Мицкоски: Чекорите кои ги презема Бугарија не се во духот на пријателството - Канал 5

Мицкоски: Чекорите кои ги презема Бугарија не се во духот на пријателството

Добрососедството е приоритет за партијата и за државата, но чекорите кои ги презема Бугарија не се во тој дух и затоа е неопходен референдум, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Чекорите кои ги презема Бугарија не се во духот на пријателството

Тврди дека над 50 отсто од граѓаните се за укинување на договорот од 2017та, а за со оглед на ставот на власта и претседателот Пендаровски, тројни избори според него се најдоброто решение граѓаните да го дадат последниот збор. Каков и да е исходот, ние ќе го почитуваме, вели Мицкоски.

-Немам ништо против тоа што доаѓа како официјална позиција на Берлин, Вашингтон, Париз, Лондон, Брисел итн. Но, имам против тоа што доаѓа како официјална позиција на Софија затоа што таа позиција не е нити добрососедска, нити пријателска. И затоа да бидеме на сигурната страна, да бидеме овој пат самите тие кои што ќе одлучуваме. – Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе ја поднесе во Собранието иницијативата за референдум. Најпрво треба да го помине филтерот на две комисии каде што се утврдува само дали е уредна или не, а потоа пленумот треба да ја потврди на седница по што се отвора патот за собирање на 150 илјади граѓански потписи. Координаторот Мицевски рече дека формалните и техничките детали за доставување се испочитувани, а следно е Собранието кое мора да постапи.

-Се надевам дека претседателот на Собранието нема да користи некои негови познати методи и дека уредноста на Иницијативата ќе биде утврдена и истата ќе почне со процедура во Собрание онака како што налага и Деловникот за работа и како што налага и законот за Референдум и други видови на граѓанско изјаснување, – Никола Мицевски – координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ.

Власта има сосема спротивни очекувања за успешноста на референдумот и волјата на граѓаните. Обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има намера да ја уназади државата на евроинтеграцискиот пат, а референдумот е процес за партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа иницијатива е едно ретерирање, еден ретрограден процес, којшто има за цел да ја одведе Македонија во едни изолации, во едни минати времиња. Како парламентрано мнозинство ние сме на иста линија во намерата и целта да се изоди европскиот пат на државата. Процеси против ЕУ се осудени на неуспех.– Мартин Костовски – пратеник од СДСМ.

Од Собранието велат дека Џафери се уште ја нема примено иницијативата. Неодамна собранискиот спикер изјави дека кога ќе дојде ред, тој ќе ја стави иницијативата пред пратениците и ќе ги почитува деловничките обврски. ВМРО-ДПМНЕ предлага задолжителен референдум, а за да биде успешен треба да излезат над 900 илјади гласачи, од кои повеќе од половина ќе гласаат ЗА поништување на договорот.

YouTube video

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Со одлука на Извршниот одбор, СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во неколку општини:  Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино, само листи за советници, брифираат од партијата.

СДСМ нема да кандидира градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

Претходно на прес-конференција, лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги објави имињата на првите 19 кандидати за градоначалници од партијата.

За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

За Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.

За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.

За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.

За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.

За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.

За Општина Лозово, Ацо Велковски.

За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

Општина Богданци, Блаже Шопов.

Општина Дојран, Ристо Џинев.

Општина Могила - Зоран Ристевски.

Општина Неготино, Петар Мантев.

Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.

Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.

Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.

Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.

Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.

И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.

Промес екстрадиран во Холандија

Поранешниот холандски репрезентативец Квинси Промес е екстрадиран од Обединетите Арапски Емирати во Холандија, каде што ќе отслужи затворска казна за трговија со дрога и физички напад, соопшти денеска холандското Обвинителство.

Промес екстрадиран во Холандија

Холандски суд минатата година го осуди во отсуство поранешниот фудбалер на Ајакс и Спартак Москва на шест години затвор за директна вмешаност во транспорт на две пратки кокаин од Бразил преку пристаништето Антверпен во Белгија до Холандија во 2020 година.

Промес во 2023 година, исто така во отсуство, беше осуден и на 18 месеци затвор за напад во врска со тепачка во 2020 година во која избоде роднина во коленото.

Промес ги негираше сите обвиненија и поднесе жалба за двата случаи.

Триесетитригодишниот Промес, кој има 50 настапи за Холандија, беше уапсен во Дубаи во март лани на барање на холандското Јавно обвинителство додека беше во тренинг кампот на Спартак Москва.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран

Земјотрес со интензитет од 5,2 степена го погоди северен Иран.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, на околу 37 километри југозападно од градот Семнан.

притисни ентер