Мицевски: Македонија повеќе нема време за чекање и не смее да биде заложник на криминалните и антидржавните политики на Заев, Спасовски

Република Македонија веќе подолг период се наоѓа во тешка политичка криза и хаос во сите сфери од македонското општество и секојдневното живеење.

Почитувани колеги пратеници, почитувани претставници на медиуми и целата македонска јавност,

Република Македонија веќе подолг период се наоѓа во тешка политичка криза и хаос во сите сфери од македонското општество и секојдневното живеење. Република Македонија повеќе нема време за чекање и не смее да биде заложник на криминалните и антидржавните политики на Заев, Спасовски и оваа ненародна власт предводена од СДСМ.

Во текот на досегашниот мандат на оваа криминална влада предводена од СДСМ сведоци сме на безброј криминали, разни скандали, антидржавни одлуки, девалвација на сите државни институции, делење тендери по партиска и роднинска линија, непочитување на никакви пропишани законски процедури, аматерско и непрофесионално работење и уште ред други примери кои ја отсликуваат тажната и реалната состојба во Република Македонија.

На почетокот мора да се спомене за целата македонска јавност да дознае за она што се случи денес, предмалку овде во Собранието на Република Македонија при гласањето на законот за јавно обвинителство, кој што ќе значи уште една амнестија и сламка за спас на аболицираниот Заев. Сите бевме сведоци на погазувањето на демократијата и Собранието на Република Македонија како институција која е директен преставник на граѓаните.

Токму тој закон за јавно обвинителство, беше ставен за гласање и не го доби потребниот број на гласови и тоа гласање беше незаконски поништено. Подоцна за 10тина минути, повторно беше ставено на гласање спротивно на Деловникот.

Тоа е доказ за авторитарното владеење и апсолутизам на деспотот Заев.

Токму поради ова, распуштање на Собранието на Република Македонија и избори на 12ти април, мора да има и ќе има. Денес ќе ставиме крај на заложништвото во кое се наоѓа Република Македонија и нејзините граѓани.

Оттука, како пратеник и Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој ја затекнал и бил сведок на досега најкатастрофалната и најкриминалната Влада во историјата на Република Македонија, накратко би сакал да набројам само неколку катастрофални потези и политики кои ја одбележаа оваа криминална власт во овој речиси тригодишен мандат.

Целата македонска јавност и сите граѓани на Република Македонија, во овие три години, на своја кожа почувствуваа и видоа што значи и како изгледа кога СДСМ ја има целата власт во Република Македонија.

Заев и СДСМ ќе останат запишани во историјата на Република Македонија по катастрофалните економски политики, хаос во правосудниот систем, нула странски инвестиции, по партиските вработувања во администрацијата, по промената на Уставот и покрај неуспешниот референдум во 2018 година, големиот број на криминали на функционерите и кадрите на СДСМ на централно и локално ниво, милионски тендери во здравството, иселувањето на младите од својата татковина, лажните ветувања пред граѓаните, големиот број на нерешени и сомнителни убиства, непочитување и девалвирање на институциите, класично кршење на Деловникот и насилничко носење на огромен број на законски решенија овде во Собранието на Република Македонија, газење и уништување на угледот на државата, пад од стотици места на речиси сите светски ранг листи со кои се оценува функционирањето на една држава, задушување на слободно новинарство, закани, уцени, огромна доза на говор на омраза на нивните пулени и апологети, и уште многу, многу други примери за кои дури немам доволно време ни само таксативно да ги набројам во ова мое обраќање.

Почитувани граѓани, ова е резултатот од владеењето на Заев и СДСМ. Ова е вистинската реалност и реалната состојба во која се наоѓа Република Македонија по изминати само 3 години од владеењето на овој хибриден и криминален режим предводен од двоецот Заев - Шекеринска и СДСМ во целост.

Токму затоа, Зоран Заев е свесен дека тој е веќе во политичкото минато и дека после 12ти април ќе замине на политичкото буниште и ќе биде запамтен како личност на црната страна на историјата на Република Македонија. Поради ова, СДСМ и Заев, соочени со тешкиот изборен пораз на секој можен начин и по секоја цена се обидуваат да избегаат од избори.

