МФ: Јавниот долг во второ тримесечје 59,5% како резултат на КОВИД-19 кризата

Заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, соопшти Министерството за финансии.

Покачувањето на јавниот и државниот долг во вториот квартал се должат пред се на повлекувањата на средствата преку еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд, со цел обезбедување на ликвидност во време на КОВИД-19 кризата, обезбедување на средства за реализација на антикризните мерки и непречено извршување на буџетот и покрај кризата, односно покривање на зголемениот дефицит поради падот на приходите како резултат на КОВИД кризата.

Jавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот и негарантираниот долг заклучно второто тримесечје од 2020 изнесува 59,5% од БДП, што споредено со претходното тримесечје претставува зголемување за 8,8 процентни поени.

Државниот долг заклучно второто тримесечје е 50,7% од БДП, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

На промените на јавниот и на државниот долг влијае повлекување на средства од склучени кредитни аранжмани со странски кредитори за вториот квартал од 2020 година во износ од 928,7 милиони евра, од кои 909,4 милиони евра за кредити на општа влада - 700 милиони евра за издадената Еврообврзница и 176,5 милиони евра од кредит од ММФ за Проектот за финансиска поддршка од инструментот за брзо финансирање за време на вонредна состојба, како и 19,3 милиони евра за заеми на јавните претпријатија. Исто така, има и повлекување по основ на држвни хартии од вредност во износ од 127,7 милиони евра.

Во овој период освен повлекувања, имаше и отплати кои влијаеа на висината на јавниот и на државниот долг, како отплатата на рата за обврзница за денационализација која доспеа на 01.06.2020 година во износ од 7,98 милиони евра и отплата на обврски по основ на главнина од претходно земени заеми надворешен долг за вториот квартал од 2020 година изнесува 60,4 милиони евра, од кои отплата на главнина на општа влада во износ од 38,01 милиони евра и отплата на долг на јавни претпријатија во износ од 22,39 милиони евра.

Проекциите за до крајот на годината се дека јавниот долг ќе се задржи на 59,6% од БДП, додека државниот ќе се намали на 49,6% од БДП.

До крајот на годината, поголеми повлекувања кои се очекуваат се првата транша од Заемот за макрофинансиска помош од Европската комисија во износ од 80 милиони евра, додека поголема отплата до крајот на годината е отплатата на Еврообврзницата земена во 2015 година во износ од 178,330,000 евра која доспева на 01 декемри 2020, понатаму главнина за заемот од Дојче банка во износ од 13,5 милиони евта која доспева на 10 декември и краткорочниот заем од домашни комерцијални банки во износ од 132,5 милиони евра кој доспева исто така во декември.

КСС бара да се престане со заканата за отказ на 20% или 30.000 работници во јавниот сектор

Повеќе од јасна е целта, да се избркаат едни, а да се вработат други работници поради лични и партиски интереси што е противзаконски чин и ние, КСС, како национален синдикат дејствуваме и се бориме да бидат заштитени  правата на работникот.

Во изминатиот период бевме бомбардирани преку медиумите дека е намален обемот на работа во јавниот сектор поради економската и здравствената криза, но и понатаму кај вработените кои се со договор на определено време и преку авторските агенции (од 25.000 до 30.000 работници), во нивните М1/М2 обрасци од Агенцијата за вработување како причина за вработување стои дека ,,СЕ ВРАБОТУВА ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА РАБОТА”.

Основана причина за престанок на работен однос според Законот за работни односи наведено во член 76, став 3 е кога ќе престане потребата од работникот или кога ќе биде намален обемот на работа. Овие постапки од страна на Владата укажуваат дека продолжува непотизмот или вработувањето по партиска или роднинска врска и соодветно се манипулира со целата македонска јавност дека работа нема, а во позадина сепак се прават нови вработувања, според извештаите кои ги добиваме од Агенцијата за Вработување.

Повеќе од јасна е целта, да се избркаат едни, а да се вработат други работници поради лични и партиски интереси што е противзаконски чин и ние, КСС, како национален синдикат дејствуваме и се бориме да бидат заштитени правата на работникот.

Во интерес на државата и сите работници кои изгубиле работно место БАРАМЕ да се постапи согласно Законот за работни односи и да се укинат партиските вработувања и истите тие средства да бидат наменети за обештетување на оние кои реално го изгубиле работното место поради економската и здравствената криза.

Наместо лидерот на СДСМ, Зоран Заев да најавува отпуштање на 20% или 30.000 работници од јавниот сектор, во интерес на државата и сите граѓани на нашата држава, бараме Владата да го спроведе законот за работни односи и да се погрижи за сите социјално загрозени семејства и работници или во спротивно ќе следи социјална криза.

Конфедерација на слободни

синдикати на Македонија

Владата на Република Македонија оддаде почит на загинатите бранители на Карпалак

Во име на Владата на Република Македонија, Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата, денеска, положувајќи свежо цвеќе на спомен-плочата во месноста Карпалак, на автопатот Скопје - Тетово.

Оддаде почит и учествуваше во одбележувањето на 19-годишнината од за загинувањето на десетмината припадници на резервниот состав на Армијата во оружениот конфликт во 2001 година.

Пред спомен обележјето посветено на прилепските бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, венци со свежо цвеќе положи и делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, делегации на прилепската локална самоуправа, претставници од составот на резервните воени обврзници, членови на семејствата и пријатели на загинатите.

Споменот и одбележувањето на годишнината од смртта на десеттемина армиски резервисти започна синоќа во Прилеп, каде во име на Владата на Република Македонија, советникот на претседателот на Владата, Драган Василевски, положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев", како и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште.

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд и појава на град. 

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и со услови за појава на град.

притисни ентер