Мицкоски до Филипче: Да одиме на предвремени парламентарни избори со локалните

Да одиме на предвремени парламентарни избори заедно со локалните следната есен- ваква понуда му даде премиерот Мицкоски на лидерот на СДСМ Филипче на нивното прво собраниско соочување на седница за пратенички прашања.

Ова доаѓа по обвинувањата на претседателот на опозициската партија кој рече дека актуелната власт ги излажала гласачите пред избори дека нема да ја користат придавката „северна“, а сега со гордост зборувале за преспанскиот договор. Филипче и лично го праша Мицкоски кој е планот за евроинтеграциите на Македонија, за што тој му одговори дека сега Владата ги поправала грешките направени во изминатите седум години.

-Оваа дволичност и врвно политичко лицемерие треба да се изучува во книгите за манипулација со граѓаните. Велевте дека ќе го вратите мандатот ако некогаш кажете Северна. Па ајде премиере, еве сега е шанса во Собранието да го вратите мандатот. Наместо тоа, вие и вашите министри на мала врата почнавте да го користите уставното име, а некои богами и гордост го изговараат. Со ова покажавте дека вашата политика нема никаков ’рбет.- Венко Филипче – претседател на СДСМ.

-Ако сакате да одиме на избори, да се провериме. Заедно со локалните (избори), може да одиме. Ако сакате, одма сега да ја договориме работата. Но да не се удавите во длабокото, каде што ве носат... -Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Се отвори и темата за сертификатите и работното искуство на директорот на АНБ Бојан Христовски – додека опозицискиот лидер тврди дека тој е човек од партија и има само 5 години работен стаж во безбедносните служби, премиерот уверува дека новиот директор ги исполнува условите со девет години искуство и овој сектор не треба да се политизира. Мицкоски и Филипче си поделија и документи како докази за нивните аргументи.

-Ова се документи доставени од нас од свиркачи. Изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување. Со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување а тоа е 5 години стаж на раководни позиции. Дали премиере конечно ќе го разрешите Христовски од директорската позиција во АНБ? Венко Филипче – претседател на СДСМ.

-Јас ќе ви покажам сличен сертификат од личност која седи до вас. Знаете колку има вакви сертификати, сакате да ги видите сертификатите за директорите кои што ги назначи СДСМ? Еве нема да ги вадам еден по еден, сакате да ги вадам еден по еден? Еве нема да ги вадам.. Овие ќе ги сочувам за мене и ќе му ги дадам на министерот за внатрешни работи. Тука е еве поранешниот министер за внатрешни работи, до него често допираше гласот. Но, за жал, немаше резултати кога стануваше збор за опозицијата. Но, затоа се дигаа дронови над мојата куќа, - Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

На седницата се дебатираше и за договорот со Бехтел и Енка за што премиерот кажа дека бараат начин да го декласифицираат целосно за јавноста да има увид што договорила претходната влада, а не изостанаа ниту дневните меѓупартиски обвинувања. Ова се први пратенички прашања откако е формирана новата влада.. Со новиот деловник освен редовното одржување еднаш месечно, опозиционерите ќе имаат можност да поставуваат прашања до премиерот и министрите и на друга седница во текот на месецот во времетраење од два часа на самиот почеток.

Пентагон го засилува военото присуство на Блискиот Исток- испраќа бомбардери, воени авиони...

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави распоредување бомбардери, борбени авиони и воени бродови на Блискиот Исток за да го зајакне американското присуство во регионот, соопшти Пентагон.

Портпаролот на американското Министерство за одбрана, Пат Рајдер, рече дека Остин наредил распоредување на неколку бомбардери Б-52 Стратофортрес, ескадрила борбени авиони, авиони за полнење гориво и уништувачи на морнарицата, пренесе АП.

Единицата се очекува да започне да пристигнува во регионот во наредните месеци додека носачот на авиони УСС Абрахам Линколн се подготвува да се врати во САД.