Но ние, како ВМРО-ДПМНЕ, како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, имаме обврска и мораме да ги слушнеме граѓаните и да ставиме точка на ова безредие и беззаконие. Имаме обврска поради оние граѓани кои секојдневно не прашуваат кога ќе заврши оваа криза, кога ќе замине оваа власт, кога ќе се ослободат граѓаните и институциите кои што се под постојан притисок на оваа власт. Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и како возрасни и разумни луѓе мораме да ставиме крај на ова лудило и да дозволиме граѓаните на 12-ти април да го кажат своето, да одлучат по која патека сакаат да се движи Република Македонија, дали по „правиот пат на Заев исполнет со безброј кривини“ или пак по патеката која што ќе значи обнова и враќање на достоинството како на граѓаните, така и на Република Македонија во целост.

На крајот од ова мое обраќање би сакал уште еднаш да повторам пред целата македонска јавност дека Заев, Спасовски, Шеќеринска и СДСМ на 12-ти април ќе заминат и дај Боже никогаш да не се вратат.

Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовираше 12 доктори на науки

Дванаесет доктори на науки денеска промовираше Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип во рамките на одбележување на 17 години од постоењето. 

Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека осум доктори на науки се од медицинските науки, а четворица од останатите факултети на Универзитетот.

-Денеска е денот на нивната промоција во чест на нашиот патрон празник, како Универзитет еднаш годишно ја вршиме оваа промоција и официјално ги промовираме нивните докторски дипломи. Чест ми е што имаме поголем број на доктори, а посебна чест ми претставува што квалитетот на нивните трудови е препознатлив и прифатлив во реалната пракса и од пошироката наука, вели Мираковски.

Маја Чочевска докторираше на Факултетот за медицински науки отсек Фармација, а какошто вели нејзината теза е од полето на радиофармацијата.

-Јас работев делумно на Универзитетот овдека, делумно во Универзитетскиот институт за позитронска мисиона томографија, бидејќи е единствен институт којшто го работи оваа поле во радиофармацијата и мојата теза беше воведување на нова методолгија во развој која се користи за тумори, вели Чочевска.

Теодоро Топчева е новиот доктор на науки на Машинскиот факултет, а темата на трудот и е мерење и изложеност на работниците на бучава во погон за автомобилска индустрија. Посочува дека трудот го има изработено со помош на лабараторијата АМБИКОН при УГД-Штип, а според истражувањето компаниите треба да водат сметка за бучавата во која работа. Според неа реалниот сектор, а особено големите компании внимаваат и ги почитуваат законските норми.

„Волво карс“ го произведе последниот дизел-автомобил

 Шведската компанија „Волво карс“ им стави крај на дизел-автомобилите, откако последниот теренец „Икс-це-90“ излезе од производната лента во фабриката „Торсланд“ во Шведска вчеравечер како последен дизел-модел од овој автопроизводител, пренесув

- Сосем сме уверени дека имаме многу добри понуди за купувачите, дури и без дизел-возилата, изјави Ерик Северинсон, извршен директор на „Волво“ задолжен за нови автомобили и оперативна стратегија.

Ова го означува крајот на дизел-ерата за брендот „Волво“, кој во иднина планира да произведува само електрични возила.

Поради климатските промени, 90 отсто од традиционалните вински региони ќе исчезнат

Околу 90 проценти од некои од традиционалните региони за производство на вино во светот би можеле да исчезнат во наредните децении поради климатските промени, покажува новото истражување објавено во списанието „Nature Reviews Earth & Environment

Научниците открија дека најзагрозени се крајбрежните региони и рамнините на Италија, Шпанија, Грција и јужна Калифорнија, пренесува Си-Би-Ес.

Конкретно, тие открија дека прекумерната суша и почестите топлотни бранови предизвикани од климатските промени се одговорни за ризикот за производството на вино во овие региони.

Температурата, врнежите, влажноста, радијацијата и нивото на јаглерод диоксид се исто така клучни компоненти на производството на вино, а научниците велат дека тие ќе се променат поради новите климатски услови.

Зголемувањето на температурите може да ги направи другите региони попогодни за одгледување грозје, како што се државата Вашингтон, Орегон, Тасманија и северна Франција.

Научниците предупредуваат дека допрва ќе зависи од тоа колку ќе се покачат температурите, а може да има ризик и за зачувување на животната средина доколку во тие региони започне одгледувањето на винова лоза. п

притисни ентер