Мицкоски: Граѓаните даваат поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Пред почетокот на „Дуелот за Македонија“ при пристигнувањето во Канал 5 изјава даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Доаѓам од средба со граѓани, сите им даваат поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ“ , рече Мицксоски пред почетокот на дуелот со Ковачевски.

„Добро е што Ковачевски се одважи да дојде на ТВ дебата. Очекуваме да имаме симпатична кампања, ќе водиме позитивна кампања. Граѓаните се свесни што направи СДС во иминативе шест и пол години и тие нека водат негативна кампања. Ние ќе водиме позитивна кампања, рече Мицкоски и додаде дека се надева на интересен Тв дуел.

Силно невреме го погоди северот на Италија, црвен аларм во Ломбардија (ВИДЕО)

Во Италија денеска е издадено предупредување за силно невреме и ветрови во регионот од Трст до Тоскана, а црвен метео аларм е прогласен за северниот регион Ломбардија, каде што се затворени средните училишта во Бергамо и Леко.

Прогласен е портокалов аларм за регионите Емилија, Трентино и Венето, додека жолта метеоролошка тревога е активирана во Алто Адиџе, Ромања и Лигурија, пренесува ТГ24.

Поради невремето кое го зафати езерото Комо, имало поплави и одрони, а во тек е проценка на штетите.

Надлежните предупредуваат на натамошни можни поплави и советуваат внимателност на патиштата, поради интензивните врнежи и невремето.

Поплави среде пустината Сахара, жителите не виделе толку вода со децении (ВИДЕО)

Ова лето сме сведоци на незамисливи природни феномени предизвикани од климатските промени.

Затоа неверојатни се фотографиите од Мароко направени по најголемиот дожд во последните неколку години, кој ја погоди Сахара, еден од најсушните региони во светот.

Врнежите предизвикаа поплави, а езерото кое се излеа пред половина век се наполнило со вода, објави „Дејлимејл“. Мароканските власти изјавиле дека дождот што паѓал два дена ја надминал количината на врнежи што паѓа во овој регион за повеќе од една година.

Песокот не можело да задржи толку многу врнежи, па дождот остави сини водени лагуни меѓу палмите и дините на Сахара, хранејќи некои од нејзините најсуви области со вода што ја немале видено со децении.

Пустинскиот дел на југоисточниот дел на Мароко е едно од најсувите места во светот и овде речиси никогаш не врне дожд кон крајот на летото. Во некои области наврнале повеќе од 250 милиметри дожд на метар квадратен.

Во Тагунит, село на околу 450 километри јужно од главниот град Рабат, забележани се повеќе од 100 милиметри дожд во период од 24 часа. Сателитите на НАСА покажале како вода тече во езерото Ирикуи, познатото езеро меѓу Загора и Тата кое пресушило пред 50 години.

Во пустинските заедници посетени од туристи, возилата со погон на четири тркала се пробиваа низ бари додека локалните жители гледаа зачудено.

„Поминаа 30 до 50 години откако имавме толку многу дожд за толку краток временски период“, рече Хусеин Јуабеб од Генералниот директорат за метеорологија на Мароко.

Овие дождови, кои метеоролозите ги нарекуваат екстратропска бура, можат да го променат текот на времето во регионот во месеците и годините што доаѓаат, бидејќи воздухот задржува повеќе влага, предизвикувајќи повеќе испарување и привлекување на повеќе бури.

Хаос во Стразбур: Експлозија во воз, со кој патувале европските парламентарци

Денеска се слушнала експлозија во возот кој ги превезувал евро пратениците во Брисел и патниците биле принудени да се евакуираат.

Според извештаите, се слушнала експлозија во возот кој превезувал пратеници од Европскиот парламент во Брисел.

Од локомотивата на возот на станицата во Стразбур попладнево било пријавено дека доаѓал чад.

Противпожарните екипи се на терен.

Властите побарале од сите да останат смирени и да не паничат, пишува РТБФ.

„Имаше технички инцидент во вагонот на возот на станицата во Стразбур“, потврди прес-службата на ЕП.

притисни ентер