Месната индустрија бара продолжување на мерката за увоз на суровина уште шест месеци

Не бараме помош, ниту субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување во државата.

Уште шест месеци да продолжи мерката која предвидува нула отсто царина за 50 проценти од искористените увезени количини свинско месо во претходната година, бараат преработувачите и предупредуваат дека ако тоа не се случи, сувомесните производи ќе поскапат за најмалку 15 – 20 отсто, но можно е да дојде и до затворање на капацитетите или до нивно селење во соседството со што, по 500 семејства во еден регион ќе останат без работа.

Како што информираа на прес-конференција, барањето за продолжување на безцаринскиот увоз на суровина, денеска ќе биде и официјално доставено до Владата.

-Не бараме помош, ниту субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување во државата. Готови производи влегуваат во земјава со нула отсто царина, а ние при увоз на суровина за да ги произведеме истите тие готови производи плаќаме 20 – 30 отсо царина. Проблемите ќе бидат се понагласени со реализација на Отворен Балкан, така што ќе дојде или до затворање на капацитетите или до нивно селење во соседството, рече претседателот на Групацијата за преработка на месо и производи од месо, Гоце Трајчев.

Тој порача дека Групацијата бара ослободување од царинските давачки по примерот на другите индустрии во земјава кои исто така користат суровини за преработка.

-Владата да го растовари стопанството од политика и да не носи мерки кои се штетни за него и кои влијаат негативно врз Буџетот. Ако сака да интервенира, тогаш нјека интервенира кај социјално ранливите категории преку ваучери за купување домашни прооизоди или плаќање комунални такси, а не преку ноќ да менува законски одредби и даночни основи или да замрзнува цени, порача Трајчев.

Според Васко Ристовски од Стопанската комора, до надлежните навреме било доставено барање за безцарински увоз, но „неофицијалните сигнали се дека нема расположение за продолжување на мерката".

-Мерката се продолжува веќе четири години, секои шест месеци. Сега немаме никаков одѕив и затоа апелираме мерката да продолжи. Од тоа ќе зависи и дали преработките ќе поскапат за најмалку 15 -20 отсто по 5 – 6 јуни. Тоа не можеме да се спречи и на тој начин, домашните производи ќе бидат поскапи од увезените, укажа Ристовски.

Осврнувајќи се на останатите предизвици со кои се соочува домашната месна индустрија, Ристовски информира дека од Нова година досега цените на суровините значително пораснаа. Пченицата од 400 евра за тон сега е 1 200 евра, а пченката од 300 евра, сега е 800 евра за тон. Дополнително, рече, поскапени се и енергенсите.

-Уште пред четири години Владата помогна со интервентна мерка за ослободување 50 отсто од царината на потрошената увезена суровина. Во овие исклучително тешки услови, најмалку што може да направи сега, е да ја продолжи оваа мерка за уште шест месеци ако сакаме месната индустрија да опстане, напомена Ристовски.

Замрзнувањето на цените, а потоа и на маржите, дополнително ги оптовари компаниите. Исто така, поголемиот дел од нив поради кризата и „затворањето" на Европа, речиси не ги реализираа склучените договори за набавка на суровина. Се појави и „свинска чума", па се побара месната индустријата да излезе во пресрет – се што беше свиња да се заколе и да се преработи, а пред Велигден и да се откупи вишокот на свинско месо.

Ристовски соопшти и дека во периодот на КОВИД-от потрошувачката на месни преработки била зголемена особено кога беа дадени ваучери, а се намалил и увозот на свежото свинско месо од 12 600 на 11 500 тони. Со почетокот на кризата, пак, тенденцијата одеше во обратна насока – благо намалување на домашното производство и раст на увозот на свежо свинско месо и преработки.

Претседателот на Групацијата за преработка на месо и производи од месо, Гоце Трајчев оцени дека таа тенденција годинава ќе биде уште поизразена, а една или две компании веќе ги затвориле своите погони.

Олимпискиот оган го продолжува патувањето до Париз

Од Акропол, преку Атина кон централна Грција – олимпискиот оган го продолжува патувањето до Париз.

Од Санторини на Акропол, од Акропол низ атинските улици, преку Министерството за одбрана, Грчкиот олимписки комитет и Олимпискиот стадион - олимпискиот оган откако во вторникот беше запален во античка Олимпија го продолжува штафетното патување низ Грција, за во петок и официјално да им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“, јави дописничката на МИА од Атина.

Доцна синоќа, огнот од островот Санторини со траект пристигна на атинското пристаниште, а оттаму беше пренесен на Акропол, каде што остана во текот на ноќта.

Утрово, кусо по 7.30 часот на петтиот ден од штафетното пренесување, олимпискиот оган од Акропол, со повеќе попатни станици низ Атина се упати кон античкиот град Делфи, а оттаму и кон Волос и Ламиа.

Лошите временски услови и дождот што речиси континуирано врнеше на целата рута низ Атина, не претставуваше проблем за учесниците во штафетното предавање, а на Акропол беа поздравени и од туристите кои случајно се најдоа таму.

- Каква коинциденција! Ние дојдовме за да го видиме Акропол и воопшто не знаевме дека има вакво нешто. Убаво искуство во секој случај да се види и Олимпискиот пламен, рекоа во разговор со дописничката на МИА од Атина три девојки од САД кои чекаа да дојде осум часот за да се отвори Акропол, но имаа можност одблиску да го видат и огнот за ЛОИ.

Со сличен став беа и други туристи од различни земји од светот, кои не го криеја нивното позитивно изненадување и задоволство.

Олимпискиот оган, продолжи до Музејот на Акропол, оттаму низ атинските улици, помина пред античкиот олимписки стадион Панатенаик и со повеќе попатни станици стигна до Министерството за одбрана на Грција каде што се одржа и мала манифестација.

Денешното патување низ Атина, огнот го продолжи до Грчкиот олимписки комитет, Олимпискиот музеј, Олимпискиот стадион и се упати кон античкиот град Делфи, Ламиа и Волос каде што ќе ја помине ноќта.

Во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Солун за да ја помине цела северна Грција и западна Грција, за во петок повторно да се врати во Атина.

Олимпискиот оган за 11 дена, ќе помине 5.202 километри и 563 наутички милји, а во петок, на 26 април во Атина на свечена манифестација отворена за јавноста на стадионот Панатенаик ќе биде предаден на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз.

Манифестациите во Грција, како палењето, така и штафетното пренесување низ земјата и предавањето на организаторите во Атина, по пауза од четири години ќе се одржат регуларно, со оглед на тоа дека во октомври 2021 година и март 2020 година поради пандемијата сите свечености беа без публика, а олимпискиот оган за Зимските олимписки игри „Пекинг 2022“ и Летните Олимписки игри „Токио 2020“ од Атина замина без штафетното да патува низ Грција, туку директно им беше пренесен на домаќините.

Летните Олимписки игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август. /МИА

Вуќиќ: Тоа ни е фала за се што направивме за Скопје

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати.

„Тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“,изјавил српскиот претседател александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, како лична одлука на шефот на дипломатијата Османи.

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјавил Вучиќ во гостувањето во дневникот на ТВ Пинк.

Тој додал дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека русите и кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

притисни ентер