Мицкоски: Ако економскиот совет работеше како треба немаше потреба да нудам помош

Ако економскиот совет работеше како треба немаше потреба да нудам помош, нека ја надминат суетата, да не прават пазар, мојата понуда сеуште важи.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Студио 10“ зборуваше за актуелните состојби во државата и посочи дека не гледа потреба да се состане со економскиот совет во владата затоа што тој совет е составен од истите луѓе кои ги решаваше проблемите со ковидот и ништо не решија. Во врска со справување со кризата посочи дека тој е подготвен да и помогне на граѓаните и на државата.

-Не гледам причина зошто би влегол јас во ова сценарио на претварање на целата оваа работа на пазар која што е многу сериозна, бидејќи се работи за иднината на државата и за иднината на граѓаните, тогаш подобро и ќе беше да излеземе на тв дебата, зошто таму ние да седиме педесетина луѓе или триесетина кој што и до сега и онака ништо не решиле, тие луѓе кој што беа за ковидот, се дел од тој економски совет и ако така ги решаваше работите како што ги решававме за ковидот , јас навистина не сакам ниту нивното, ниту своето време да го губам и затоа им реков одберете тим, подготвен сум да ви помогнам. Јас не сакам ова да се претвори во политиканство и во пазар, затоа и реков оваа работа треба да се реши, ова не е натпревар на пи-ар стратегија, ова не е натпревар чива суета е поголема. Јас уште на 29 септември побарав прием кај премиерот Димитар Ковачевски, денеска сме 3 октомври, 5 дена потоа, од Димитар Ковачевски сеуште не добив одговор, ме кани Битиќи на тело коешто досега ништо успешно не решило, зошто ова би го решило тоа успешно?, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски укажа дека подготвен е да го презентира концептот кој што нуди помош за излез од оваа кризна ситуација со која се соочува државата.

-Јас сум подготвен да им го презентирам концептот кој што ќе значи сето она кое што го зборувам изминатиов период. Ако се спореди со цените на берзата тоа што го нудам е под 200 евра за мегавет саат концептот за компаниите, да нема зголемување на цената за затоплување на граѓаните кој што го користат и институциите централното затоплување, истовремено да има 100 милиони заштита споредбено со тоа што тие се подготвени да го потрошат за да обезбедат електирична енергија и затоплување, исто така нудам измени во законот за енергетика, додаде Мицкоски.

Понудата која ја давам е двојно поевтина струја за фирмите и зачувување на илјадници работни места, тоа што владата ја одбива покажува дека и е интерес да плаќа двојно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата 10 Студио на телевизија 24, вели дека понудата која што ја предложил до владата значи поевтина струја за фирмата и зачувување на илјадници работни места, укажувајќи не прифаќањето од страна на власта всушност покажува дека и одговора стопанството да плаќа двојно поскапа електрична енергија.

Владата вели вака, за да го задоволиме конзумот кој што ЕВН Хоме го снабдува а тоа се граѓаните и индустријата што е на регулиран пазар, ние гарантираме дека ќе работат три блока во РЕК Битола, ќе работи Осломеј, ќе работат двете турбини ТЕЦ Неготино и ќе работи хидропотенцијалот и ќе остануваат 40 мегават вишок. Ова го вели владата. а јас им велам, ако е тоа така а јас тука бизнисот не го гледам, затоа што бизнисот и стопанството е многу важно затоа што 670 илјади наши сограѓани ги хранат семејствата работејќи за тие компании, а веќе Фени ги исклучи печките, не произведува од 1 јули, Бучим Боров Дол од 1ви септември не работи, луѓето се на 70 проценти, а дел од нив ќе бидат отпуштени, прекинати им се договорите. Во најава се и други сериозни компании да го затворат своето производство и тоа директно ќе удри на БДП, односно на македонската економија и голем број десетици илјади наши сограѓани ќе останат без работа, изјави тој.

Мицкоски нагласи дека власта не се грижи за бизнис, а тоа го потврдиле и претставниците од стопанските комори во државата, посочувајќи му дека се оставени без било каква помош од страна на власта.

