Мицкоски и Паунов на увид во градежни активности во Карбинци

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска извршија увид во градежните работи во село Таринци, каде што се асфалтира улица. 

Се работи на проект за реконструкција на дел од главната улица во селото Таринци, која што е со површина од 2.600 метри квадратни и која што вклучува комплетно санирање односно изградба на атмосферска канализација и тротоарско решение на самата улица.

-Проектот е со вредност од 8 милиони денари и е финансиран делумно од страна на Бирото за регионален развој, а остатокот или конфинасирањето поголемиот дел исто така е од страна на Општина Карбинци, вели Паунов.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека е задоволство кога се присуствува на вакви настани, кога можете да сведочите на нешто кое претходно сте го ветувале, како што градоначалникот во кампањата за локалните избори во 2021 година ветуваше.

-Градоначалникот Паунов е оптимист, заедно со администрација овде заедно со луѓето кои се дел од тимот на Општина Карбинци е дека до крајот на втората година, практично во истекот на втората година од неговиот мандат како градоначалник речиси и ќе исполни целата програма која што ја ветуваше во кампањата за локалните избори во 2021 година, вели Мицкоски.

Истакна дека во Карбинци се очекува градежна офанзива во текот на оваа година.

-Продолжуваме да градиме, онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници продолжува да биде пример како треба да се гради најрпвин својата општина, а потоа и како ќе ја градиме Македонија после следните предвремени парламентарни избори.Јас само можам да охрабрам и да посакам уште многу вакви проекти да бидат реализирани и граѓаните овде во Општина Карбинци, иако мала општина, но со огромен потенцијал, да бидат задоволни од тоа што градоначалникот заедно со неговиот тим ќе им го работат, вели Мицкоски.

Саутемптон се врати во Премиер лигата

 Саутемптон се врати во Премиер лигата, совладувајќи го попладнево Лидс Јунајтед со 1-0 на Вембли во Лондон во финалето од плеј-офот во Чемпионшип лигата.

Фудбалерите на Саутемптон се враќаат во англиската фудбалска елита по само една година откако испаднаа од Премиер лигата.

Адам Армстронг го постигна победничкиот гол за Саутемптон во 24. минута, а Лидс се доближи до израмнување во 94. минута кога Даниел Џејмс ја погоди стативата.

Саутемптон следната сезона ќе им се приклучи на Лестер Сити и Ипсвич Таун во Премиер лигата.

Видео: Аеродром со најголемиот затворен водопад во светот!

Сингапурскиот „Скапоцен камен“ од 10 ката ги остава туристите без здив!!

Во срцето на Сингапур се наоѓа вистинскиот „дијамант“меѓу светските аеродроми – аеродромот Чанги.

Овој аеродром не е само порта кон другите делови на светот, туку и независно искуство кое остава неизбришлива трага во меморијата на патниците од целиот свет.

Аеродромот преставува беспрекорна комбинација на луксуз, иновација и природа, која ги остава сите без здив.

Четирите терминали на аеродромот и неговата централна атракција, „Jewel Changi“, формираат комплекс кој ги комбинира уметноста, архитектурата и природата во една импресивна структура.

Терминалите на аеродромот Чанги нудат широк спектар на услуги и капацитети за патниците. Од луксузни бутици и светски познати брендови во трговски центри до широк избор на ресторани кои нудат разновидна гастрономска понуда, патниците можат да уживаат во различни искуства додека го чекаат својот лет. Терминалите се опремени и со бројни салони, објекти за забава и области за релаксација, обезбедувајќи им на патниците удобност и забава додека чекаат. Неговата репутација како еден од најдобрите аеродроми во светот дополнително ги привлекува патниците кои бараат врвно патувачко искуство.

Десеткатниот комплекс „Jewel Changi“, е поврзан со терминалите 1, 2 и 3, и го претставува врвот на понудата на аеродромот. Овде има бројни атракции, вклучувајќи импресивна градина со висечки градини, спектакуларна фонтана за вода, кино на отворено и мноштво продавници и ресторани. Неговата локација на раскрсницата на воздушните линии меѓу Азија, Европа, Австралија и Америка го прави аеродромот Чанги идеална точка за поврзување и патување низ светот.

За сите патници на аеродромот посебно импресивен е водопадот „The Rain Vortex“.

Спектакуларниот водопад наречен „The Rain Vortex“, највисокиот затворен водопад во светот. Овој водопад на „Jewel Changi“, е централната атракција на аеродромот Чанги во Сингапур.

Со висина од 40 метри, овој импресивен водопад создава спектакуларна глетка додека водата тече низ стаклената купола на аеродромот. Во вечерните часови, водопадот станува уште повпечатлив кога е осветлен со разнобојно LED осветлување, создавајќи магична атмосфера за патниците и посетителите.

Инаку, иако аеродромот Чанги во Сингапур постои повеќе од 40 години, тој го доби својот модерен изглед во последните неколку години.

Во тек реставрација на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец

 Со европски пари се реставрира црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа, под надѕор на Регионалната дирекција за национална култура од Корча.

-Во тек е реставрацијата на црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, каде на виделина излегуваат дел од извонредни византиски фрески. Во исто време се поставува и надворешната врата, изработена врз основа на оригиналната, која се наоѓа во Музејот на средновековна уметност во Корча, објави општина Пустец. Со овој прекуграничен проект кој е продолжение на проектот „SmartCulTour“ ќе биде санирана и патеката до неа, а ќе биде поставено и осветлување на островот, информираа од општина Пустец.

Додаваат дека проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка и со заложба на општините Битола и Пустец, како и Дирекцијата за музеи од Битола, Регионалната дирекција за културно наследство Корча и Младинскиот културен центар од Битола.

Оценуваат дека „оваа соработка ќе го подигне односот меѓу нашите институции и држави на друго ниво“

Пештерската црква „Света Богородица“, со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерски цркви расфрлани по бреговите на Преспанското и Охридското Езеро.

Островот Мал Град се наоѓа на три километри североисточно од Пустец на југоисточниот брег на Преспанското Езеро.

Врз основа на записите сочувани на неа, оваа црква претрпела три измени. Во првиот натпис пишува дека основач на црквата е Бојко со жена му Евдокија во 1345 година. Во вториот натпис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата жена Кали, неговиот син Амирал и неговата ќерка Марија. А, третиот натпис датира во 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата е целосно живописна и е доста позната по ѕидните фрески од византискиот палеолошки стил.

притисни ентер