МФ: Усвоени законските измени за државна гарантна шема

Министерството за финансии на својот фејсбук профил објави дека се усвоени измените и дополнувањата на Законот за Македонска банка.

Со тоа се овозможува спроведување на државната гарантна шема која е дел од четвртиот пакет антикризни мерки и Стратегијата за заздравување и забрзан економски раст- #SmartERGrowth, како и можноста Развојна банка да формира фондови за поддршка на развојот на стопанството.

Како што посочуваат од Министерството, државната гарантна шема ќе се реализира преку формирање на гарантен фонд во рамки на Развојната банка, кој ќе издава гаранции за кредити за бизниси кај комерцијалните банки. Иницијалните средства за фондот се 10 милиони евра, кои се обезбедени со вториот ребаланс на буџетот и со нив ќе се гарантираат кредити во износ неколкукратно повисок од фондот.

Со овие законски измени, како што наведуваат од Министерството, се олеснува пристапот до кредити за микро, мали и средни компании, се поддржува приватниот сектор со преземање на дел од кредитниот ризик, се подобруваат условите за колатерал по кредити од деловните банки на оние компании кои што имаат потреба од дополнително финансирање и финансиско обезбедување и се олеснува пристапот до капитал и финансирање проекти преку развојните фондови.

– Државната гарантна шема и фондовите ќе играат значајна улога за внесување на ликвидност во стопанството во време на Ковид-19 кризата, но и на среден рок, како постојан механизам за пристап до капитал за микро, малите и средни компании кој воедно ќе придонесе за зголемена финансиска инклузија на овие компании, наведува Министерството во статусот на Фејсбук.

Пратеник од БиХ слушал турбо фолк за време на онлајн седница: Намали ја армониката (ВИДЕО)

Поради пандемијата, седниците на Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина се одржуваат преку Интернет. За време на денешната сесија се случила невообичаена ситуација.

Имено, за време на гласањето за Предлог законот за „Швајцарец“, пратеникот Ифран Дуриќ гласно слушал музиката во позадина, односно песна од Халид Бешлиќ „Кога срцето бие од мерак”.

„Го молам Дуриќ да ја исклучи хармониката“, му рекол претседателот Мирсад Заимовиќ, што ги насмеало другите пратеници.

Инаку, ова не е прв пат политичарите во БиХ да не се однесуваат соодветно за време на онлајн сесиите. Така минатата година, пратеникот на СДА, Суад Какњо, заспа за време на седница.

Салма Хајек во бикини на 55 години доби половина милион лајкови за еден час (ФОТО)

Актерката Салма Хајек објави на Инстаграм две фотографии на кои позира во бикини, и покажа толку совршено тело што е тешко да се поверува дека е длабоко во педесеттите години.

На првата фотографија актерката позира во плитко миејќи си го лицето, а на втората медитира на песок.

„Треба да го зачуваме мирот“, напишала таа во описот.

Фотографиите добија скоро половина милион лајкови за помалку од еден час, а фановите ја опсипаа со комплименти.

„Божица“, „Убава како и секогаш“, „Ти си толку секси“, „Убавица“, беа некои од коментарите.

Инаку, Салма ќе наполни 55 години во септември оваа година.

Бербер бесплатно средил бездомник, никој не го препознава (ВИДЕО)

Барбер од Франција бесплатно ишишал и избричил бездомник, а неговиот нов изглед воодушеви многу корисници на социјалните мрежи.

Видеото објавено на TikTok од францускиот славен фризер Давид Кодат покажува маж пред и по неговото средување.

Снимката доби илјадници лајкови, а многумина коментираа дека човекот изгледа непрепознатливо.„Косата и брадата менуваат сè“, е еден од коментарите.„Ова толку многу го подмлади“, напишал друг.

Давид Кодат е познат француски фризер ,кој е сопственик на салон во Стразбур.

притисни ентер