Бидејќи владата не се грижи за бизнисот, јас имав изминатите две недели состаноци со претседателот на Стопанската комора Азески, со Трајан Ангелески од Управниот одбор на Сојузот на стопански комори, претходно беа претставници од комората на Северозападна Македонија и констатиравме дека сите тие се оставени без било каква помош од страна на владата.

И јас велам ајде ТЕЦ Неготино тоа што го произведува да им го дадеме на бизнисот, ако работат двете турбини тоа се од прилика 160 до 180 мегавати. Да обезбедиме ресурси, бидејќи ТЕЦ Неготино работи на мазут, а државата купува скап мазут односно по регулирана цена, ајде да се обидеме да најдеме евтин ресурс за да работи ТЕЦ Неготино кој што ќе произведува поевтина струја која што ќе му ја дадеме на бизнисот, за бизнисот да ги задржи работници за да не се губат работни места, затоа што ако затвори бизнисот тогаш не може да отвори, тие работници кои што се квалификувани ќе заминат надвор од Македонија или пак ќе ги преземе некој друг и тие компании тешко потоа ќе се рестартираат. И затоа велиме ајде да му помогнеме на бизнисот, рече Мицкоски.

Моите контакти дадоа индикативна цена која што е многу поевтина од таа која што во моментот ја набавува државата, објасни претседателот Мицкоски и додаде:

Тој ресурс енергетски кој што ќе го користи ТЕЦ Неготино плус тулингот или факторингот, преработката на мазут за да произведе електрична енергија според нашите пресметки ќе резултира со цена на електричната енергија на струјата, ако работи со две турбини не повеќе со 150 евра за мегават час, ако работи со една турбина не повеќе од 195 мегават час.

Мицкоски е дециден дека планот кој што го нуди до владата е концепт кој што ќе произведе струја, а не концепт за купување на струја.

Мојот концепт не се темели да донесеме струја, мојот концепт се темели да произведеме струја, потенцираше претседателот Мицкоски.

Вистината е во аферата броило која покажува сериозна трговија на влијание на Ковачевски и кумот, СДС се брани со лаги кон мене, затоа ќе следи тужба за клевета

- Ние докажуваме, ние велиме оваа компанија ја формирал тој и тој, оваа компанија склучила договор со таа компанија, тој кој ја формирал сега е на висока државна позиција, на првата позиција. Ете тој и да нема ништо во моментот, има кумот, дали не е тоа трговија со влијание? запраша Мицкоски.

Мицкоски истакна дека деновиве ќе поднесе тужба за клевета затоа што СДС го нарекува „докажан криминалец“, а немаат докази за тоа.

-Сега ќе треба тоа што го тврдат да го докажат на суд, денеска или најдоцна утре ќе поднесам пријава за клевета бидејќи вчера ме нарекоа, така како што ме нарекоа „докажан криминалец“, сакам да ги видам тие докази каде јас сум осуден правосилно за сторен криминал, морам да го тужам СДС за клевета да се извини или неколку дена да им оставам простор да се извинат бидејќи навистина ја поминуваат секоја пристојна граница. Ги поминавме билбордите, флаерите ги поминавме, ја поминавме кампањата, сепак на крајот од денот јас сум универзитетски професор, еве денеска почна семестарот пред мене имаше 90 студенти во втора година факултетот и сега јас сум бил „докажан криминалец“, треба да го докажат тоа, да ја покажат пресудата каде докажале дека сум криминалец, додаде Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Борел и Шуица: Мора да работиме на зајакнување на демократиите

„Мора да работиме на зајакнување на демократиите и потиснување на обидите за нивно уништување “.

Европската Унија останува цврста во својата заложба да ја зајакне и брани демократијата и во и надвор од нејзините граници, се вели во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и потпретседателката на Европската комисија за демократија и демографија Дубравка Шуица по повод Меѓународниот ден на демократијата – 15 септември.

Тие нагласуваат дека во текот на оваа 2024 година речиси половина од жителите во Земјата во над 70 држави имаа или ќе има можност да изберат свои претставници, потврдувајќи ја со тоа својата посветеност на демократијата, често и во предизвикувачки околности, без разлика дали се кандидати или гласачи.

- Европската Унија ги поздравува оние кои ја бранат демократијата, често изложени на голем личен ризик. Одржувањето на демократијата е клучно за зачувување и унапредување на достоинството на секој граѓанин, како и за поттикнување на социјалната правда, инклузивен развој и мир, се наведува во пораката.

