајќи провокативна фотографија која ги остави нејзините обожаватели без здив.

Таа сподели уметничка фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола на ливада, носејќи само дискретен ѓердан. Со рацете стратешки завиткани околу колената и широка насмевка на лицето, Харли ја покажа својата завидна фигура, а со објавата хумористично напиша:

- Фотографијата е направена денес попладне... во мојата роденденска облека - се пошегува таа.

Атрактивната актерка и модел инаку никогаш немала проблем да објави свои фотографии во бикини. Најверојатно бидејќи знае дека има става на која и завидуваат и тројно помладите девојки.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, е победник на трката за Големата награда на Канада,од Формула 1 првенството која вечерва се одржа во Монтреал.За Британецот од тимот на Мерцедес ова е прв триумф сезонава во Ф1.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

На подиумот по Гран прито во Монтреал се искачија и актуелниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и големото изнадување, клупскиот колега на победникот Расел, вториот пилот на Мерцедес, Кими Антонели.Ова е пвиот подиум во кариерата за Антонели.

Лидерот во Генералниот пласман, возачот на Мекларен , Оскар Пјастри стигна до четвртатата позиција со што ја зголеми својата предност на врвот на листата на возачи.

Трагичар на трката во Канада е возачот на Мекларен,Ландо Норис. При крајот на трката, тој во директен дуел со клупскиот другар Оскар Пјастри, погреши и се удри во ѕидот и заврши без поени.

Лидер во светскиот шампионат во Формила 1 е Оскар Пјастри со 198 бода, 22 повеќе од клупскиот другар Норис. Верстапен од Ред Бул е трет со 155 бода, а зад него е победникот на Голмата награда на Канада,, Расел, со 136 бода.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Провокативната инфлуенсерка и старлета Деми Роуз со провокативни фотки по подолг период се појави на социјалните мрежи.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Познатата ѕвезда на социјалните медиуми Деми Роуз со месеци не објавуваше ништо на Инстаграм и „отстранила“ од следење бројни контакти.

Обожавателите на Инстаграм на секој начин сакала да ја контактираат, дури ѝ оставале загржувачки пораки но Деми останала недостапна.

Сега британските медиуми пишуваат дека бујната Роуз сепак била активна но на друга социјална платформа, на уште еден популарен канал само за претплатници и на Снепчет.

Провокативната Деми сега ги изненадила фановите со неколку секси Инста строиња. На кои како и секогаш на радост на фановите во преден план се нејзините природни бујни облини во секси минијатурни бикини.

притисни ентер