Мицкоски: Граѓаните на 15 јули ќе изберат Обнова на Македонија

Денеска сме овде заедно со жителите на Крива Паланка, практично е претпоследен ден од кампањата за предвремените парламентарни избори.

Денеска завршуваме овде со собир во Крива Паланка со граѓаните, претходно ќе ги посетиме и Кратово и Ранковце.

Од она кое што можев до сега да го видам и да слушнам од граѓаните практично е иста сликата секаде тажна, мачна, луѓето не се задоволни од секојдневието, не се задоволни од ова политичко мочуриште наметнато од пандемија повеќе од три години од ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев кое што гледаме цела кампања ја помина заглавено во минатото, сеуште споменувајќи некаков режим, а имаа повеќе од три години да се справат со тоа кое што они го нарекуваа режим.

Наместо денеска да бидат нивни лојални поддржувачи и верен коалиционен партнер имаа можност повеќе од три години да покажат и докажат дека тоа што го тврдеа во минатото е вистина.

Но, она што е вистина и е факт е дека ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев ја донесе нашата држава, нашата Македонија и ја претвори на дното, ја претвори во хибриден режим, а на скалата на Транспарентност Интернационал по нивото на криминал и корупција практично се наоѓаме на 106 место или би рекол на дното во Европа.

Ние какао ВМРО-ДПМНЕ изминатите 19 дена, така и денеска зборувавме за нашата понуда, зборувавме за нашиот проект Обнова кој е испитан на 360 страни, зборувавме како до повисоки плати, повисоки пензии, како до 4 милијарди евра за странски и домашни инвестиции, како до 640 милиони евра субвенции за земјоделците и нов иновативен пристап во земјоделието, како до реформи во здравството, правосудството што е есенција.

Така што имавме што да понудиме и имавме успешна кампања и цениме дека поддршката од страна на граѓаните нема да изостане во среда, а потоа да ги засукаме ракавите и сето она кое што сме го ветувале, сето она за кое што се обврзавме да го испорачаме.

Новиот Јарис пристигна на европскиот пазар

Тојота официјално ја лансираше новата генерација на Јарис во Европа.

Јарис е прв модел на јапонската компанија кој е базиран на „GA-B“ механичката платформа од „TNGA“ семејството на Тојота.

Како што велат од овој произведувал, тоа ќе ги унапреди перформансите во возењето благодарение на ниското тежиште на автомобилот и за 37% поголемата крутост во конструкцијата.

Уште еден важен новитет во овој модел е хибридниот погонски ситем.

Станува збор за четвртата генерација на хибридниот систем на Тојота кој се сочинува од 1.5 литарски бензински мотор и уште два електромоторои и литиум јонски батериии.

Бензинскиот мотор произведува 92 коњски сили.

Еден од електромоторите праќа сила на предната осовина, а развива 80 коњски сили, додека другиот, помал агрегат служи за стартување на хибридниот погонски систем.

Вкупната сила на овој хибрид е 116 коњски сили, а од Тојота се тврдат дека автомобилот во комбиниран режим на возење просечно троши 3.7 литри на 100 километри.

Автомобилот од 0 до 100км/ч забрзува за 9,7 секунди, а од 80 до 120км/ч за 8,1 секунда, што е за две секунди подобар резултат од претходната верзија на Јарис хибрид.

Унапредени се и перформанските во возење на струја, па овој Јарис може да развие и до 130 км/ч возејќи само на електричен погон.

Исто така, зголемени се дистанците на кои возилото може да вози само на струја, особено во возење во урбаните средини, но не се објавени конкретни бројќи.

Инаку, во зависност од пазарот, новиот Јарис во Европа ќе биде достапен и со 1.0 литарски бензински мотор.

Хаос во болницата во Бејрут по страотната експлозија (Вознемирувачко видео)

Вознемирувачка и шокантна снимка од бејрутската болница е објавена по вчерашната страотна експлозија во која загинаа најмалку 100 лица, а се повредени над 4.000.

На снимката се гледа ранети граѓани , кои крварат во ходниците на болницата, додека медицинскиот персонал брза да им помогнат.

Турнири во Каунас и Валеснија како „загревање“ пред стартот на кошаркарската Евролигата

Кошаркарската Евролига по долгата пауза поради пандемијата од корона се турнири во Каунас и Валеснија ја најавува новата сезона.

Со организација на претсезонски турнири на кои ќе настапат некои од најдобрите клубови во најелитното натпреварување, Евролигата најавува дека најсилното европско кошаркарско првенство се враќа во погон.

Првиот настан ќе биде во „Жалгирио“ Арената во Каунас. На турнирот во Литванија, планиран да се одржи на 12. и на 13. септември, ќе учествуваат екипите на Армани од Милано, Панатинаикос, Анадолу Ефес, и домаќинот Жалгирис.

Потоа, вниманието на евролигашката јавност се сели во „Ла Фонтета“ во Валенсија, каде на 15. и 16. септември ќе играат екипите на Баерн од Минхен, Олимпијакос, Асвел и Валенсија, во улога на домаќин на овој собир.

„Знаеме колку пропуштија нашите посветени навивачи на Евролигата. Можам да ги уверам сите дека Евролигата не заборава на нив“- порачува претседателот на Евролигата, Жорди Бертомеу. „Со овие претсезонски натпревари не само што дава една таква можност, туку на играчите, персоналот, тимовите и нас како лига ќе ни даде шанса да се подготвиме колку што е потребно за официјалните игри во октомври. Со овие два турнири сите победуваат“.

На двата турнири ќе се игра по оној вообичаен турнирски систем. Два полуфинални натпревари, по кои наредниот ден. победниците ќе играат за трофејот, а поразените за третото место.

притисни ентер