Борел и Шуица потенцираат дека во различни региони на светот луѓето се соочуваат со закани и обиди за поткопување на демократските процеси, интегритетот на изборите и темелите на демократијата преку политичко насилство, изборна манипулација, измами, злоупотреба на државни ресурси, ширење дезинформации или странско мешање.

- Со распоредување на мисии за мониторинг на изборите и други инструменти за поддршка на демократијата, ЕУ работи на идентификување, одвраќање и издавање препораки, со цел да овозможи и охрабри активно учество на изборите. Ова не е само задача од еден ден: Посветеноста на Европската Унија се протега и надвор од изборите. ЕУ ги поддржува демократските принципи на учество, еднаквост, отчетност и транспарентност, со фокус на вклучување на жените, децата и младите во јавниот живот, порачуваат Борел и Шуица.

Тие нагласуваат дека ЕУ го поддржува граѓанскиот сектор и заштитниците на човековите права, се бори против корупцијата, се стреми да го подобри владеењето на правото и ги поддржува независните медиуми, безбедноста на новинарите и борбата против дезинформациите, истовремено промовирајќи правична дигитална трансформација.

- Ова се дел од основните вредности што не дефинираат. Последната деценија покажа дека демократијата е кревка и бара постојана будност. Мора да продолжиме да работиме на зајакнување на издржливоста на нашите демократии и да ги потиснеме сите обиди за нивно уништување, во и надвор од ЕУ. На овој Меѓународен ден на демократијата, ја потврдуваме нашата поддршка на сите оние кои се залагаат за демократските вредности и универзалните права и ја нагласуваме колективната одговорност за градење отпорни, инклузивни општества за сегашните и идните генерации, истакнуваат Борел и Шуица во заедничката изјава по повод Меѓународниот ден на демократијата – 15 септември./МИА

Реакција од ДУИ на прес-конференцијата на ВРЕДИ

Не престануваат скандалите со албанскиот јазик. 

Јавното претпријатие за државни патишта ги стопираше постапките за проектот на претходното раководство кој имаше за цел промена на сите сообраќајни знаци на автопатиштата, согласно законот за употреба на албанскиот јазик.

Ова е чекор без преседан и штетен за спроведувањето на законот кој гарантира јазична еднаквост.

И покрај тоа што заврши процесот на избор на фирма за реализација на проектот, сегашното раководство одлучи да ја прекине постапката.

Ова може лесно да се провери во електронскиот систем за јавни набавки, што отвора сериозни прашања за односот на оваа влада кон спроведувањето на овој закон.

Демократската унија за интеграција предупредува дека овие неуспеси се резултат на недостатокот на изборен легитимитет на оваа власт, нејзината јасна неспособност да управува со клучните процеси и нејзината зависност од политичките влијанија на ВМРО.

Овие постапки се неприфатливи и сериозно му штетат на процесот на институционална еднаквост во државата.

Наместо да се соочат со своите одговорности, губитниците на изборите се обидуваат да ги прикријат овие масовни неуспеси со неосновани политички напади и непотребни прогони.

Насилното, самоволно и вонинституционално отстранување на таблите на границата со Косово и враќањето на старите табли е уште еден показател за неспособноста на оваа власт да ги спроведе институционалните и правни стандарди.

Жално е што по повеќе од 100 дена владеење, ова моноетничко раководство сè уште се обидува да ги обвинува другите за своите постојани неуспеси.

Овие акции не само што ги поткопуваат државните институции, туку претставуваат и јасен чин на дискриминација на Албанците.

Демократска унија за интеграција

Повторно опожарени возила во Скопје, овој пат три автомобили во Кисела Вода

Продолжува опожарувањето на автомобили во Скопје.

Денеска на мета биле три возила во Кисела Вода.. Пожарот го забележале и пријавиле граѓаните околу 5 часот утринава. Огнот зафатил Ауди со кумановски регистарски таблички, како и Рено и Фиат Пунто со скопски регистрации, соопштија од МВР.

За среќа, брзата интервенција на екипите на противпожарната бригада спречила дополнително ширење на огнот и предизвикување на поголема штета.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР..

притисни ентер