Мицкоски: Граѓаните масовно да излезат во вториот круг на изборите,нивната сила е зад параванот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од Демир Хисар ги повика граѓаните масовно да излезат на вториот круг од локалните избори и да гласаат за промени, посочувајќи дека нивна е силата зад параванот. 

Побара од премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ако ја примил пораката од граѓаните во првиот криг од изборите, да си замине веднаш.

-Зоран Заев вели дека доколку загубел на овие избори во Скопје и другите места низ државата ќе си заминел од местото премиер. Јас велам на 31-ви октомври да му помогнеме да се случи тоа. Излезете и гасајте за промени. Излезете и додека заокружувате зад параванот не заборавајте дека вие сте силата која може да се избори за промени. Не заборавајте и на тешкиот живот, на трговијата со идентитетот која ја прави Заев, за таа неправда кога министрите на државна сметка тераат луксузи додека народот се дави во сиромаштија, на ветувањата за живот, рече Мицкоски.

Според него, Заев лаже кога вели дека ја разбрал пораката од народот и оти по трет пат го кажува тоа, ама, додава, си врват тендерите за РЕК, договорите за службени ручеци и кафеани.

Мицкоски го повика Заев „да си поднесе оставка веднаш и ќе ја потпише оставката на министерот за здравство Венко Филипче и Љупчо Николовски, кој е министер за борба против корупцијата, а Македонија е најкорумпирана во Европа".

-Ако ја разбрал пораката тогаш нема да чека избори и веднаш ќе си замине. Ако ја разбрал пораката тогаш зошто не ги потпише веднаш оставките на Филипче и Љупчо Путерот. Едниот поради тоа што е министер во земја која е прва по смртност во Европа поради Ковид, вториот поради тоа што е министер во влада за борба против корупција а владата е најкорумпирана влада Европа? Еве јавно го повикувам да потпише оставка ако ја разбрал пораката, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Обвини дека Заев, како што рече, не разбрал ништо и дека продолжуваат списоците за поткуп и оти најдобар одговор на тоа е излезноста.

-Демир Хисар беше посебно подложно на таквите притисоци. Отфрлете ги стегите. Масовно да излеземе затоа што нивниот поткуп така ќе стане беспредметен, порача Мицкоски.

Неверојатен потфат: Французин на 70 метри височина ја премина Копакабана (ВИДЕО)

Одејќи по јаже, 27-годишниот Французин Нејтан Паулин го изведе својот нов потфат на воодушевување на многумина меѓу двата врва на познатиот Шеќерен рид во Рио де Жанеиро.

Паулин пешачеше петстотини метри по јажето, а до крај бил прицврстен со јаже за потпора. И добро што го направил тоа, бидејќи неколку пати изгубил рамнотежа и се лизнал.

Јажето било поставено на височина од седумдесет метри, а по целата должина под него била плажата Копакабана со капачи.

Публиката со ентузијазам ја следела прошетката, лежејќи на лежалките.

Но, Нејтан бил особено воодушевен, благодарение на прекрасниот поглед кој го пружа ова уникатно место, поради што го избрал за својата „прошетка“.

„Горе беше одлично бидејќи имате панорамски поглед од 360 степени. Од едната страна го гледате Шеќерниот Рид, потоа Корковадо. Самиот Рио е посебен по тоа што градот е помеѓу планините и морето, од сите страни имате поглед на море и планини, а стоењето над се` е незамисливо “, рече Французинот.

Нејтан долго време се подготвувал за овој потфат, но поради пандемијата морал секој пат да го одложува.

Почна судењето на данскиот голфер кој јавно уринирал во авион и напаѓал жени

Во Лондон започна судењето на данскиот играч на голф Торбјорн Олесен, кој е обвинет за сексуална злоупотреба на стјуардеса и жена и уринирање на седиште пред две години на летот од САД до Лондон.

Британската полиција го уапсила Олесен на 29 јули 2019 година под сомнение за сексуален напад на летот на Бритиш ервејс, а на 6 август тој бил официјално обвинет. Данскиот играч на голф ги отфрлил сите обвинувања, велејќи дека не се сеќава на ништо.

Сведоците го опишале неговото однесување на летот од Нешвил до Лондон како сосема бизарно.

Под дејство на алкохол, Олесен почнал да трча низ авионот, да го навредува екипажот, потоа да ја гушка и се обидел да ја бакне стјуардесата, наводно фатил друга жена за градите, уринирал на седиштето, а потоа плачел пред да заспие на своето место во бизнис класата.

„Во текот на моите 27 години кариера, никогаш не сум видела нешто слично“, рече стјуардесата. Олесен го негирал сексуалниот напад, велејќи дека никогаш свесно не би ја ризикувал својата кариера со извршување на кривично дело. Тој додаде дека земал апчиња за спиење и не се сеќава на ништо.

„Се чувствував целосно ужасно и многу ми беше жал. Не можев да верувам што зборуваат, што се случило... Засрамен сум и се чувствувам ужасно“, изјавил 31-годишниот Олесен на судењето.

Данецот, кој освои пет европски турнири во текот на својата кариера, загуби профитабилни спонзорски договори по инцидентот и падна од 50. на 400. место на ВТА.

Седуммина припадници на „сините шлемови“ загинаа во Мали

Седуммина припадници на тогоанските сини шлемови загинаа, а тројца се тешко повредени во напад со експлозивна направа во центарот на Мали, што најостро го осуди генералниот секретар на ОН.

„Денес, 8 декември, логистички конвој на мировници (MINUSMA) кој патуваше од Дуенце до Севаре, во центарот на земјата, наиде на експлозивна направа.“ објави на Твитер Мисијата на ОН во Мали (MINUSMA).

Нападот се случил во околината на Бандиагара, во провинцијата Мопти, додава MINUSMA.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш „остро го осудува овој грозоморен напад“, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик во Њујорк. Тој ги повика властите во Мали да направат се` за да ги пронајдат виновниците и да ги изведат пред лицето на правдата, додаде тој.

Врховниот командант на MINUSMA, Ел Гасим Ване, исто така „остро“ го осуди овој „кукавички“ напад, истакнувајќи во изјавата дека тоа може да се опише како „воено злосторство“.

„Оваа трагедија го зголемува бројот на жртвите на нападите врз мировниците во Мали.“

Нападот доаѓа еден ден откако MINUSMA ја објави смртта на мировниците во Дакар во понеделникот, кои биле убиени кога нивното возило наишло на импровизирана експлозивна направа на 22 ноември во близина на Тесалит, во северниот дел на Мали.

Во Мали беснее конфликт од 2012 година во кој џихадистичките групи поврзани со Ал Каеда и групата Исламска држава постојано извршуваат напади по насилството врз цивили на вооружените групи, од кои некои се нарекуваат сили за самоодбрана.

MINUSMA, распоредена во Мали во 2013 година, моментално е мировната мисија на ОН со најмногу смртни случаи во светот. До 31 октомври, 146 нејзини членови биле убиени во воените дејствија, според статистиката на ОН.

притисни ентер