Мицкоски: Европската иднина се претвори во политичко ,,да се биде да или не” на Зоран Заев

Ќе треба државата да ја креваме од пепел, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски од кампањата „Разговори за Обнова на Македонија - Проблеми, решенија и програма" во населбата Драчево .

Затоа ни се важни овие средби за да може да научиме кои ни се вистинските проблеми, не дека не ги знаеме. Морам да признаат дека најголемиот дел од тие проблеми ние ги живееме и се дел од нашето секојдневие, практично, но кога ќе се видиме вака очи во очи, гради во гради ќе можеме заеднички да размениме искуство за сето она кое што претставува реален проблем и за вас, во вашето секојдневие, но и за нас како политичари, дел од нас како луѓе кои што се занимаваат и со поинаква професија, еве јас сум педагог, работам и на Универзитет, работам со студенти и секојдневно некако во разговорите со овие млади луѓе добивам навигација за вистинскиот живот, за вистинските проблеми кои што се денеска реалност.

Кога ја почнавме оваа акција многумина гледаа со скепса, беа резервирани, велеа добро сега што е ова, што им текна разговори за обнова на Македонија, но морам да признаам дека денеска веќе бројката е далеку над 15.000 проблеми кои што нашите сограѓани ширум нашата држава ги доставија до нашите тимови до ВМРО-ДПМНЕ, и тоа практично треба да биде нашата водилка во периодот кој што следи посебно во оно првиот интерактивниот дел кога ќе треба да ја подготвиме нашата предизборна програма, а која што ќе биде фокусирана исклучиво и во насока на решавање на реалните проблеми на граѓаните.

И денеска европската иднина се претвори во политичко да се биде да или не на Зоран Заев, не драги мои драчевчани не е тоа вистината, Зоран Заев одамна нема да го биде. Не треба никој од нас да биде среќен зошто ние добивме не во Брисел. Треба да сме сите тажни добивме не поради корупцијата, арамилукот, пашалукот и криминалот на тој што сакаше да ја приватизира европската иднина на нашата држава и на нашите граѓани. Затоа добивме не, се останато е едно големо да, затоа што ние сме граѓани на Европа ние припаѓаме во Европа и таму е нашата иднина затоа доаѓа обновата на Македонија и загарантирана европска иднина за сите граѓани на Македонија бидејќи сите вие сите ние сме европски граѓани и заслужуваме таква иднина со систем на вредности кој што е многу поразличен од тоа што денеска го нуди Зоран Заев и СДСМ. А за тие кои што несмасно ја приватизираа агендата за европската унија веднаш после промената на власт и формирањето на новата влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМЕН јас ви гарантирам отчетност пред вас граѓаните и за секоја сторена грешка одговорност од прв до последен. Ќе повторам секој што се огрешил пред законите и осрамотил пред нас граѓаните за тоа ќе сноси одговорност и ќе одговара. Нема веќе политички касти и политичари кои што се заштитени. Секој мора кога ќе се обврзе пред граѓаните кога ќе даде заклетва во парламентот да знае дека ако греши ако злоупотребува има да одговара. Јас тоа ви го ветувам после големата победа на 12 април 2020 година.

Вучиќ со Лајчак за зголемените предизвици со кои се соочува Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Мостар, каде што е во посета, се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, со кого, како што рече, имал „отворен и конкретен разговор“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Мостар, каде што е во посета, се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, со кого, како што рече, имал „отворен и конкретен разговор“ за растечките предизвици со кои се соочува Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Уште еден отворен и конкретен разговор со Мирослав Лајчак за растечките предизвици пред нас, положбата на српскиот народ, настаните на Косово и Метохија и се помалиот простор за решавање на отворените прашања преку конструктивен дијалог и почитување на меѓународното право, напиша Вучиќ на неговиот Инстаграм профил.

Вучиќ повторил оти Србија „упорно продолжува да води одговорна и сериозна политика на зачувување на мирот и стабилноста“, како и нагласил дека за Србија „нема повлекување или компромис“ кога станува збор за безбедноста на српската народот и заштитата на националните интереси.

Британците планираат трајно да забранат купување цигари

Членовите на британскиот парламент денеска ќе гласаат за предлогот на премиерот Риши Сунак за трајна забрана за купување цигари на сегашните 15-годишници и помлади.

Иако се очекува мерката да помине, планот на Сунак да наметне едно од најстрогите правила против пушењето налути некои членови на неговата владејачка Конзервативна партија, вклучително и поранешните премиери Борис Џонсон и Лиз Трус, кои тврдат дека државата не треба да диктира како луѓето треба да го водат својот живот.

