Мешовита комисија: Македонската страна со предлози поддржани од СЕ и УНЕСКО,Бугарите ги одбиле

Од македонска страна на денешната средба на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, беа дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование поддржани од Советот на Европа и УНЕСКО.

Од македонска страна на денешната средба на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, беа дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование поддржани од Советот на Европа и УНЕСКО, во кои се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кои се покажале како применливи во надминување на спорови што произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози беа одбиени како неприфатливи и неприменливи, брифираат за МИА од македонскиот тим на Комисијата.

–На првиот ден тема на дискусија беа учебниците по историја и усогласување на препораки за нивно подобрување. Двете страни разменија предлог идеи како да се дојде до решение кое би помогнало во носење на препораки како да се подобри историското образование. Од македонска страна беа дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование подржани од Советот на Европа и УНЕСКО во кој се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кој се покажале како применливи во надминување на спорови кои произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози беа одбиени како неприфатливи и неприменливи. За жал, очигледно е отсуството на воља кај членовите на Комисијата од Република Бугарија да се дојде до решение преку кое историското образование не би било основа за политичка инструментализација често затскривана позади фразата „историска вистина". Исто така, очигледно е дека бугарската страна го гледа овој процес како можност да го наметнат својот поглед за минатото во друга држава и образовен систем, брифираат оттаму за МИА.

Од македонскиот тим Комисија, која вчера и денеска го одржа 14. состанок, велат дека овие два дена ги имале најтешките разговори досега, а во однос на дискусијата за заедничките чествувања, Комисијата отвори дискусија за Григор Прличев, откако претходно бугарската страна не прифати оваа личност да биде чествувана од страна на Македонија, Бугарија и Грција.

-На предлогот на македонскиот тим, дискусијата да продолжи врз основа на првично усогласениот текст за трипартитно чествување кое се наоѓа во заклучоците на записникот од третата средба и Првиот годишен извештај и прифатено од бугарската страна, бугарските колеги спротивно на заедничките заклучоци предложија нов текст кој македонските членови на Комисијата го оценија како навредлив за чувствата на етничките Македонци и сите граѓани на С Македонија. Членовите на Комисијата имаа можност да дискутираат и за Гоце Делчев, велат оттаму.

Од Комисијата брифираат и дека во текот на двата дена членовите на Комисијата дискутирале и за содржината на Вториот годишен извештај, при што откако на претходни технички средби беше усогласен Извештајот на Комисијата, бугарската страна изрази резерва во однос на некои решенија со што го доведоа во прашање самиот Извештај.

-И покрај овие сериозни пречки во работата на Комисијата, македонскиот тим останува посветен на решавање на историографските прашања, брифираат за МИА од македонскиот тим на Комисијата.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска го одржа 14. состанок, којшто е трет од предвидените пет за оваа година. На последниот, 13. состанок на Мешовитата комисија, одржан на 23 и 24 април во он-лајн формат, не беше постигнат никаков резултат, а се разговарало за македонските учебници за седмо одделение, додека темата Гоце Делчев воопшто не била отворена на барање на бугарската страна.

На 100 илјади граѓани сѐ уште чекаат пасош иако се фотографирале пред неколку месеци

Околу 100 илјади граѓани се уште не ги добиле пасошите иако се фотографирале и пред неколку месеци.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни Бојмацалиев дел од вината за ваквата ситуација ја префрла на министерот Тошковски и вели дека очекува темпото на издавање на личните документи да се нормализира по изборите.

-Според последните сознанија кои ги имам, над 100 илјади граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок. Не е само да ги сликаме граѓаните, да им ги земеме парите а да не им ги дадеме пасошите, граѓаните чекаат негде и два и пол месеци за одредени документи за кои уредно си платиле и се сликале. – Митко Бојмацалиев – Дополнитеен заменик министер за внатрешни работи

Гужвите пред пунктовите на МВР периодов значително се намалени за разлика од претходно иако собранието во март ги изгласа измените на изборниот законик со кои може да се гласа со важечки документ со старото уставно име. Сепак проблем се јавува кај граѓани кои со месеци чекаат да подигнат нова лична карта или пасош а во меѓувреме останале без важечки документ. Од канцеларијата на Народниот правобранител за Канал 5 велат дека добиле неколку такви претставки и следната недела најверојатно ќе излезат со предл решение за ваквата ситуација.

-Има претставки на луѓе кои се жалат дека им е истечена личната карта, дека им е блокирана сметката во банка и дека не можат да си ги подигнат средствата, меѓутоа бројот не е голем. Затоа за да се превенира ситуацијата и да не дојде голем број луѓе да заглават, бараме решение заедно со другите надлежни институции.- Народен правобранител

Инаку околу спроведувањето на изборниот процес подготовки се прават и во МВР. Во зависност од безбедносните проценки не е исклучена можноста и од засилено полициско присуство на места од висок ризик.

-На одредени места каде што ќе се процени дека треба да има зајакнато полициско обезбедување, дека треба од одделот за специјална полиција да има полиција и тоа ќе го направиме. Затоа овој период ги собиравме сите потребни информации, да знаеме на денот на гласањето како да се поставиме на избирачките места и во градовите. – Митко Бојмацалиев – Дополнитеен заменик министер за внатрешни работи

Оперативниот штаб за полициското постапување за време на изборниот процес веќе фукционира и е сместен во рамки на Бирото за јавна безбедност.

Мостот Беласица го мина и последниот тест пред да се пушти во функција

Последни мерења пред целосно да се пушти во функција мостот Беласица. 

На оваа многу значајна сообраќајна артерија денеска се вршеа мереа под максимално оптоварвање за да се утврди дали може да се даде целосно зелено светло за повторното пуштање на сообраќајот на сите 4 ленти. Мерните екипи ги следеа сите параметри додека на мосто беа паркирани 6 натоварени камиони кои вкупно тежеа 208 тони нешти што во пракса и не се очекува дека може да се случи.

Досегашните мерења се оптимистички и во финалниот извештај кој ќе се испрати до градот Скопје кој треба да ја има конечната одлука најверојатно ќе стои дека мостот е целосно безбеден и нема никакви пречки да биде пуштен во функција

Инаку мостот беласица пред речиси цела година во мај лани првиќно беше целосно затворен за сообраќај по пожарот кој изби на тополоводните цевки кои спроведуваат топлинска енергија од Тето кон делови на населбата Аеродром. По првичните анализи и санации мосто после неколку месеци беше делумно пуштен во употреба со по една коловозна лента а со најновите мерења се очекува да биде наскоро и целосно во функција

Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство за претседателските избори во дијаспората

Гласањето за претседателските избори почнува со членовите на 31 избирачки одбор кои треба да го спроведат гласањето во странство.

Тие денеска пред заминување во странство гласаат во просториите на државната изборна комисија станува збор за 191 лице.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник, на 23 април, на ден пред седмите претседателски избори во земјата, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во триесеттина градови во странство.

Гласање за парламентарните избори на 8 мај нема да се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

ДИК продолжува со организацијата на двојните избори. Се дистрибуира недоверливиот материјал, додека утре ќе започне дистрибуцијата на доверливиот материјал

Инаку, вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април.

притисни ентер