МИА ќе биде домаќин на 33. Генерално собрание на АБНА-ЈИЕ

Директорот на МИА Драган Антоновски е избран за член на Управниот одбор на АБНА-ЈИЕ.

Медиумската информативна агенција - МИА следната година ќе биде домаќин на 33. Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански новински агенции - Југоисточна Европа (АБНА -ЈИЕ), беше одлучено на 32. Генерално собрание што се одржа во Истанбул од 3 до 6 септември, во организација на турската национална новинска агенција Анадолија.

Директорот на МИА Драган Антоновски е избран за член на Управниот одбор на АБНА-ЈИЕ.

За член на УО беше реизбран директорот на грчката новинска агенција АНА-МПА Амелиос Перикардис. Во УО останува и директорот на Анадолија Сердар Караѓоз, кој следната година ќе претседава со АБНА-ЈИЕ. Во управувачкото тело на Асоцијацијата на балкански новински агенции - Југоисточна Европа е и генералниот секретар на АБНА-ЈИЕ и генерален директор на бугарската новинска агенција БТА Кирил Влчев.

На 32. Генетрално собрание на АБНА-ЈИЕ во Истанбул учествуваа првите луѓе на националните новински агенции од Балканот, Медитеранот и Европа, вклучително и директорот на МИА Драган Антоновски и главниот уредик Ана Цветковска.

Учесниците разговараа за претстојните проекти и предлозите за измени на регулативите за состанокот на Генералното собрание во 2025 година.

Осврнувајќи се на исходот од средбата, Караѓоз изрази оптимизам за иднината на Асоцијацијата и очекување за понатамошен напредок.

Во рамки на 32. Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански новински агенции – Југоисточна Европа (АБНА-ЈИЕ), чија членка е и МИА, беше одржана и Конференција „Навигација на ВИ и медиумите“, на која се дебатираше за улогата на вештачката инелигенција во креирањето на медиумските перспективи, потенцијалите на ВИ и можностите, кои ги отвора, но и нејзиното правилно користење во медиумското работење со цел да се заштитат основните постулати на кои почива новинарството.

Претседавачот Сердар Караѓоз ја истакна клучната улога што технологијата ја игра во медиумите денес.

- Ако има една работа за која сите зборуваат - на улиците, во нашите домови, во училиштата - тоа е технологијата, рече Караѓоз.

Посочи дека Анадолија веќе активно вклучува технолошките иновации, особено во областа на вештачката интелигенција.

- Имаме посебен оддел во нашата компанија што се занимава со вештачка интелигенција. Ги охрабрувам сите новински агенции да се вклучат повеќе во технологијата, рече Караѓоз.

На конференцијата се обрати и турскиот министер за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, кој напомена дека новите технологии треба да се користат во насока на зглемување на слободата на медиумите на Балканот и секако во унапредување на демократската култура.

Во АБНА-ЈИЕ членуваат 12 новински агенции - МИА, АТА, Анадолија, ФЕНА, БТА, ХИНА, ЦНА, АНА-МПА, Косова прес, МИНА, Аџерпрес и АНСА.

Нова дојава за поставена бомба во средно училиште во Загреб

По дојавите за поставени експлозивни направи во 100 средни училишта низ Хрватска минатиот четврток, утрово иста информација објавија хрватскте медиуми за загрепско средно стручно училиште.

Полицијата одговорила на повикот.

„Можеме да потврдиме дека по електронска пошта која пристигна на адресата на образовната установа, истата е евакуирана и учениците се безбедни. Полициски службеници веднаш се испратени на местото на настанот и ги спроведуваат сите неопходни превентивни дејствија. Потенцираме дека нема опасност за учениците и бараме да не се шири паника“, изјавија за локални медиуми од загрепската полиција.

Јужна Кореја разгледува како да го минимизира влијанието на новите американски царини

Јужнокорејското Министерство за индустрија денеска соопшти дека е одржан итен состанок со производителите на челик во Сеул на кој се разговарало за мерките за минимизирање на влијанието на потенцијалните нови царини во САД.  

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека денеска ќе објави нови царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД.

Министерството за индустрија на Јужна Кореја потврди дека се обидува да ги дознае деталите за потенцијалните царини и најави дека тесно ќе соработува со производителите на челик за активно да одговори на потенцијалното воведување царини.

Јужнокорејските челични компании доставуваат челик во погоните на автомобилскиот гигант „Хјундаи Мотор“ и неговата подружница „Киа“. Тие, исто така, обезбедуваат набавки за фабриките во САД и Мексико на голем број производители на електроника за широка потрошувачка, вклучително и јужнокорејските корпорации „Самсунг Електроникс“ и „ЛГ Електроникс“, посочија корпоративните претставници.

ПОЦ: За една недела санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територијата на О. Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 3 до 9  февруари, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 155 непрописно паркирани возила .

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 3 до 9 февруари, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 155 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар соопштуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територијата на општината.

притисни ентер