Пратениците ќе гласаат за предлог-законот како што сакаат, што значи дека не треба да гласаат по партиска линија. Сличен закон во Нов Зеланд беше отфрлен од новата коалициска влада пред да стапи на сила оваа година.

Силното противење на најавената мерка во рамките на конзервативците ќе му нанесе уште еден удар на Сунак, кој веќе е на удар на критиките од сопствената партија за прашања кои се движат од климатските промени до одбранбената политика.

Според предлог-законот, на децата родени во 2009 година и подоцна ќе им биде забрането легално да купуваат тутунски производи бидејќи, како што тврди Сунак, „може да се спречи единствената најголема причина за лошо здравје, инвалидитет и смрт“.

Планот на Сунак има поддршка од медицински експерти и добротворни организации кои велат дека 80.000 луѓе годишно умираат од пушење и многу повеќе од болести поврзани со пушењето.

Конзервативниот пратеник Сајмон Кларк верува дека забраната може да се покаже како контрапродуктивна.

„Се плашам дека забраната ќе го направи пушењето уште попривлечно и секако постои ризик од создавање црн пазар и незамислив предизвик за властите“, рече Кларк.

И покрај критиките, се очекува предлог-законот да помине. Лабуристите најавија дека ќе го поддржат.

Извор: Индекс.хр

Писонеро: Еврокомисијата го одобри Планот за реформи и инвестиции во Украина

Планот се базира на Украинскиот механизам и гарантира дека на Украина ќе и се овозможи финансирање за одржување на нејзината администрација во функција, за исплата на плати и пензии.

Европската комисија донесе Одлука со која даде позитивна оценка за спроведување на Планот за Украина, кој претставува сеопфатната стратегија за реформи и инвестиции во земјата за следните четири години, информира денеска портпаролката на ЕК за соседска политика и проширување Ана Писонеро.

- Планот се базира на Украинскиот механизам и гарантира дека на Украина ќе и се овозможи финансирање за одржување на нејзината администрација во функција, за исплата на плати и пензии, за обезбедување на основни јавни услуги и за да ги поддржи обновата и реконструкцијата додека продолжува да се брани од руската агресија, изјави Писонеро.

Таа потенцира дека исплатата на 50-те милијарди евра предвидени со Механизмот во следните четири години, ќе зависи од имплементацијата на договорените реформи и инвестиции наведени во Одлуката, како и под услов Украина да продолжи да ги поддржува и почитува демократските механизми.

- Планот, исто така, обезбедува рамка за управување со обновата, реконструкцијата и модернизацијата на Украина и содржи соодветни механизми и аранжмани за заштита на финансиските интереси на ЕУ, преку обезбедување на ефективна имплементација, следење и известување, додаде Писонеро.

Комисијата проценува дека Планот за Украина е усогласен и избалансиран со целите на Украинскиот механизам за справување со предизвиците на Киев на патот кон членство во ЕУ и како одговор на потребите за обнова, реконструкција и модернизација на земјата, со што ќе се поттикне одржливи економски раст и ќе се привлекуваат инвестиции за засилување на потенцијалот за раст на државата на среден и подолг рок.

Планот идентификува 69 реформи и 10 инвестиции, поделени на 146 квалитативни и квантитативни показатели.

Реформите предложени во Планот за Украина опфаќаат 15 области, вклучувајќи ги енергијата, земјоделството, транспортот, зелената и дигиталната транзиција, човечкиот капитал, како и државните претпријатија, деловното опкружување, јавните финансии и децентрализацијата.

Целта на реформите е да ги подобрат макроекономската и финансиската отпорност и управувањето на Украина, да ги зголемат капацитетите и ефикасноста на администрацијата, одговорноста и интегритетот на судството, да го поддржат развојот на приватниот сектор и да создадат амбиент погоден за одржлив економски раст.

Инвестициите, пак, се наменети за областите на човечкиот капитал, енергијата, транспортот, земјоделско-прехранбениот сектор, деловното опкружување и регионалните политики.

Земјите членки на ЕУ сега имаат рок од еден месец за усвојување на оваа Одлука на Европската комисија. Усвојувањето на Одлука за спроведување на Планот ќе и овозможи на Комисијата да и исплати на Украина 1,89 милијарди евра во форма на предфинансирање, додека не започнат редовните исплати поврзани со спроведувањето на реформските и инвестициските индикатори утврдени со документот.

притисни ентер