Рајдер истакна дека последната одлука на Остин ја покажува способноста на САД брзо да распоредат сили низ светот како одговор на заканите за националната безбедност.

„Доколку Иран или неговите партнери целат на американскиот персонал или интереси во регионот, САД ќе ги преземат сите неопходни мерки за да го заштитат сопствениот народ“, додаде тој.

Според планот, носачот на авиони УСС Абрахам Линколн и три разурнувачи во својата група бродови до средината на месецот ќе го напуштат Блискиот Исток и ќе се вратат во матичното пристаниште во Сан Диего.

Том Круз планира снимање продолжеток на еден од своите акциски филмови (ВИДЕО)

По успехот на акциониот блокбастер Top Gun: Maverick, Том Круз планира да направи продолжение на уште една акциона класика на која работеше со студиото Paramount Pictures.

Според The ​​Hollywood Reporter (THR), ѕвездата од Mission Impossible е заинтересирана за продолжение на спортскиот хит од 1990 година Days of Thunder, кој го режираше Тони Скот, покојниот брат на Ридли Скот и режисер на оригиналниот Top Gun.

Во филмот, Круз го толкуваше младиот возач на Формула 1, Кол Трикл, кој е регрутиран во тркачки тим кој се натпреварува на трките на НАСКАР. Иако му е потребно време за да се навикне на новиот болид, Кол наскоро го победува својот голем ривал Роуди Барнс (Мајкл Рукер).

Главните улоги во филмот ги толкуваа Круз, Никол Кидман, Роберт Дувал и Ренди Квејд, а во споредните улоги се појавија возачите на НАСКАР, Расти Валас, Нил Бонет и Хари Гант. Поранешните сопружници Круз и Кидман се запознале за време на снимањето, а се венчале неколку месеци по премиерата на филмот.

За разлика од Top Gun, кој беше и критички и комерцијален успех, Days of Thunder ги подели критичарите, но заработи 157 милиони долари на бокс офисот. Иако критиките не беа одлични, спортската класика Days of Thunder сè уште има многу обожаватели, вклучувајќи го и Квентин Тарантино.

Едно време, Paramount планираше да сними рестартирање на филмот, но во форма на телевизиска серија, но Круз го одби проектот во 2022 година бидејќи сакал да сними продолжение.

Инсајдер открил за THR дека студиото моментално бара сценарист за продолжението, а целиот проект зависи од тоа дали Круз ќе успее да вклопи уште еден филм во неговиот и онака напорен распоред. Имено, актерот наскоро ќе започне со снимање на нов филм на Алехандро Г.Ињариту, режисерот на Повратник, а работи и на нов филм на Даг Лиман и продолжение на Маверик, кој моментално е приоритет.

Круз ќе го гледаме следната година во најновиот дел од Mission Impossible, чија премиера ќе биде на 23 мај.

Грчките власти им забраниле влез на албанските новинари за да присуствуваат на собирот на Рама

Грчките власти не им дозволиле влез на албанските новинарски екипи кои требало да ја следат утрешната средба на премиерот Еди Рама со албанската дијаспора во Солун.

- Новинарите беа запрени со образложение дека не ја запазиле регуларната процедура. Од нивна страна е демантирано ова образложение на грчките власти наведувајќи дека надлежните се известени за имињата на медиумските работници кои ќе одат во Солун, објави Ора њуз.

Според албанските новинари, грчката гранична полиција не им дозволила да поминат без да добијат овластување од грчкото МНР.

- Во меѓувреме во Солун веќе се пристигнати припадници на албанската национална гарда и специјалната единица "Ренеа", кои заедно со грчката полиција ќе се грижат за обезбедување на настанот, наведува телевизијата.

Средбата во Солун е закажана за 11 часот, а грчките десничарски екстремистички групи најавиле дека ќе протестираат пред салата каде што ќе се одржи средбата на премиерот Рама со албанската дијаспора.

притисни ентер