МФ: Највисоки оценки во регионот за земјата за транспарентност

 Министерството за финансии на својот фејсбук профил објави дека земјата е оценета со највисока оценка меѓу државите во регионот во однос на транспарентноста и достапноста на буџетските документи.

-Транспареност и достапност на буџетските документи со највисока оценка споредено со земјите во регионот, покажува Националниот монитор за реформи во јавната администрација 2019/2020 објавен од Институтот за европска политика. Преземени се значајни чекори за подобрување на управувањето со јавните финансии во земјата. Најзначајни се: Апликацијата Граѓански буџет, Порталот Отворени финансии, Алатката Капитални расходи и Алатката за јавен долг, стои на фб статусот на Министерството за финансии.

Воедно, се посочува дека Годишниот извештај за извршување на буџетот, извештаите за извршување на буџетот во тековната година и полугодишните извештаи за извршување на буџетот се достапни на интернет страницата на Министерството за финансии.

УНРВА да го напушти Ерусалим до 30 јануари, изјави израелски претставник во ОН

 Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) „мора да ја прекине својата работа во Ерусалим и да напушти просториите во кои работи во тој град“ до 30 јануари, изјави израелскиот претставник во ОН.

За оваа одлука тој преку писмо го информирал генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Законот со кој се забранува работењето на УНРВА на израелска територија и контактирањето со израелските власти стапува на сила на 30 јануари, наведуваат светските агенции.

Израел го анектира Источен Ерусалим, кој мнозинството од меѓународната заедница не го признава.

Иднината на Кимих останува нејасна

 Иднината на капитенот на Барен М. Џошуа Кимих по крајот на сезоната останува нејасна.

Договорот на 29-годишниот фудбалер со Баерн истекува и во оваа фаза нема навестување дека ќе биде продолжен.

Според новинарот Кери Хау, Баварците остануваат фаворити за потписот на германскиот интернационалец. Од клубот се оптимисти дека повторно ќе го ангажираат Кимих, бидејќи истото го посакува и самиот играч.

За играчот од средниот ред се заинтересирани и Ливерпул и Реал Мадрид. Нивните шанси да го привлечат не се особено големи.

Се верува дека Кимих нема да се согласи на намалување на платата во Баерн и ќе биде меѓу најплатените во клубот.

Џошуа Кимих е дел од Баерн од летото 2015 година. Баварците го гледаат како следниот капитен на тимот.

Шефот на руското разузнавање, Наришкин подготвен да разговара со директорот на ЦИА, Ретклиф

 Директорот на Руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин изјави дека е подготвен да се сретне со директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф.

„Русија отсекогаш била подготвена за преговори“, рече Наришкин, одговарајќи на новинарско прашање за подготвеноста за состанок доколку такво барање дојде од американската страна.

На прашањето дали се уште има контакти меѓу ЦИА и Руската служба за надворешно разузнавање, Наришкин рече дека руската страна има свој претставник во Вашингтон, како што ЦИА има свој претставник во Москва.

Ретклиф, исто така, претходно беше директор на ЦИА за време на првиот мандат на Трамп, од 26 мај 2020 година до 20 јануари 2021 година, пренесуваат руски медиуми.

притисни ентер